Хммм, мислам дека јас и ти не правиме муабет за иста работа. Многу, многу да не навлегувам во наука, но веројатно и самата знаеш дека човековиот мозок претставува еден голем логички систем за донесување на заклучоци врз база на работите што ги перцепира. При донесување на тие заклучоци, мозокот ги испитува сите варијанти...сите решенија за дадената ситуација и ја избира онаа која смета дека е најоптимална. Со други зборови,
ти за да ја процениш ситуацијата во која се наоѓаш секогаш претходно си поставуваш прашања од типот:„Што би било кога би било...“. Тоа не е нешто што е реално. Тоа е само фиктивно размислување на твојата свест, кое реално не те дефинира каква личност си. Ги согледуваш сите можни алтернативи и од сите нив ја носиш, според тебе, најдобрата одлука.
Сега, јас мислам дека секој човек треба да биде искрен во поглед на одлуката што ја носи и во поглед на тоа што го прави или планира да го направи.
Знам дека можеби претходното беше кажано на висок стил, па затоа ќе го илустрирам со пример:
Излегувам во кафуле со девојката со која сум во врска. Одеднаш покрај нас поминува една згодна бринета. Низ главата ми поминуваат следните мисли:
1. Леле, ама е згодна девојкава;
2. Поубава е од таа што ми прави друштво;
3. Да станам и да одам да се запознаам со неа;
3. Ја сакам мојата девојка, бидејќи е прекрасна личност и ќе останам со неа.
Врз основа на овие мисли јас
заклучувам дали ќе ја изневерам девојка ми или не. А
ко одлучам да ја изневерам, отворено и кажувам дека повеќе не сметам дека си одговараме и дека треба да раскинеме. Ако одлучам дека таа ми значи повеќе од се на светот, тогаш ја гушкам и тоа и го кажувам со многу љубов.
Јасно ти е сега на што мислам?