- Член од
- 22 февруари 2009
- Мислења
- 746
- Поени од реакции
- 35
Државата не може да ја тргне спорната спомен-табла сé додека зградата на факултетот е во приватна сопственост, вели Сади Беџети
„Во чест на загинатите студенти од универзитетот што се бореле против државниот терор на славомакедонците“. Спомен-табла со ваква содржина веќе неколку години стои пред влезот на тетовскиот природно-математички факултет. Тоа што Македонците се наречени славомакедонци е навредлив и антидржавен чин, но инспекцијата не реагира – ниту ја отстранува таблата, ниту го бара виновникот.
Во Министерството за образование и наука (МОН) ни рекоа дека првпат слушаат за спомен-табла со таква содржина.
Универзитетот е автономна институција, нема зошто ние да се мешаме, ни рекоа во Министерството.
- Единствено раководството на универзитетот е одговорно за сé што се прави на тетовски - изјави Агим Рушити, раководител на секторот за високо образование во МОН.
Го прашавме дали тоа би значело дека ако, на пример, раководството на скопскиот универзитет јавно истакне напис со содржина навредлива за Албанците, нема да одговара за тоа. Тој одговори: - Токму така, автономијата е загарантирана.
Наспроти ова, поранешниот ректор на ДУТ, а сегашен градоначалник на Тетово, Сади Беџети, вели дека објектот во кој е сместен факултетот е во приватна сопственост, што, пак, прави да не може државата да се справи со овој проблем.
- Четири лица се водат како сопственици на таа зграда, која му е дадена на ДУТ на користење. Кога јас бев ректор, пред три години, сакав да направам зградата да стане имот на универзитетот, а со тоа да ја тргнам и спомен-таблата со навредлива содржина. Но тогашниот градоначалник не ми дозволи. Државата не може ништо да преземе сé додека објектот е во приватно владение - рече Беџети.
В.д. ректорот на тетовскиот универзитет Агрон Река вчера не беше достапен за изјава. Според Законот за просветна инспекција, инспекторите се должни да реагираат во случаи што предизвикуваат национално нетрпение што може да ги наруши односите на национална основа.
- Во секој случај, тоа е факултет што е дел од еден државен универзитет. Тоа е јавна институција, врши јавна дејност, образование. Напишаната содржина е кривично дело и просветните инспектори мора да увидат за што се работи и да му наредат на ректорот да не ги прекршува законите - сметаат професорите по уставно право.
Џорџе Арсов, првиот човек на државниот просветен инспекторат, не испратил инспектори да направат увид.
- Првпат слушам од вас дека таму стои табла со таква содржина. Знаете, сега се наоѓаме во период што е многу чувствителен за меѓуетничките односи. Треба да се види каква дозвола имаат за да го направат тоа. Штом се ослободат инспекторите што сега работат со отпуштените наставници, ќе испратам човек на терен - рече Арсов.
Никој не ги „чепка“ асистентите-декани
Речиси два месеца откако асистенти преку ноќ станаа декани на факултетите на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ), просветните инспектори не пошле таму да направат увид. Надлежните и натаму дозволуваат да не се почитува Законот за високо образование, во кој јасно пишува дека асистент не може да биде избран за декан на факултет.
Откако Агрон Река е в.д. ректор на ДУТ, сменети се девет од 11 декани на факултетите. „Нова Македонија“ веќе објави дека тој за декани назначил асистенти што се членови или функционери на владејачката ДУИ