На кафе!

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Колку често одите со пријателите на кафе во град?
Што е најчесто причината за кафето?
Какви сè муабети се вртат меѓу вас и вашите пријатели додека сте на кафе?
Дали е пиењето кафе во некој од кафичите за вас губење време или добар начин да си поразговараш со пријателите на секоја тема?
Колку е кафето погодно за муабети од секојдневниот живот?

И да не претерам со прашањава, да скокнам на моите одговори:)

Одам 3-4 пати неделно на кафе најчесто за да се видам со луѓе кои ги немам видено подолго време или пак со друштвото за да можеме на раат да се видиме. Муабети на кафе се вртат на велико. Нема тема што не е опфатена. Знаеме да се насмееме, да се испокараме, да се советуваме едни со други, а најчесто на кафе се договараме што и како ќе правиме за време на престојниот викенд.
Кога одам со друштвото на кафе паѓаат и договори и за тоа каде ќе се слави Нова година, потоа каде за 1ви мај, па каде летото и тн.
Со пријателите може да се поразговара и на некоја клупа надвор или пак кај некој дома, меѓутоа ми се допаѓа атмосферата во кафичите и затоа ми се погодни за секакви муабети.
Најчесто, за мене кафето (односо тој период) е погодно за во кратки црти да се кажат многу работи.
Мислам дека е добар начин на дружење и поминување на време.

п.с.Често ова кафе не е кафе туку е и некој сок или навечер некое пивце со кое оди добар муабет. Но ете, општо кога се договараат вакви искачања, се вика ајде на кафе:)
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
на прсти можам да избројам колку пати сме биле на кафе со друштво...повеќето со форумџии сум на кафе...
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Колку често одите со пријателите на кафе во град?
Што е најчесто причината за кафето?
Какви сè муабети се вртат меѓу вас и вашите пријатели додека сте на кафе?
Дали е пиењето кафе во некој од кафичите за вас губење време или добар начин да си поразговараш со пријателите на секоја тема?
Колку е кафето погодно за муабети од секојдневниот живот?

За кафе ќе се изнајде секаква причина, поготово за нас женските :) Е сега муабети што знам се вртат различни зависи со кого пијам кафе. Не преферирам многу да одам по кафичи, по мерак ми е дома да си испијам турско и да изиграм некоја партија табла.
Ок е за разонода пример до град некогаш да седнеш да погледнеш народ или случајно да сретнеш некој одамна што не си го видел..
Иначе за погодно е зашто како и да е сметам дека повеќето од муабетите се баш за секојдневниот живот.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
На крејзи ин лав темава. :pos:

Јас на кафе одам.. речиси секој ден. Најчесто не се пие кафе, но фразата си останала. Иам мерак, да седам секаде освен дома. Си имаме две-три локации, и таму кисневме, не знаеја келнерите, и знаеја што нарачуваме. Сите состаноци се извршуваат на кафиња, договори, прослави, честитки, караници, едно, друго, бегање од часови, се на кафе!!

... штета ни го затворија Автобус, таму најчесто одевме. -жалче
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
5 дена во неделата минумум одиме на сок/кафе. :) Добро е за тепање досада и време,за муабети за случки од секојдневниот живот, за добро асално смеење,некои договори ако треба да се прават ако одиме некаде и за други работи.
 
I

InF3cTeD

Гостин
Колку често одите со пријателите на кафе во град?
Што е најчесто причината за кафето?
Какви сè муабети се вртат меѓу вас и вашите пријатели додека сте на кафе?
Дали е пиењето кафе во некој од кафичите за вас губење време или добар начин да си поразговараш со пријателите на секоја тема?
Колку е кафето погодно за муабети од секојдневниот живот?
значи одам претежно секој ден на кафе...дали преку ден или навечер ама важно одам ептен ако имам нешто работа па да промашам некој ден,одам на кафе со другари,пријатели најчесто за муабети,смеење да помине времето да не се седи дома а тоа време се пополнува со муабети за компјутери,интернети,женски итн итн...и дефинитивно пиењето кафе по кафичите не е губење време барем за мене...напротив тоа е одличен избор за релаксација,муабетење смеење
 
?

..........

Гостин
Па летово одев речиси секој ден некогаш и по 2..3..пати.

А сега немам одено едно недела дена...зависи како сум расположен
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Шознам да ти кажам... Во последниве две-три години ретко ми се десило да излезам на кафе со не-форумџија. Дали е то зш сум станат сајбер-гик и зависник од форумов, или зато шо Болиглава и џимеј ми се најдобри другари, не знам. :)

Местата за излегување стриктно за кафе ако прајме муабет, се менвеле со тек на време... Кафето уште од копиљ го пиев во Стилс, пошо од дома ме лажеа дека од кафе опаш растит а во кафичов никој не ме знаеше тогаш па да мојт да им кажит на мојте дома. :kez:
После со тек на време станав инвентар таму, ме пишеа во попис како дел од намештај, прв другар со шанкерот сум и ден денес и така...
Со екипата за кладење кисневме таму од сабајле од отворање до вечер до фајрон, по цели деној таму, колективно се бегаше од последен час или два за да ојме заедно Стилс... Добри времиња, мада на еден начин ми е мило шо се раздружив со кладилница-екипата (сепак поздрав до Сидор-Мали Коцкица, Тасе-Моџи и Геро-Систем), пошо појќето завршија во долгој. :)
Сега кафето во Охрид го пијам најчесто во Барон со побратимиве спомнати во прв пасус, или ептен ретко некогаш во Фешн. Барон ни е native кафич сепак.
За нон-кафе места, Џез ин ми е нумеро уно. Како и зошо ако го интересират некого, нек ојт еднаш да видит како е, па да разберит. :)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.690
Поени од реакции
48.910
Не идеме со друштво на кафе пошто е тоа крајно шупачка работа, на шо личи 3-4 куртона што се гледаат секој ден да седат у кафич, као демек нешто ново ќе си кажеме :)...идеме обично во биртијата у маало, каде што на раат може да гледаме фудбал и да се дереме како стока неваспитана :)
Нa кафе идам со позабаталени другари и тоа ретко, а најчесто оговараме или разглабаме фудбал, кладилница или ги коментираме келнерките.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Ај еве да не речам секој ден ама скоро секој ден сум негде на кафе.Причина нема освен ако со некого стварно одамна не сум се видела па тоа да биде причината инаку се дешава и секој ден со истите луѓе да идам на кафе онака...
И муабетите зависат од тоа со кого сум излезена-со оние со кои излегувам почесто ќе кажеме што има ново и после тоа се префрламе на зезање,кажување глупости,а со оние “подалечните“ муабетот е базиран само на нови настани,па некогаш паѓаат дури и сериозни теми.
За мене не е губење на време затоа што ако во моментот имам други обврски нема ни да идам на кафе,така да секогаш во денот си имам испланирано по некој саат за кафе-муабет.
Некогаш стварно ми се пие ептен кафе ама некогаш “ај на кафе“ е всушност еден вид изговор за муабет ништо повеќе.
 
Член од
6 октомври 2009
Мислења
28
Поени од реакции
8
Повод за кафе има секој ден, од локалните оговарања низ друштво па се до кокшките и фармата на Фејсбук, одржување на психотерапии, прославувања за најситните можни работи, бегање од часови... Секогаш е "ај на кафе". И дури ми прерасна во навика, ако не секој ден, секој втор сум негде на кафе, дали со друштвото од школо, или пак со форумџииве, а ова второво е почесто. Никогаш нема да ми се здосади, секогаш има нови дискутабилни теми.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Година и пол како се дружам со Крејзи ин Лав и за тоа време сум отишла на кафе повеќе отколку што се оди во WC :icon_lol:

Не е само таа поводот кога одам на кафе, се оди и кога се губи час, кога се ескивира, кога се јавуваат за бомба (кај и да е треба да почнат), кога ќе се вратам од натпревар некаде па сакам да се видам со сите и уште многу причини.

Не пијам секогаш кафе, впрочем, летово не пиев кафе кога излегував затоа што морав да си легнувам порано и го менував со сок. Сега со нешто друго почнав да го менувам :icon_lol:. За мене кафето не е губење на време затоа што јас сум човек што не е толку по правење муабети на MSN и телефони. Секогаш кога имам нешто повеќе да му кажам на некој или да ми каже, го барам да се видиме некаде, затоа што и не е исто кога некој муабет се прави во живо и преку слушалка или MSN.

Муабетите што се вртат? Хмм, најчесто зависат од друштвото, не би можела да кажам општо.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Порано одев многу сеа и кога одам гледам да е у некое бош време затоа шо мразам гужва(шпиц на кафе) понашат се ко чоколада без пари да давата значи одам кога има најмалку гужва да си поседеш на раат и маабет да напраеш и кафе да осетеш.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.713
Поени од реакции
22.675
Па нетреба некоја посебна причина едноставно да се видишсо другарите,муабет,ова она...И кога ќе видиш поминало времето..
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Обично ка е досадно, наоѓам људи и идем на кафе а уствари пием сок или чај. Ретко кафе (=
 

Kajgana Shop

На врв Bottom