А не сте помислиле вие професорите дека некогаш едноставно не може да се постигне се` да се научи и дека некои од професорите си ги преценуваат предметите? Па барем помогнете за по едно прашање на ученикот, ако не па.
Чест на исклучоци.
Апсолутно се согласувам со сите кои мислат дека материјалот којшто треба да го научат учениците е 3-4 пати пообемен одошто треба да е !
Плус има неколку предмети кои можат да се изучуваат во еден....
Но проблемот е во системот, не во Вас учениците (целосен респект кон Вас) .
Во системот сите сме шрафови кои доколку не работат како што треба самиот систем ги отфрла.
А и Вие каква мотивација да учите кога соседот седи 6-7 год. невработен, а има факултет, кога газда е некој со завршено цело четврто одделение (вулгаризирам), кога да бидеш „ин„ мора да имаш супер мобилка не треба да учиш, треба да се расправаш со професорите (кои не се баш секогаш во право , но и не се баш секогаш виновни за се) итн. до бескрај.
А замислете ситуација во која доколку учиш обезбедено ти е место на елитен факултет (бесплатно) по завршување на факултетот те чека вработување во кое ќе мора да го примениш тоа што си го научил, значи нема ургенции нема телефонски јавувања... би било супер нели?!
И кога ќе барате вработување да ви дозволат да го презентирате сето она што сте го научиле дали нема да се учи?
очекувам коментари