Rekov ne se soglasuvam , ne deka sum vo forum tuku onaka licno od mene ..
Zasto vie Gospoda ednaska ne se prasuvate , so site komsii ste vo belja , sto vi trebase uste so nas , ?
ОК си е тоа , но зашто еднаш Албанците не се обидат еден проблем да го решат со дијалог...Знаеш ли ти колку провокации има од ваша страна и тоа многу поголеми и пострашни...На пример на таблата пред ДТУ има спомен плоча за студентите загинати во протестите на која пишува „убиени од славомакедонскиот диктатор„...За жал ниту една институција во Македонија не реагирала на оваа провокација и безобразие...
Потоа читаш ли деновите какви историчари и со какви тези се јавуваат по медиумите , еве ти пример само:
Историчарот Веби Џемаили рече дека енциклопедијата е копирана од српската академија. Тој вели дека Албанците се најстариот народ во Балканот.
“ Кога се направил договорот на Скендербег во Скопје воопшто не се спомнуваат Македонците, туку само Албанците. Тука воопшто не фигурирало ниту името Македонец, ниту државата Македонија, туку оваа територија одсекогаш била територија на албанското население која се викала Источна Албанија“
АЛСАТ-М
Сега се поставува прашањето што навистина сакатат Албанците дали да се сменат одредниците каде што на некој начин се осеќат навредени или да се смени енциклопедија и во неја да стои Македонија држава на Албанците кои во 16 век исчезнале (според пописите) и потоа пак се вратиле...
Инаку за вакви и слични провокации ние имаме многу поголемо право да палиме знамиња...
Навистина штета што на дел од вашите политичари единствено средство за комуникција е оружјето, провокациите , палењето на знамиња и слично...
И јас сум да се промени таа несреќна енциклопедија затоа што и мене како Македонец не ми се допаѓат некој работи , но моите права ќе ги барам на друг начин ...