Академик Блаже Ристовски-Македонската Национална Енциклопедија

Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35



Каде сега ке се кријат сите албански и македонски политичари, историчари,и фабриката на б.ц.

Секоја чест за Академик Блаже Ристовски

Блаже Ристовски (роден во с. Гарниково, Кавадаречко на 21 март 1931 година) e македонски книжевен историчар, филолог, фолклорист и историчар.
Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Бил директор на Институт за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Член е на МАНУ и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.
Објавени научни дела

  • Крсте П. Мисирков (1874 - 1926) (1966)
  • Вардар, научно-литературно и општествено-политичко списание на К. П. Мисирков (1966)
  • Лозарите во развитокот на македонската национална мисла (1968)
  • Македонскиот народ и македонската национална свест (1968)
  • Крсте Мисирков (1968)
  • Наце Д. Димов (1876-1916) (1973)
  • Ѓорѓија М. Пулевски и неговите книшки „Самовила Македонска“ и „Македонска песнарка“ (1973)
  • Македонски народноослободителни песни (1974)
  • Димитрија Чуповски (1878-1940) и Македонското научно литературно другарство во Петроград
  • Прилози кон проучувањето на македонско-руските врски и развитокот на македонската национална мисла, во две книги (1978)
  • Македонскиот стих 1900-1944, две книги (1980)
  • Пројави и профили од македонската литературна историја, две книги (1982)
  • Македонскиот народ и македонската нација, две книги (1983)
  • Кочо Рацин. Историско-литературни истражувања (1983)
  • Васил Икономов (1848 - 1934) (1985)
  • Крсте Мисирков (1874-1926) (1986)
  • Македонскиот фолклор и националната свест, две книги (1987)
  • Портрети и процеси од македонската литература и национална историја, три книги (1989-1990)
  • Беседа за делото на Вапцаров (1990)
  • Крсте П. Мисирков, Одбрани страници (1991)
  • Рациновите македонски народноослободителни песни (1993)
  • Македонски летопис, две книги (1993)
  • Македонија и македонската нација (1995)
  • Ѓоргија М. Пулевски, меѓник во нашата културно-национална историја (1996)
  • Цеко Стефанов Попиванов: Земјата, драма во три чина (1996)
  • Димитрија Чуповски и македонската национална свест (1996)
  • Националната мисла на Мисирков (1997)
  • Раните ракописи на Крсте П. Мисирков на македонски јазик (1998)
  • Димитар В. Македонски (1999)
  • Историја на македонската нација (1999)
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Човеков е националист и најголема опасност по Македонија.
Алија Ахмети е пацифист, интелектуалец, демократ, вистински академик, иднината на оваа земја.

Понуда до господинот Ристовски.
Ако МАНУ ве смени како редацкиски тим, Македонскиот народ преку донации ќе го финансира целиот проект до крај.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
НашаТВ во 15:20!
Академикот Блаже Ристовски за енциклопедијата, во емисијата на Јанко.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.032
НашаТВ во 15:20!
Академикот Блаже Ристовски за енциклопедијата, во емисијата на Јанко.
Академик во емисијата на Јанко!?!?!?!
Очајничка потреба за медиумско внимание или експресија на величината?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Човеков е националист и најголема опасност по Македонија.
Алија Ахмети е пацифист, интелектуалец, демократ, вистински академик, иднината на оваа земја.

Понуда до господинот Ристовски.
Ако МАНУ ве смени како редацкиски тим, Македонскиот народ преку донации ќе го финансира целиот проект до крај.
Се до својата финална пропаст!

Која македонштина пропагира Блаже живти мајка?
По што се разликуваат неговите ставови за етничкото потекло на Македонците од оние на Киро Глигоров и Љубчо Георгиевски. Или од грчките дека сме „Славомакедонци“?
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Се до својата финална пропаст!

Која македонштина пропагира Блаже живти мајка?
По што се разликуваат неговите ставови за етничкото потекло на Македонците од оние на Киро Глигоров и Љубчо Георгиевски. Или од грчките дека сме „Славомакедонци“?
Го прикажува континуитетот од античка Македонија до денешени денови.
Не вели дека тие се одвоени сегменти од македонското битие.
И никогаш не рекол дека сме славо Македонци.
Туку симбиоза на анатички Македонци и Словени.
Дури дава податоци дека името Словен е тука создадено од Македонија доаѓа, спомна некој руски истражувал за тој податок.

Друга е тука суштината, на начин на кој се нападна академикот, редакцискиот тим како и енциклопедијата.
Типичен дивјачки, но и со политичка заднина.
Албаските партии од свои интереси, повод за остварување на идејата за голема Албанија, опозицијата исто така.
Бедно.
Уште победно владата немоќна, таа која ќе ни го става споменикот на најголемиот јунак на сите времиња Алкесандар Македонски.
И уште нешто интересно, некои си самонаречени експерти и интелектуалнци едни исти секој ден на ударни термини во А2, А1, и Алфа телевизија, дневните весници.
Тоа е систем против соптвената држава, тоа бара демонтирање, храбро, без пардон.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Го прикажува континуитетот од античка Македонија до денешени денови.
Не вели дека тие се одвоени сегменти од македонското битие.
И никогаш не рекол дека сме славо Македонци.
Туку симбиоза на анатички Македонци и Словени.
Дури дава податоци дека името Словен е тука создадено од Македонија доаѓа, спомна некој руски истражувал за тој податок.
Во неговата рециклопедија Македонците ги пишува како Словени дојдени од зад карпатите, а не како мешавина од не знам што.

Има ли разлика меѓу грчките, бугарските, Кироглигоровите, Љубчогеоргиевските и Блажеристовските ставови за етничкото потекло на Македонците?

Офговори прецизно, те молам.

Па зошто им се навртуваме Албанците и останатите протежеа на грција кога токму во Енциклопедијата на Блажета сами си се дефиниравме како Славо-Македонци??? Истото го тврдат и Грците за да сме се разликувале од античките Македонци!

Што има толку македонштинско кај Блажета, кој милијарда пати досега во неговите трудови прикрива или игнорира факти??
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Јас ги пренесувам неговите зборови, од неговите излагања, енциклопедијата не сум ја видел.

Он она што во вчерашната емисија на Јади Бурек имавме можност да видиме е дека античката историја е застапена соодветно.

Негивот став е дека Македонците се мешавина на Словени и антички Македонци.

И дека терминот Словен почнува да се шири од Македонија со ширењето на писменоста.

Дозволено е да се дебатира на оваа тема и дозволено е да има секој свој став.

Но да се сатанизира сето ова е примитивизам.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Прочитај ги неговите објавени трудови на кои се потпишал, баш околу таа тематика, па да продолжиме за неговите ставови кои очигледно од вчера му се смениле од чисти словени во мешавина...

Античката историја е застапена, но како општ дел, како што беше застапена и во книгите од социјализмот. Ти, се согласуваш со таквиот склоп?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Античката историја е застапена, но како општ дел, како што беше застапена и во книгите од социјализмот. Ти, се согласуваш со таквиот склоп?
академикот рече дека оваа двотомна енциклопедија е само скратена верзија на тоа што треба да излезе подоцна. Крајната национална енциклопедија треба да биде околу 10 томна и ќе ги обработува сите теми од Македонската историја :smir:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
126
Поени од реакции
10
Не требаше да се дозволи енциклопедијата да се повлече. Односно не требаше да се дозволи медиумска хајка и скандализирање на само три-четири одредници од истата и кревање на толкави тензии.

Што и да пишувало во енциклопедијата таа требаше да излезе од печат и да се продава, затоа што истата е проект на МАНУ, сега за сега, единствена највисока научна установа на Македонија, а со тоа и на македонците. Проектот, како што разбрав од медиуми е работен од 2005 година, значи цели 4 години. Не може такво дело да се забрани за продажба заради политички ставови на некои партии, кои патем речено се од една етничка заедница.

Таа енциклопедија ја виделе 5-6 луѓе во Македонија и врз основа на тоа се изнесоа шпекулации во јавност, што резултираше со ова што се случи. Енциклопедијата требаше да излезе, да ја види и да има пристап до неа стручната и пошироката јавност, па врз основа на тоа да се развие дебата, што треба да се менува, а што да остане. Ама ИСКЛУЧИВО ВРЗ ОСНОВА НА ФАКТИ, а не со политички притисоци. Вака, никогаш македонската јавност нема да дознае што во суштина пишува во таа енциклопедија.

А за историскиот аспект на македонците или на албанците во енциклопедијата сега можеме само да шпекулираме.

Ако пишале дека сме словени од зад карпатите, ќе можеше да се дебатира и да се побива истото со факти, вака може само да мрчиме и толку.

На страна што го понижија и исфрустрираа целиот македонски народ. Највисоката научна институција во Република Македонија подлегна под политички притисоци на една багра криминалци симнати од планина.
Тоа мене повеќе ме боли одколку што пишувало во енциклопедијата.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Ако пишале дека сме словени од зад карпатите, ќе можеше да се дебатира и да се побива истото со факти, вака може само да мрчиме и толку.
погрешен приод ...
требаше да се дебатира и побива ПРЕД да испадне како крајна верзија ...
затоа шо тоа шо ќе остане напишано таму во финалниот производ и те како смета на државните интереси и иде у прилог на земјите со кои сме у конфликт ...
а што ако испаднеше како шо викаш па да се побиваше ...
и шо кога ќе се побиеше по неколку месеца ... тогаш требаше да се повлече од продажба !?!? :tapp:

и титулата академик треба да им се земе на тие таканаречени интелектуалци ... куферите и накај србија може таму ќе ги примат у САНУ :toe:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
126
Поени од реакции
10
Не е поентата да се повлече туку да се измени во наредните изданија, да се презентираат факти, да развие депата, па ако некој не ја завршил работата како што треба, да си сноси одговорност.

А сега ситуација е следна:

Ја повлекоа енциклопедијата (КОЈА ВЕЌЕ БЕШЕ ПРОМОВИРАНА) поради политички притисок од албанците, затоа што на нив им сметало како се претставени внатре. Ќе се ревидираат само спорните одредници за албанците и истите ќе мора да се прикажат како автохтон народ во Македонија, во спротивно се закануваат истите притисоци, ако не и нешто полошо (а кога еднаш си попуштил, ќе си попуштиш и втор пат, нели), а одредниците за словенското потекло на македонците ќе останат. И повторно ќе мора да се развива дебата за истата работа. Повторно ќе треба да се организираат македонците, дали преку невладин сектор, дали преку институти за историја и слични институции за да се изменат работите во наредните дополнети и проширени изданија.

Ама ова со автохтоноста на албанците ќе ти остане за навек во македонската енциклопедија. Затоа не требаше да се повлече енциклопедијата. И повтоно ќе кажам, сепак МАНУ е највисоката научна инстируција во држава, барем за сега, и мене ме боли фактот што истата институција подлегна под притисок на група необразовани битанги, кои не изнесоа ниту еден агрумент зошто треба да се повлече енциклопедијата, освен аргументот на сила.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Прочитај ги неговите објавени трудови на кои се потпишал, баш околу таа тематика, па да продолжиме за неговите ставови кои очигледно од вчера му се смениле од чисти словени во мешавина...
Јас ги пренесувам неговите зборови, од неговите излагања, енциклопедијата не сум ја видел.

Што не падна Блаже Ристовски од Македонците... и можеби расправатА ке беше во ред.

но не .... падна од качачките банди....ДОТОГАШ НЕМА ПОТРЕБА ДА ИМ СЕ ОДИ ВО ПРИЛОГ
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Што не падна Блаже Ристовски од Македонците... и можеби расправатА ке беше во ред.

но не .... падна од качачките банди....ДОТОГАШ НЕМА ПОТРЕБА ДА ИМ СЕ ОДИ ВО ПРИЛОГ
Токму така.

Никако не можам да ја разберам таа потреба. И не знам што очекуваме, кога сами си долеваме уље на сопствен оган.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom