Дали Исус навистина воскреснал?

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Што разбираш?
Ако мислиш дека ќе ти пишувам долги постови за да ги сецираш на букви, се лажеш. Уживај, и онака си изгубен во времето и просторот. Секој обид за рацинална комуникација со тебе е потполно залуден.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Мене навистина не ми е јасно. Зарем на христијаните кои веруваат во воскресниоето не име МНОГУ чудно што Исус бил роден на 25 Декември, БАШ на денот кога од перспектива на западната хемисфера денот е најкраток и од таа дата денот почнува да се зголемува?

И не ви е уште почудно дека воскреснувањето на Исус се слави на денот кога од перспектива на западната хемисфера должината на денот во донос на ноќта е најголема?

Размислете, колкава е веројатноста било кој да се роди БАШ на таа дата, и да воскресне БАШ на оваа другата дата. И гледај чудо, плус да биде оснувач на религија...
1. Датата на раѓањето на Исус не се знае точно. Остај ги ти католиците што се фатиле за 25ти декември или некои од праволавните 7ми јануар. Има многу повеќе аргументи дека Исус се родиле некаде септември-октомври, или пак март-април.

2. Исусовото воскресение се случило неделата после Пасхата (14 Нисан според еврејскиот календар), која пак евреите ја слават на првиот Шабат (Еврејски празник кој постои далеку пред „западот“) после првата полна месечина после пролетната рамноденица.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
1. Датата на раѓањето на Исус не се знае точно. Остај ги ти католиците што се фатиле за 25ти декември или некои од праволавните 7ми јануар. Има многу повеќе аргументи дека Исус се родиле некаде септември-октомври, или пак март-април.

2. Исусовото воскресение се случило неделата после Пасхата (14 Нисан според еврејскиот календар), која пак евреите ја слават на првиот Шабат (Еврејски празник кој постои далеку пред „западот“) после првата полна месечина после пролетната рамноденица.
1. Кои се тие повеќе аргументи дека Исус е роден септември-октомври или пак март-април? Ако има повеќе, нема да ти биде тешко да наведеш барем три.
2. Исусовото воскреснување е опасно блиско до пролетната рамнодневница, што укажува дека се работи за верување вкоренето длабоко во психата на луѓето, луѓе на кои Сонцето им било најважниот објект во животот...

Се уште те чекам во темата за христијанството и злото да ми објасниш која од моите тези е во спротивност со христијанската теологија...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не го прочита целиот текст. Можеби не ти се допаѓа, но е вистинит. Ќе те потсетам на делот: СЕКОГАШ ПОСТОИ ЈУДА ПРЕДАВНИК. Јуда кој го издава на Христос за некои си бедни пари. И многу е лесно да се биде Јуда. Секаде околу нас има Јуди предавници, кои за пари, за слава, од горделивост, од глупост, го предаваат Христос.
Така да твојота задача во потполност ја исполнуваш.
Оти ме така предвелигденски вреѓаш, колега еден охол. Нели е време на простување? ;)
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
Чиста случајност.
Тоа што умрел па оживеал, не верувам. Моето мислење е за време кога го ковале римјаните на крст изгубил доста крв па можно е да се онесвестел или бил во клиничка смрт, бидејки во тоа време не биле свесни за кома и клиничка смрт мислеле дека е мртов па воскреснал бидејки бил бог, бла бла. Тогаш све што ке виделе за нив било бог.
Од тој настан приказната е испревртена 300 пати, чисто се сомневам да знае некој точно што се случило
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Се зборува овде за воскреснување, а не е лошо некој да образложи што е тоа.
А после да се коментира дали воскреснал или не.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
67
Поени од реакции
11
Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!


Навистина целата благодарност му припаѓа на Аллах, Господарот на сите светови. Од Него бараме помош, простување и упатство. Кого Аллах ќе го упати на правиот пат тој навистина е упатен, а кого Аллах во заблуда ќе го остави , никој не може да му укаже на правиот пат. Сведочиме дека нема друг Бог освен Аллах и сведочиме дека Мухаммед е Негов роб и Пратеник, кого го испрати да го зарадува Умметот со Џеннетот и да го опомене и застраши со Џехеннемот. Нека е салават на него, неговото чесно семејство, неговите асхаби, како и сите оние кои што ги следат во доброто се до кијаметскиот ден.

Драги браќа во иман и ислам!

