Вистината за Исус од Назарет:
1. Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото.
2. Тоа во почетокот беше во Бога.
3. Се стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана.
4. Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето.
5. И Светлината во темнина свети и мракот на ја опфати.
6. Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бога;
7. тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.
8. Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината.
9. Постоеше вистинска Светлина, Која го просветлува секој човек, што доаѓа на светов.
10. Во светот беше и светот преку Него стана, но светот не Го позна.
11. Дојде при Своите и Своите не Го примија.
12. А на сите што Го примија - на сите што веруваа во Неговото име - им даде можност да станат синови Божји:
13. кои не од крв, ни од похот машка, а од Бога се родија.
14. И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.
15. Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: „Овој е за Кого реков: Оној, Кој иде по мене, ме испревари, оти постоеше порано од мене!”
16. И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат;
17. зашто Законот беше даден преку Мојсеја, а благодатта и вистината произлегоа од Исуса Христа.
18. Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот - Он Го објави.