Постојат ли искрени партнери?

Heartbreaker

The Real ROCKNROLLA
Член од
6 декември 2009
Мислења
276
Поени од реакции
28
...како ќе се разберете,те молам објасни?:)
Многу едноставно. Сега ќе демонстрирам како:)

Ти вика:Имам влажни соништа со твојот најдобар пријател
Ќе ја прашам:„Зошто со него, а не со мене?“

Ти и викаш:Некогаш на моменти си ми толку досадна што ми иде да те траснам од земја.
Ќе го речам тоа и ќе и намигнам. Ако е интелигентна, одма ќе сфати дека мојата намера е чисто позитивна и ќе проба следниот пат да биде поинтересна. Не е битно само тоа што човек ќе го каже. Побитен е начинот како ќе го каже тоа:wink:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Многу едноставно. Сега ќе демонстрирам како:)

Ќе ја прашам:„Зошто со него, а не со мене?“

Ќе го речам тоа и ќе и намигнам. Ако е интелигентна, одма ќе сфати дека мојата намера е чисто позитивна и ќе проба следниот пат да биде поинтересна. Не е битно само тоа што човек ќе го каже. Побитен е начинот како ќе го каже тоа:wink:
Знаеш дека едно прашање отвара друго,а се тоа заедно навлекува сомнеж?:)
Нешто како пандорина кутија.
 
Heartbreaker

The Real ROCKNROLLA
Член од
6 декември 2009
Мислења
276
Поени од реакции
28
Знаеш дека едно прашање отвара друго,а се тоа заедно навлекува сомнеж?:)
Нешто како пандорина кутија.
Знам, знам. Исто знам и дека решените проблеми се подобри од тие што се нерешени:wink:. Барем, секој ќе си знае на што е:)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Знам, знам. Исто знам и дека решените проблеми се подобри од тие што се нерешени:wink:. Барем, секој ќе си знае на што е:)
Ех да беа проблеми,ќе се разговараше околу тоа.Лошо е што се минливи фази кои се појавуваат блиц во мозокот :)
А за секој блиц ако разговараш,треба на крајот да се пријавиш во пензиско под ставката „проблеми и дилеми“ :)
 
U

UniqueGirl

Гостин
За убиство на лице место или заштеда на време за бегање?:)))
Прво темава нема особена цел, не знам на што алудира авторот.
На апсолутна искреност?
Таква е премногу ретка, ама има.
Не знам како функционираш ти leandra, јас би простила неверство доколку постои доверба и голема доза на искреност.
На крај краева, како што споменав кад тад ќе дознаеш, покасно е потешко да се прости.
Доколку дознаам од трето лице неверство, никако не би простила.
Значи зборуваме за оние "поболните" на некој начин лаги, оние што повредуваат и доведуваат до можен прекин на врска.
Можда сум една од ретките, ама ете, не има и такви. :smir:
п.с никогаш не ми претставувало проблем пред дечкото да искоментирам како некој друг ми е атрактивен, згоден... и така натака, и не сум наишла на некои бурни реакции. :)
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.998
Поени од реакции
12.656
Искреноста е заебана работа, така добро сме навикнати на глума, на морал, на пристојност и на слични вештачки творевини со кои сме се идентификувале, ШТО вистинските желби и чувства, оние што ги замислуваме кога сме сами, и по можност светлото да е исклучено, како не би признале дека тоа сме всушност ние, дека тоа не се само глупави желби кои случајно се појавиле и не значат ништо, ВЕШТО ги сокриваме од партнерот а и тој од нас. Прашањето во случајот е кој кого лаже, го лажеме ли партнерот или се лажеме самите себе? И едното и другото, само она второто е повеќе патетично од првото!

Искреноста е присутна, за мноооооогу работи, но никогаш не е и нема да биде присутна во целост.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мислам дека авторот мисли на мали,ситни лаги,не толку болни како неверство и мавање од колено (насилство:))
За неверство не е проблем,само нека каже со која,веднаш ќе им простам на двајцата :sakas_ust
п.с.за неверство на друга тема ќе ти го потврдам мојот став,кој не е далеку од твојот малечко :)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Еве една типично соодветна глупа ситуација: имам накит од бившиот дечко, кој ама баш ништо повеќе не ми значи во животов... Уште повеќе, обожавам да го носам... Не наоѓам за „потребно“ да објаснувам од каде ми е... Не дека нема да разбере, нема ништо ни да искоментира, ама зошто да му „провејува“ помислата „да не и фали“?
Верувам дека ќе има многу спротиставени ставови но јас секогаш пробувам да се ставам во улога на другиот.
Каде што има чувства и страст има и импулсивни реакции. Не верувам во приказните за комплетна искреност; верувам во коректна искреност.
 
Heartbreaker

The Real ROCKNROLLA
Член од
6 декември 2009
Мислења
276
Поени од реакции
28
Ех да беа проблеми,ќе се разговараше околу тоа.Лошо е што се минливи фази кои се појавуваат блиц во мозокот :)
А за секој блиц ако разговараш,треба на крајот да се пријавиш во пензиско под ставката „проблеми и дилеми“ :)
Хммм, мислам дека јас и ти не правиме муабет за иста работа. Многу, многу да не навлегувам во наука, но веројатно и самата знаеш дека човековиот мозок претставува еден голем логички систем за донесување на заклучоци врз база на работите што ги перцепира. При донесување на тие заклучоци, мозокот ги испитува сите варијанти...сите решенија за дадената ситуација и ја избира онаа која смета дека е најоптимална. Со други зборови, ти за да ја процениш ситуацијата во која се наоѓаш секогаш претходно си поставуваш прашања од типот:„Што би било кога би било...“. Тоа не е нешто што е реално. Тоа е само фиктивно размислување на твојата свест, кое реално не те дефинира каква личност си. Ги согледуваш сите можни алтернативи и од сите нив ја носиш, според тебе, најдобрата одлука.
Сега, јас мислам дека секој човек треба да биде искрен во поглед на одлуката што ја носи и во поглед на тоа што го прави или планира да го направи.
Знам дека можеби претходното беше кажано на висок стил, па затоа ќе го илустрирам со пример:
Излегувам во кафуле со девојката со која сум во врска. Одеднаш покрај нас поминува една згодна бринета. Низ главата ми поминуваат следните мисли:
1. Леле, ама е згодна девојкава;
2. Поубава е од таа што ми прави друштво;
3. Да станам и да одам да се запознаам со неа;
3. Ја сакам мојата девојка, бидејќи е прекрасна личност и ќе останам со неа.
Врз основа на овие мисли јас заклучувам дали ќе ја изневерам девојка ми или не. Ако одлучам да ја изневерам, отворено и кажувам дека повеќе не сметам дека си одговараме и дека треба да раскинеме. Ако одлучам дека таа ми значи повеќе од се на светот, тогаш ја гушкам и тоа и го кажувам со многу љубов.

Јасно ти е сега на што мислам?:)
 
Не ми е јасно :)
Зборуваш за изневерувања,што би направил а јас те прашувам дали е потребно да кажеш ситница наместо да премолчиш?
Сантели даде коректен одговор,фер што би се рекло :)
 
Heartbreaker

The Real ROCKNROLLA
Член од
6 декември 2009
Мислења
276
Поени од реакции
28
Не ми е јасно :)
Зборуваш за изневерувања,што би направил а јас те прашувам дали е потребно да кажеш ситница наместо да премолчиш?
Сантели даде коректен одговор,фер што би се рекло :)
Нема што да се премолчи и нема што да се каже, бидејќи постои разлика меѓу фикција и реалност :). Секој човек, колку и да е чесен, изневерува со мислите...ама само со нив ;). Тоа е докажан факт. Како и да е, постои разлика меѓу мислите и реалноста. И како би изгледало кажаното:„Душо, 1 секунда помислив да те изневерам...Но, две секунди мислев колку те сакам“...Смешно:)))))))))))))
Инаку да, мислењето во пост 55 е ок.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.998
Поени од реакции
12.656
Нема што да се премолчи и нема што да се каже, бидејќи постои разлика меѓу фикција и реалност :). Секој човек, колку и да е чесен, изневерува со мислите...ама само со нив ;). Тоа е докажан факт. Како и да е, постои разлика меѓу мислите и реалноста. И како би изгледало кажаното:„Душо, 1 секунда помислив да те изневерам...Но, две секунди мислев колку те сакам“...Смешно:)))))))))))))
Инаку да, мислењето во пост 55 е ок.

Се изневерува со мислите, но сите дела започнуваат со мислите, и колку повеќе ги сокриваш толку повеќе добиваат на сила...се почнува со 1 секунда "помислив да те изневерам" и се завршува со цело сценарио, само прашање на време и погодна ситуација кога сценариото ќе се реализира во филм, многу реален.

Искреноста е меч со две сечила, не секогаш и не секој ја заслужува, може да повреди а може и да те благослови, за било што и да се работи, добро е човек да се труди колку може да биде искрен оти на крај краева самите себе се лажеме!
 
Heartbreaker

The Real ROCKNROLLA
Член од
6 декември 2009
Мислења
276
Поени од реакции
28
Искреноста е меч со две сечила, не секогаш и не секој ја заслужува, може да повреди а може и да те благослови, за било што и да се работи, добро е човек да се труди колку може да биде искрен оти на крај краева самите себе се лажеме!
Се согласувам со тебе. Во тоа е и поентата на целиот муабет:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom