Се прашувам каде е непочитта?!?! Да кажев „Исус е гомнар“ или „Исус е педер“ - разбирам. Такво нешто не кажав. Реков дека Исус е најверојатно Дедо Мраз и сето тоа го поткрепив со повеќе од 20 цитати од Светото Писмо. За секој од нив беа придодадени световно познати факти за Дедо Мраз.
Што е сеа работата. Ако вистината боли - ќе ја т'нчиме и изобличуваме за да не не' повредува!?!? Каква хипокризија е ова, бе, друже?!?! Каква е оваа само-цензура која ја промовираш тука?!?! Демек, на подфорумов Исус може само да се фали, а?
Каков форум е ова тогаш? Христијански форум да не е? Ако е, да знам да не се логирам...
Форумот е за сите, но треба да се земе во обзир дека баш поради тоа треба да се внимава на чувствата на останатите, исмејувањата на некој кој за некого баш на подофрумов преставува нешто свето не е никако во ред.
Дека Исус е Дедо Мраз може да се дискутира во ЧДА но не и тука.
На подфорумов може за се и сешто да се дискутира, фали и критикува, се што е во темата Религија. Дали е тоа Исус, дали е тоа Мухамед без разлика, но исмејувањата на сметка на било кој од тие нема да се дозволи (пак ќе речам доколку приметам нешто такво, неможам да сум 24h тука.), нема да дозволам такви исмејувања кон овие ликови да предизвикаат караници, навреди, омраза итн.
Можеш да не се согласуваш со верувањата на Христијаните, Муслиманите итн, но колку и да не се согласуваш барем почитувај го нивниот став без да се измејуваш на нивна сметка.
Колку сакаш биди атеист пред се, барем на овој подфорум додека сум јас модератор нема да дозволам меѓусебни исмејувања (до граници кои јас ги определувам), ако мојата проценка не е во ред има администратори на кои може било кој да се пожали и тие да ја преиспитаат оценката за моето модераторство.
Секој нареден пост кон овој муабет ќе го сметам за офтопик.
Овој муабет може да се продолжи само на ПП, Профил или на темата Прашања за Модераторот на Религија.
ПС: не се сметам себеси за некој си верник, може да се заклучи од моите досегашни постови на овој подфорум, така да пристрасност никаква нема. Ова би било и меѓу останатото одговор на твоето прашање „Каков форум е ова тогаш? Христијански форум да не е? “