Друже, соживот, не соживот, Македонија си тера даље. Не ми паламуди за тоа, дека јас одамна си го живеам животов како што мене ми е мило и драго, со македонци, босанци, турци, италијанци германци и што ти не друго во него. And guess what? Топ ми е. Пола од денот го поминувам зборувајќи англиски, со германци, грци, италијанци. На крај на денот се откуцувам од работа и си ја зимам дневницата. Ми е гајле, дали некој преку денот ме нарекол албанец, или вака или така. Таквите ставови, само докажуваат дека дотичната особа е со пониска интелегенција од мојата, со што на некој начин мене ми ги дига акциите.
Изјавите смрт за овие смрт за оние, ги имало и ќе ги има. Вакви права такви права, ми е гајле. Рамковен ли бил, срамковен ли бил, и тоа ми е гајле. Јас си живеам ВО Р. Македонија, и придонесувам во нашиот буџет...а и многу повеќе од тоа. Јас патувам со македонски пасош, каде и да идам кажувам дека сум од Македонија а не од Скопје, тоа што имам да го кажам го кажувам на луѓето во фаца, а не позади грб, или само на форум.
Таквите "патриоти" што сакаат албанците да ги гледаат мртви, кога им се даде шанса во 2001ва да пукаат по нив, си седеа по кафичи и си коментираа "маме им" или нешто слично.
Соживот има друже 38ца, за тој што сака да го живее. Мислиш јас, а и многу други албанци немаат контакти дневно со македонци? Кај купуваме? Еден од друг. Кај работиме? Еден со друг. Разликата е што јас идам дома, и не коментирам "еден македонец на работа маме му ебам" или албанец или кој и да е. Јас си имам други лични проблеми кои ми се поприоритетни во животот, отколку нацизмот.
Да, пак потврдувам дека во Македонија има соживот, но жалам најискрено што, ти мислиш дека ќе ме убедиш во спротивното, а воопшто не ни живееш во Македонија.
Скурца ми е од луѓе што киднале од оваа вукојебина, и мислат дека од тераса во некоја убава зграда од европските градови, ќе ни кажат на нас тука дома, како се прави држава. Крај краева, ние останавме да се бориме. Со нацизмот, со поделби, со Албанци, со ѓаури, со цигани, со невработеност, со корупција, со албанска мафија и све друго.
НИЕ!!
Така да НИЕ ќе си ја оправиме државата, тогаш, кога на нас ќе ни се дигне. Не се прајте многу паметни бе да го ебам. Чим сте толку паметни, ај назад дома па да ве правиме министри.
П.С Зашто темава сте ја именувале ко прво албанска мафија, а за нејзе воопшто не се зборува, и научете прво што е мафија и како таа работи. Не туку ми паламудете за поделби и соживот, скурца!