На денешен ден според христијанскиот календар паѓа таканаречениот Велики Петок. Тоа е ден во кој христијаните ширум светот се потсетуваат како што тие велат на страданијата и смртта Исусова , и тој ден ширум светот во христијанските земји се одбележува на посебен начин.
Живеејќи во христијанско опкружување должни сме да се запознаеме со важните моменти и датуми на христијаните, како би знаеле што значат за нив тие датуми, а од друга страна како ние како муслимани би знаеле што зборува Исламот за тоа и како би знаеле што е вистина во нашите очи.
Денес ќе зборуваме за најзначајниот христијански празник Велигден или Воскресение Христово,и пред се ќе го изнесеме христијанскиот став , а потоа ќе изнесеме како исламот гледа на тој настан.

Да чуеме христијаните што велат за Иса а.с., т.е. за Исус и неговото воскреснување од мртвите.

“ Пред отприлика 2000 години се роди еден необичен човек. Необичен, бидејќи се нарекуваше Син Божји. Имаа од луѓето тогашни такви, кои што го сметаа идеалист. Имаа и други, кои го сметаа измамник и шарлатан. Некои го сметаа обичен лудак, па дури и мислеа и дека е опседнат со зли духови. Меѓутоа, имаа и такви кои што веруваа во неговите зборови и го сметаа за Бог, Создател и Откупувач од гревовите – Месија. Со своите дела тој човек, Исус од Назарет, даваше бројни докази во прилог на верувањето на овие последните: чинеше чуда, ја предскажуваше иднината, исцелуваше болни, дури проживеа и неколку мртви, и тоа не со медицински средства. Една од работите за која што прилично често говореше беше исполнувањето на Мојсеевиот (Мусаовиот) закон – закон којшто Бог му го даде на израилскиот народ – во Него самиот. Говореше за тоа дека безбожниците ќе го фатат и убијат, и дека тој третиот ден ќе се подигне од мртвите. Така и беше. Неговите ученици не ги сфатија тие зборови се додека не им се покажа после неговата смрт , закоп и воскресение, но сепак сфатија. Потоа се појавија многу луѓе, кои што сакаа да ја оспорат вистинитоста на тврдењата на оние ,кои што сведочеа дека Исус Назареецот стана од мртвите; дека беше мртов, а сега е жив. Говореле дека учениците всушност го украле неговото тело па почнале да раскажуваат бајки, но тоа едноставно не беше вистина, бидејќи Исусовиот гроб беше под јака стража. Потоа говореа дека Исусовите зборови се остварија, но во некаква духовнна, алегоричка сфера; дека Исус е жив во сеќавањата на оние коишто го познавале. Меѓутоа таквите тврдења се обични бесмислици. Од тоа време се појавија многумина кои што сакаа да го оспорат фактот дека Исус воскреснал, а и ден – денес светот изобилува со нив, но на никој тоа не му пошло од рака. Напротив, многумина коишто се обиделе да пронајдат научни докази дека Исус не воскреснал, на крајот паднале на колена и го замолиле воскреснатиот Христос да им ги прости гревовите! Имено, тука нема никаква алегорија: во Библијата е запишано дека Исус воскресна, а тоа не значи ништо друго, туку всушност тоа што го пишува: дека Исус воскресна! Би било многу помалку проблеми и за светот и во црквата кога луѓето би ја читале Библијата онака како што пишува, не наметнувајќи и ги своите квази продуховенија, а често пати и многуте духовни сфаќања.

Воскресението на Исус Христос е еден од најклучните настани за коишто Библијата пишува, зошто? Затоа што Исусовото воскресение го означи конечното разрешување на една долга војна од вселенски размери, војна која што се водеше во небеските сфери, но не со алегорична, туку со и тоа како вистинска војна помеѓу Бог и сотоната. Не е тоа војна помеѓу доброто и злото , помеѓу двата релевантни филозофски поими коишто постојат за едниот со другиот да се урамнотежат. Тоа е војна помеѓу добриот и праведен Бог и лошиот отпадник сотоната, којшто се дрзна да се изедначи со Бога и којшто се бунтува против него.

