Вонредно генерално собрание на ФФМ: Илчо Ѓорѓиоски едногласно избран за претседател на ФФМ!

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran Bt
  • Време на започнување Време на започнување
Алал да му е, уште малку и ќе бев горд шо ми е познаник како сограѓанин.
 
Бунгуров се спаси со "кршење" столици
Тензии, караници... за Кенан Идризи да му се "поклони" на менаџерот на судиите кој се спаси во "5 до 12"
Ангел Бунгуров го мина еден од најтешките викенди и ја спаси својата "глава" како прв човек на судиите во ФФМ. Во тензична атмосфера со многу караници, препукувања... се одржа собирот на Судискиот одбор, судиите и контролорите во Охрид. Сценариото за смена на Ангел Бунгуров направено многу одамна поради тоа што дел од судиските авторитети во земјава незадоволни од работата на Бунгуров бараа негова смена.





Превземено од: http://sport.com.mk/?ItemID=4C761E009BBBCE4CABF4DF65D8B119AF
 
Веке станува јасно дека Хари е мит за фудбалска Македонија!

Мислам....а и уверен сум дека никој, ама баш никој не му може ништо се додека тој не каже: - Е ај доста беше, доста ве заебава!

Македонскиот фудбал никогаш подолу.......се плашам дека од тука може само да тонеме и ништо повеке, макар после Хари (сигурно нема вечно да живее) дојде некој и со волшебно стапче мислам дека нема да може да направи ама баш ништо!

Единствената работа која ме боли........што немавме храброст да се солидаризираме сите (и навивачи и клубови) и да ја тргнеме оваа аждаја од Македонскиот Фудбал за кој ние сите живееме а за кој ништо не направивме!

ПС. Од последната утакмица пред паузата, си реков дека веке воопшто не сакам да се нервирам на стадион. Единствено што може е да отидам е ради пополнување на времето и од љубопитност!
 
ФФМ со нов статут до крајот на април



Претставници на ФИФА и на УЕФА им ги презентираа измените на општинските сојузи

Во присуство на раководството на Фудбалската федерација на Македонија, како и на претставници на ФИФА и на УЕФА, во саботата во хотелот „Александар палас“ во Скопје пред општинските фудбалски сојузи беа претставени измените и дополнувањата на новиот статут на ФФМ. Тој треба да биде изгласан на редовната годишна седница на Генералното собрание на Федерацијата, а мора да биде адаптиран најдоцна до крајот на април.

Новиот статут на ФФМ, со предложените измени и дополнувања, на присутните им го претстави Марсел Бенц од правната служба на УЕФА. Присуствуваа и Ева Пасквер, сениор менаџер за развој во ФИФА и Стефани Марквалдер од правната служба на ФИФА.

Претставниците на ОФС-и ги изнесоа своите забелешки и предлози и беше заклучено во најкраток можен рок, најверојатно на 13 април, да биде одржана седница на Управниот одбор, на која ќе биде формирана работна група што ќе изготви нацрт-статут во рок од десет дена. Тој потоа ќе биде доставен до општинските фудбалски сојузи, кои исто така во рок од десет дена треба да ги достават до УО своите забелешки во писмена форма.

УО треба да обезбеди услови новиот статут да биде усогласен со Законот за спорт, со Законот за здруженија на граѓани, како и со статутите на ФИФА и на УЕФА, стои во соопштението на ФФМ.

извор

--- надополнето ---

УЕФА И ФИФА ВИДОА ХАОС!

Актуелното раководство ќе биде единствениот виновник од евентуални санкции по мак-фудбалот од меѓународните институции

Паднаа во вода уште "милион" тези и лажни приказни на Хаџи-Ристески и неговите соработници. Гостите од Швајцарија на саботната средба со претставниците на ОФС од земјава се соочија со вистината. Дојдоа на барање на 9 ОФС кои побараа меѓународна интервенција за спас на мак-фудбалот, а не по волја на ФФМ како што тврдеа од "куќата на фудбалот" во изминативе недели. Со тоа барање и со оглед на се она што се случуваше во саботата првиот човек на ФФМ немаше начин како да ги оправда пред гостите неговите досегашни ставови, но и потези со кои тој и неговите најблиски соработници се обидоа да направат ХАОС за средбата во "Александар Палас" да не ја постигне посакуваната цел.
Марсел Бенц од УЕФА и дамите Пасквер и Марквалдер од ФИФА го слушнаа гласот на фудбалските работници, гласот на незадоволните ОФС и делегати во собранието. Со факти, докази и со поткрепени излагања гостите се запознаа со проблемите во Македонија и стана јасно дека мора брзо да се интервенира и да се бара решение за спас.
 
Прашање е само дали ќе се интервенира..... И ако се интервенира,ќе биде ли во блиска иднина....
 
Прашање е само дали ќе се интервенира..... И ако се интервенира,ќе биде ли во блиска иднина....

Со сигурност нема да се интервенира......

Не се интервенирало досега, зошто па сега да се интервенира. Кога Емил Божиновски беше во опозицијата, Уефа беше таа која го отстрани него. Така да ова е многу помал удар за ФФМ одколку оној на Божиновски.
 
Ништо не бива и нашиот сојуз изгледа ќе почне да пее во хорот на хари :kesa:
Овај папата ништо ен го менва за џабе се радвавме дека ќе биди нешто дури е жив и не фати некое салам место во уефа не бега од тука да си дери и лапа пари кој куртон од народ сме само
Најголема кривица имаат фудбалските работници(легенди) кој ич не се мешаат во фубалот и го остваат хари што сака да прави потоа ние навивачите барме околу ова требаше да се соединиме без разлика на верка и национална основа (но и ние како општинските сојузи ако имаме корист ќутиме) исто така и пратиите(судовите) имаат голема вина што не го ставија до сега во затвор :nerv:
 
Чим македонски спорт пишува дека УЕФА и ФИФА виделе хаос, тогаш бидете убедени во она спротивното, а тоа е - НЕМА СМЕНА НА ХАРИ ПО НИТУ ЕДНА ЦЕНА!
 
додека е г-дин Х.Х.Р. претседател на ФФМ,фудбал во Македонија?НЕ!
 
Пред 3 дена случајно го видов Хари се возеше низ Прилеп со Мерцедес од 60.000 евра стварно не знаев дека имало пари во фудбалот во РМ.
 
Чим македонски спорт пишува дека УЕФА и ФИФА виделе хаос, тогаш бидете убедени во она спротивното, а тоа е - НЕМА СМЕНА НА ХАРИ ПО НИТУ ЕДНА ЦЕНА!

Со сигурност ти тврдам дека било интересно некна во саботата. Можеби не толку драматично и хаотично како шо пишуваат Мак.Спорт!

На она што слатко се изнасмеав е кога ми ја кажаа реакцијата на Дон Хари во моментот кога Нанев им покажувал закони и укази на оние „морони“ од Уефа за тоа дека мора да се стави во новиот статут ставка дека Председател не смее да има никакво кривично дело, макар било тоа и во постапка.......а не како што е досега прво беа дозволени до 3 месеци условно, за да Дон Хари пред последното собрание си ја смени ставката и тие 3 месеци ги направи на 6, каде по некоја случајност одма после тоа собрание судот му изрече казна од 6 месеци условно:kesa:

Е сега да се вратам на реакцијата на моментот кога Нанев (не оти он злато човек) им укажувал токму за овој пример погоре, Дон Хари му се исмеал цинички на дебатата!
 
^^ Чим ти кажале нешто за посетава на овие претставници, кажи дали може сега бргу може да се смени мајмунов? Кога би се донел тој статутот со кое се забранува должност претседател на оној што има кривична пријава ? Или пак кога ќе има ново изборно собрание...? :)
 
Во ФФМ треба со сите да се расчисти, а не само со Хари. Такви хиени какви што има во таа федерација, нема во ниту една друга. Друг и најголем проблем е кој ќе дојде на неговото место?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom