Хаџи-Ристески и Омерагиќ ќе ги подготвуваат измените
Некогашните соработници, а сега лути ривали околу тоа како се практикува фудбалската власт во Македонија, претседателот Харалампие Хаџи-Ристески и несудениот противкандидат на последниот избор во 2009 година, Масар Омерагиќ, ќе бидат во заедничка работна група за подготовка на измените и дополнувањата на Статутот на ФФМ. Покрај нив во работната група се генералниот секретар Игор Климпер и членовите на УО Лазар Нанев и Пајазит Шеапи.
Ваквата одлука е донесена на викенд-седницата на УО на ФФМ што се одржа во Прилеп, а на која присуствувале преостанатите 13 члена од „фудбалската влада“. ФФМ ја испочитува препораката на ФИФА и УЕФА и во работата за изготвување на Нацрт-статутот го стави претставникот на ОФС Струмица. Застапникот на струмичани како кандидат за претседател, а и на последната средба со гостите од ФИФА и УЕФА, е Омерагиќ. Изненадување од Струмица, кој ќе биде претставникот во петчлената работна група, не се очекува.
Овој состав има рок од 10 дена да ги подготви нацрт-измените, да ги усогласи разликите и Статутот во работна верзија да го прати на јавна расправа до 26 ОФС. И регионалните фудбалски здруженија ќе имаат за расправа само 10 дена. Сите нивни забелешки треба да бидат вратени и образложени во писмена форма. Целата оваа акција околу Статутот на ФФМ според последните најави од луѓето на ФИФА и УЕФА кои изминатиот викенд беа во Скопје треба да заврши до крајот на април на редовно годишно Собрание на ФФМ.
Со оглед дека овие активност го одложија ланското собрание закажано за 26 декември, а го пролонгираат датумот да се закаже нова седница, УО на ФФМ ја презеде обврската и ја усвои завршната сметка за минатата година, со препорака до највисокиот раководен орган на првата седница истата да ја прифати и да ја објави на интернет страницата на ФФМ и во јавните гласила
izvor
Sega sto pravime ?
Nisto ne biva od sito na reseto e rabotata :jaj: koj od koj pogolem aramija :nenene: ne ja biva rabotata