Воскресението на Исус Христос представува темел на христијанската вера. Ако Христос не воскреснеше, христијанската црква не би имала апсолутно никаква основа за своето постоење. Никаква. Ниту сите оние чуда и исцелувања нема да беа доволни. Апостол Павле им напиша на верниците во коринтската црква (Прво послание на Апостол Павле до Коринтјаните – Глава 15: 14 и 17 пасус) :” А ако Христос не воскреснал, тогаш е празна нашата проповед, празна е и вашата вера…А ако Христос не воскреснал, суетна е вашата вера; вие сте уште во вашите гревови.” Без Христовото воскресение не би се одржала Христовата Црква.

Христос умре за ние да не мора да умираме,туку да живееме. Поради нас Христос постана грев – не грешник, туку грев – за да би можеле ние да се ослободиме од проклетството на гревот.Христос застана на нашето место, за да би можеле ние да застанеме на неговото. Ја претрпе смртта која што ние ја заслуживме,за да ни го даде животот којшто му припаѓаше нему. Бог нас не сакаше толку, што сам дојде да ја поднесе својата казна за нашето непослушание и не замени нас, за да би можеле ние да живееме со неговиот живот.” ( Давор Еделински – Сионска труба)

Значи, вака зборуваат христијаните за Иса а.с. и неговото воскресение. Нормално дека ние како муслимани кои го сметаат Иса а.с. за претпоследен Аллахов Пратеник кого го сакаме и почитуваме, нормално е да се запрашаме дали ова е вистина и што вели за сето ова Кур’анот? Дали Иса а.с. навистина е убиен? Дали е распнат на крст? Дали воскреснал( станал) од мртвите? Дали и како ќе дојде повторно на Земјата?


Сите овие се прашања на коишто директно ни одговара никој друг туку Возвишениот Аллах во својата Благородна Книга – Кур’ани Керим.


Ибн Кесир во својот познат тефсир за овој настан вели вака : “ Евреите, откако Аллах го испрати Иса,синот Мерјемин, со јасни Докази и упатство, му завидеа на пратеништвото и јасните муџизи ( чуда) со кои со Аллахова дозвола, мртвите ги оживуваше, слепите и лепрозните ги лечеше, обликуваше од земја птица па дувнуваше во неа, па птицата со дозвола од Моќниот и Возвишениот Аллах полетуваше. Покрај тоа, го негираа, му се спротиставуваа, го измачуваа на сите можни начини така што Аллаховиот Пратеник Иса а.с., престана да живее со нив на исто место, па тој и неговата мајка често патуваа. Ни тоа не ги задоволи, па презедоа чекори против него и кај владарот на Дамаск. Во тоа време, тоа беше човек којшто ги обожуваше звездите а припаѓаше на грчкиот народ. Евреите го известија овој владар дека во Светиот храм има еден човек кој ги заведува луѓето, ги доведува во заблуда и против кралот ги подигнува своите поданици.

Владарот се налутил и му напишал на својот намесник во Светиот храм споменатата личност да ја фатат, те да го распнат и на главата да му стават трње. Откако стигнало писмото, според него и се постапило, па намесникот и група на евреи отишле до куќата во која што бил Иса а.с. со група од 12 или 13 другари. Се вели дека тоа било во петок во предвечерието. Го опколиле, па пошто ги видел и увидел дека засигурно ќе дојдат до него или тој на нив ќе им излезе, им рекол на своите другари: “ Кој од вас се сложува да му се даде мојот лик, ќе биде мој другар во Џеннетот?”. На тоа се пријави еден младич, а тој како да не му придаваше важност, па тоа го повтори и по втор и по трет пат, и секој пат се јавуваше само тој младич. Па рече (Иса) : “ Ти си тој”, а Аллах направи да личи на Иса, како да е тој. Се отворил прозорецот на кровот од куќата, на Иса го зафатило дремка како да спие, па во таква состојба е воздигнат ( вознесен) на небото. А Возвишениот Аллах вели :

“ И кога Аллах рече: “ О Иса, Јас душата ќе ти ја земам и кон Себе ќе те воздигнам!” (Али Имран: 55)

Откако Иса е воздигнат, таа група излегла. Кога евреите го виделе младичот, мислеле дека е Иса, па го фатиле ноќе и го распнале, ставајќи му трње на главата. Тако евреите очигледно покажале дека работеле на неговото распнување и со тоа се гордееле и фалеле. Христијаните им поверувале, покрај своето незнаење и недостаток од памет, освен оние коишто биле со Месијата во куќата; тие мислеле како што мислеле евреите, дека Иса, а.с. е распнат.”


Аллах, проблемот го решил и обелоденил во Чесниот Кур’ан, кој му го објавина својот племенит Пратеник. Возвишениот Аллах, Којшто највистинито зборува, Којшто ги знае сите тајни и скриени мисли, Којшто знае што било и што ќе биде, вели:


“ И поради зборовите нивни: “ Ние го убивме Месих, Иса, синот Мерјемин, Аллаховиот Пратеник.” А ниту го убија ниту го распнаа, туку само им се причини! Тие што не се согласуваа во мислењата за него, тие за тоа само се сомневаа; за тоа ништо сигурно не знаеја, само нагаѓаа; а сигурно е дека не го убија, туку Аллах го воздигна кај Себе ! А Аллах е Силен и Мудар. “ (Ен – Ниса: 157-158)


Исламот тврди дека Иса а.с. не е убиен и ние во тоа веруваме. Аллах го воздигна кај Себе и тој повторно ќе слезе на Земјата како предзнак на судниот ден, и кога ќе се појави ќе ги укине сите несогласувања и сомнежи сврзани за него, неговата вера, смрт и воскресение.


Нека Возвишениот Аллах не сочува од припишување другар на Него, Возвишениот, Славен да е Тој! Амин!


Припремил: Omer el Faruk


Тука е одговорот на сите ваши прашања, Нека Возвишениот Аллах џ.ш да го награди со Неговата Огромна милост Иншалах со Џеннет(Рај).
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.338
Поени од реакции
84.538
OK, Куранот вика така, Библијата вика другачие. Вие следите си го вашето, ние нашето. Господ ќе премери и тоа е тоа...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
67
Поени од реакции
11
Затоа ќе ве замолам сите добро , рзмислите за ова ако е потребно , прочитајтего текстот повече пати, бидејчи тука лежии , вистината, за кој Аллах џ.ш ја објавил во чесниот куран....
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Затоа ќе ве замолам сите добро , рзмислите за ова ако е потребно , прочитајтего текстот повече пати, бидејчи тука лежии , вистината, за кој Аллах џ.ш ја објавил во чесниот куран....
Таму лежи лагата. Вистината лежи во Библијата.
Во Библијата има многу пророштва кои што го претскажале Христовото страдање, смрт и воскресение стотици години пред да се роди Исус.
Еве ти едно пророштво кое конкретно се однесува на Исус и тоа токму за Христовите страдања:

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]"Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста (Исус не зборуваше во Своја одбрана при Неговото судење). Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста. Со сила и со суд се ослободија од Него (Пилат го осуди Исус заради инсистирањето на гневните фарисеи, за да го сочува мирот), и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ (Исус умре како жртва за гревовите), Го ранија на смрт (Исус умре!). Му го одредија погребението меѓу злочинците (Исус беше распнат меѓу двајца злосторници), а Неговиот гроб беше при богатите (Исус беше погребан во новата гробница на богатиот Јосиф од Ариматеја), иако не направи неправда (Ни будното око на фарисеите не го фатија како греши), ниту пак устата Му изусти лага (Не му најдоа ни лага). [/FONT]Но на Господа му беше угодно да Го порази, и Тој Го предаде Него на мачење; кога го жртвува Својот живот како принос за грев,(повторно ја кажува причината заради која Исус беше убиен на крстот) ќе види потомство, ќе ги продолжи своите денови, и Господовата волја ќе се исполни преку Него.[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]"
(Исаија 53:7-10, Библијата)

Исаија го напишал ова пророштво 7 века (700 години) пред да се роди Исус.
[/FONT] Сакаш да кажеш дека христијаните кои што според вас го „измислиле“ Христовото воскресение, некако, со помош на временска машина, се вратиле во 7 век пред Христос и го измислиле и ова пророштво? :)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ќе дојде време кога ќе умреш, и тогаш ќе дознаеш лично. Нема смисла да се фрлат бисери на некој кој не ги цени.
Тоа од лично искуство знаеш нели? Затоа не ги цениш бисерите?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ќе дојде време кога ќе умреш, и тогаш ќе дознаеш лично. Нема смисла да се фрлат бисери на некој кој не ги цени.
Сите ќе умреме. Разликата е во тоа што некој живее за животот, а некој за смртта.

Не си го арчи времето на приказни за мали деца. Кратко ти е!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom