А мене токму тоа и ми беше поентата и затоа го спомнав.
Дека кај нашиот најголем преродбеник, темата за Античките Македонци е отсутна. Наместо тоа Мисирков постојано спомнува дека сме Словени. Изгледа човекот бил луд( незнаел дека ние сме потомците на Александар иако бил роден во древниот Македонски град Пела) и денес треба ние да го прогласиме за слепец.
Незнам зашто проба да ја смениш темата. Мислеше дека ке заборавам зошто сум го спомнал Мисирков?!!
Очигледно имаш навика да избрзуваш со заклучоци и со тоа да ги правиш твоите постови небитни и залудни. Од каде ти дојде идејата дека нема да се согласам со тоа што си го напишал за Мисирков?
Токму тоа што ти го напиша е всушност поентата на Мисирков во книгата( си успеал да сватиш по 10 пати читање). Не гледам причина зашто јас би го негирал тоа. Меѓутоа ако се вратиш на мојот претходен пост ке видиш дека мене не ми е поентата да докажувам дали Македонците се нов народ или не( може и тоа да го разглабаме, не е проблем) Мене поентата ми беше дека тој како наш најголем преродбеник воопшто ги нема спомнато Античките Македонци.
Жити се, кај ги напишал тие работи те молам и јас да прочитам!! Еве покажи ми кај напишал дека он е роден во Пела, престолнината на великиот Александар Македонски. И после тоа покажи ми кај напишал дека во меморијата на Македонците најдлавоко се врежани имињата на Александар Македонски... Само нормално ке ми треба линк за да и ја прочитам. Сигурно нема да ти биде тешко да ги најдеш штом си го читал Мисирков по 10 пати.
Дали и колку сум го читал Мисирков, фала богу, не е твоја работа. Инаку, ако ти се образуваш исклучиво од интернет и википедија, па ти требаат „линков“ за да научиш нешто, некој видиш чита и книги.
Крсте Петков Мисирков:
Во 1900 година Рускиот етнолог, лингвист П. А. Лавров е испратен во „експедиција“ во Македонија, при што случајно на бродот од Одеса за Солун се сретнува со К.П. Мисирков, кој оди за родниот Постол, упатен на здравствена рехабилитација. Еве, меѓу другото, што запишал Лавров за средбата:
„Отправившис в прошлом году из Одессы в путешествие по Македонии мы
встретились на параходе Русского општества с студентом С-Петербургского Университета Мисирковым, македонцем родом из села Постол, древнеј Пели ...“
Архива Руссијској Академии Наук, ф. 284, оп. 1, д, 76, лл 3-3 об.
А од личниот дневник на Крсте Петков Мисирков:
„Јас сум син на селанц од село Постол (по турски Алаклисе) што се наоѓа врз урнатините на древна Пела, Ениџевардарска каза, солунска околија...„
21.1.1903 година, од Дневникот на Крсте Петков Мисирков
И Блаже ристовски ќе запише за Мисирков:
„К.П. Мисирков никогаш, кога зборува за родното село или за родниот крај, не пропушта да спомене дека на тоа место била престолнината на Александар Македонски, Пела. Тоа е всушност традицијата што ја носи од генерациите на своите претходници. Токму во нивната нива била Алекснадровата палата и сигурно сите случајно ископани останки по полето ги потсетувале на славното минато. Таа опсесија Крсте ќе ја носи до крајот на животот.“
Блаже Ристовски, Крсте Мисирков нови истражувања и сознанија, Матица Македонска, Скопје, 2000
И на крајот Крсте Мисирков за весникот Илинден, во својата статија Крали Марко, 1923-та:
„Крали Марко е син и гордост на македонија и еден од тројцата велики завојувачи, што го разнесоа името на својата земја далеку од нејзините предели:
-Александар Македонски ја разнесе славата на Македонија до средноазиските реки Аму-Дарија, Сир-Дарија, како и до Индија и индискиот океан;
- Свети Кирил и Методиј го разнесоа македонското слово и писмо меѓу сите словенски народи;
- Крали Марко ги потчини под своја власт и под власта на македонската муза сите народни певци и народи на Балканскиот Полуостров, во тој бој и самите вас, потомците на неговите заколнати непријатели...“
К. Мисирков, Крали Марко, весник Илинден, III, 12, Софија, 25.III.1923, 2.
Инаку, јас не реков дека Мисирков не пишувал за македонски словени, исто како што пишувал и за македонски бугари, дури и за македонски срби, иако ти посакуваш да сум рекол така. Затоа потенцирав „бил славист образуван во Петроград, и неможел поинаку да пишува и повторно реков, тој си ја завршил својата работа во свое време и тоа добро ја завршил, сега ние имаме нова борба. АМА СЕ ПОВИКУВАЛ И НА ДРЕВНО МАКЕДОНСКОТО МИНАТО. Дури се обидувал на русите да им докаже дека името „Словене“, или „Славјане“ потекнува од Македонија, за што бил силно критикуван од руските слависти. (претпоставувам и за ова ќе бараш линк)?
Ај да пробам со твои збориви да ти објаснам. Доволно е да си просечно интелегентен за да сватиш дека Македонскиот етнички иденититет почнал да се формира во 19 век и во времето на Мисирков сеуште мака мачел со странските пропаганди. Неможеме ние да зборуваме за некој си цврст Македонски идентитет во тоа време, а да знаеме дека поголемиот дел од населението посетувале Српски,Бугарски или Грчки школи( истото важи и за црквите). Зар некој Македонец би го пратил своето дете во Бугарско школо да го учат дека е Бугар? Каде ви е паметот бе луѓе? Во тоа време Македонецот не ни знаел што е етнички идентитет. Затоа има записи кои зборуваат за татко кои децата си ги пратил во 3 различни школи(еден во Српско, еден во Грчко, еден во Бугарско). Е токму поради таа поделба во Македонија( како резултат на пропагандите) Мисирков повикува на обединување и воздигнување на Македонското пред се. Се надевам ме свати. Ако не оди погледај ги изводите од Елис Исландс од почетокот на 20-ти век( каде што емигрантите од Македонија се регистрирале при доаѓањето во САД) и погледни колку од нив се идентификувале како Срби, колку како Македонци, колку како Бугари и колку како Грци. Да си ги погледнал ке си свател каква каша постоела во Македонија во поглед на идентитетот.
Видиш, момче (или повеќе ти се допаѓа „златен“) тоа и ми беше целта со потенцирањето на Мисирков. Да почнеш да анализираш и да извлекуваш заклучоци (што очигледно знаеш да го направиш). Знаеш да си го толкуваш 19-ти век како ти одговара, ама за 6-7-ми ти е затворен умот. Како те научија во 5-то одделение, така ти тука ни го прераскажуваш.
Значи во Македонија крајот на 19 и почеток на 20-ти век било општа калакурница, ама ти си извлекуваш заклучоци кои одат на твојата воденица, нели?
А македонскиот етнички идентитет (во денешна смисла на зборот) започнал да се формира со обидите на Кирил Пејчиновиќ да го одвои „македонското наречје“ како посебен јазик, со обидите за возобновување на Охридската архиепископија во 60 и 70-тите години од 19-ти век, со кревањето на Кресненското востание (кое можеби е многу позначајно од Илинденското) и со идејата за Автономна Македонија.
И сега, бидејки видовме дека знаеш да анализираш (да ствараш свои теории и да филозофираш) почни да се враќаш наназад.
Ќе го сретнеш правилникот на Кресненското востание (кое ако го прочиташ во детали, ќе видиш дека е всушност устав кој уредува посебен државно-правен субјект), во кој се повикуваат „МАКЕДОНЦИТЕ ДА СЕ ДИГНАТ КАКО ФАЛАНГИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“.
Ќе го сретнеш Димитар Македонски кој објаснува дека во Македонија преовладува ставот дека „земјата не се отворила да ги голтне древните македонци“.
Па ќе ги сретнеш Миладиновци, кои се исто така „Петроградски пулени“ (барем Константин) со нивните „пробугарски“ и „панславистички“ идеи, ама во расправа со грци ќе истакнат „НИЕ СМЕ ГО ИМЛЕ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“.
Па ќе дојдеш до Карпош војвода и пребеганото население во Австро-унгарија и Украина (Матковски, Македонскиот полк).
Па ќе наидеш на указот на цар Душан (во двете најстари копии, едната е ми се чини во Софија) се прогласува за Македонски цар (меѓу другото).
Да не правиме муабет за Пулевски, за записите по македонските фрески, по светите книги по манастирите. Премногу се среќава името МАКЕДОНЦИ. Ама многу често со тоа македонци доаѓа и сеќавањато на „древна македонија“.
Ајде сега обиди се самиот да „го отвориш умот“ и за 6-ти век, па земи протарашкај малку, да најдеш и тогаш македонци (ќе ги најдеш, биди сигурен), ама не застанувај тука. Тука, ќе мора малку да се помачиш, бидејки очигледно тука ти запира видикот, затоа што кога ќе ти се спомне 6-ти век одма се вртиш накај мочуриштата зад Карпатите.
Ако успееш да се ослободиш од Карпатите, ќе видиш македонци уште мнооогу поназад. А теориите дека некој некого претопил, па се измешале, едните го зеле јазикот, а другите името, едниве им дале на другите носии, а ги зеле од нив занаетите и тн. се смешни. Па не е ова пазар бе, стокова размена. Колку ти мене, толку ја тебе, по договор, а?
И ако не се замараш со античка Македонија и немаш проблем со тоа, бидејќи знаеш дека си Македонец (ама немаш врска со древните македонци), што кој мој бараш на форум историја, да расправаш за теми кои не те интерисираат?