Кај фројдовата психоаналитичка теорија, одбранбените механизми се психолошки стратегии кои ги користат поединци, групи, па дури и нации за справување со реалноста и задржување на сликата и поимот за себеси. Здрави личности вообичаено користат разни одбрани во текот на животот. Одбранбените механизми на егото стануваат патолошки тогаш кога нивното упорно користење води кон неприлагодливо однесување, така што физичкото и/или менталното здравје на индивидуата се во значително нарушени. Намената на одбранбените механизми на егото е да го заштитат умот/битието/егото од напнатост, од општествени санкции или да понудат бегство од состојба со која некој не може моментално да се справи.
Ваквите одбранбени механизми на егото може да се категоризираат соодветно на тоа дали импулсите на егото се конфликтни помеѓу себе, дали импулсите на егото се во конфликт со вредностите у убедувањата на суперегото или дали има надворешна опасност по егото.
Какви одбранбени механизми користите?Колку често?
Шмек :smir:
Колку што ми е мене познато човечката психа се состои од три дела тоа се ID, его и суперего.
При што
ID то ги претставува основните човекови инстинкти како што се храна, вода, секс и така натаму. Во основа функционира на принципот задоволство - болка. Инаку Фројд ги има поделено овие инстинкти на животни и смртни инстинкти. При што во животните инстинкти спаѓаат нагоните за задоволство, како на пример храна или копулација. Додека во смртните инстинкти спаѓа несвесната желба на човекот да умре, затоа што смртта става крај на постојаната борба на човекот за задоволство и среќа, со смртта човекот го наоѓа сопствениот мир и затоа несвесно ја посакува. Смртните инстинкти можат да бидат манифестирани преку забегување во фикција, дроги, медиуми, насилство, односно најразлични обиди да се избегне реалноста.
Егото пак го претставува реалниот дел на една личност, со помош на егото личноста успева да ја перцепира и да си ја обликува реалноста, односно да создава мисли кои што би ни биле рационални на нас и на нашето опкружување. Егото всушност претставува баланс или медијатор помеѓу надворешниот свет, ID то и супер - егото кои што се во постојан конфликт.Всушност егото постои за да ги задоволи крајните желби на ID то и суперегото. При што во оваа константна борба се смета дека егото можеби му е малку понаклонето на ID то и понекогаш се преправа дека му е грижа за некои фини детали од реалноста. Поради што е казнувано од суперегото со чувство на вина, анксиозност и инфериорност.
При што за да го преброди ова егото си создава механизми за одбрана како што се : одрекување, интелектуализација, разместување, компензација, рационализација, формулирање на реакција, регресија, подреденост, репресија и така натаму.
Супер - егото пак е во краен контраст со ID то, тоа има тенденција да ја води личноста кон социјално прифатливо однесување се со цел за заземање на што подобар статус во општеството, нешто што е контрадикторно на ID то кое што бара инстантно задоволување на потребите