Замислете свет без Бог

K

kat.<3

Гостин
Замислете свет без Бог

ПСАЛМИ 37:32

Грешникот го демне праведникот и бара да го убие .

Пред многу години, Луцифер му ја даде на Џон Ленон песната, “Замисли.” Ако не ја знаете, извлечете ги зборовите од интернет, затоа што не се осмелувам да ја осквернам оваа тема со неговите зборови. Светот слушаше и ја слушна таа песна на сатаната, па денес, ве прашувам сите вие кои Го мразите Бог, Неговите луѓе, и Неговите вредности, да замислите свет без Бог.

Ох, но јас не мразам никој, вие кажувате. Само што ти и јас веруваме различно. Ти си само фанатик.

Ох да, ние навистина веруваме различно. И да, јас сум фанатик. Твојата идеја за љубов е толку различна од онаа на ние што го сакаме Бог. Гледаш, веруваме во Бог толку многу што би се осмелиле да ја зборуваме вистината на вас, иако не мразите, иако се потсмевате на нас, се подбивате со нас. И во некои случаеви, иако не убивате.

Љубовта не секогаш молчи поради мирот.

Вашата идеја за љубов е дали едноставно не можеме да се сложуваме? Но ако не, поради мирот, само замолчете! И некои од вас тајно работат зад сцените за да направат луѓето како мене да замолчат. Но премногу сте кукавици да се појавите и да го кажете ова. Ме потсетува на онаа стара песна, “Лица кои се смеат некогаш се преправаат дека ти се пријатели.”

Вие сте на овој начин зашто сте гадни, злобни, мизерни, слепи и сиромашни и не го знаете тоа. Се поради тоа што сте ги стврднеле срцата за вистината на Бог.

Сте ја поставиле за себеси вашата сопствена слика за тоа кој и што е Бог. Го правите ова без да имате претстава кој е Он затоа што следите други богови; богови направени од луѓе, направени во ликови за вас да ги следите. Затоа што, Опра рече така — или некој друг развратен елитист кој не се грижи апсолутно воопшто за вашата бедна измамена душа.

И во вашата “потрага по Бог” одите и ја купувате последната книга напишана од лажливи ѓаволи! Размислувајќи ќе ја најдете вистината таму кога самиот Бог ни го дал нас Неговиот збор — Светата Библија. Ох, да! Вие сте гадни, злобни, мизерни, слепи и сиромашни и не го знаете тоа.

Некако зборот на Бог не е доволно добар за вас. Дали некогаш сте помислиле, дека можеби и само можеби е нешто што ѓаволот никогаш не би сакал да го прочитате? Престанете да бидете кукавици и земете ја и отворете ја! Нема друг начин!

Да, замислете. Замислете ги сега сите оние во вашиот живот кои стојат за вистината и светлината одеднаш да бидат одземени од вас во средината на ноќта. Замислете да бидат убиени само поради тоа што тие се “на патот” од гадни злобни луѓе и жени н а повисоки места што никој од нас не може да замисли, креирајќи го “совршениот” свет низ вас самите.

И ќе има многу од нас што нема да ги сакаат нивните живот до крајот. Ние се подготвуваме за злобата на пеколот да дојде наспроти нас. Го слушаме гласот на нашиот Овчар и нема да следиме никој друг. Дури и по цена на животот. Затоа што знаеме во кого веруваме и не сме наговорени да ја следиме одвратноста која доаѓа на земјата..

Замислете можеби пријател, или член на семејството или сосед или тој добар странец за некое време за кое знаеше дека нешто е едноставно поинакво за него, но не можеше да ја ставиш твојата рака на него — и сега не е веќе тука.

Дали ќе бидеш еден од оние кои се радуваат затоа што после се, “Сите тие луѓе кои го сакаа Бог сега ги нема. Ние можеме да го смениме светот!” Или дали вие ќе бидете тажни?

Се сомневам дека ако кажете тажни, ќе поминете низ тоа доволно скоро, затоа што Светиот Дух, распознавачот на срцата само што ја напуштил земјата на голем начин и ќе бидете оставени морбидно сами со она што е останато од вашата бедна душа. Но не се плашете — владата ќе ви понуди програми за тоа како да се справите со “загубата” на оние кои “стоеја на патот.” Ќе бидете советувани. Но ќе бидете советувани од ѓаволи! И ќе го знаете тоа не зашто нема да има никој за да ви каже поинаку! Ќе ги земете најновите лекови за да ви помогнат “сфаќате.” Слободни секако! Ќе останете дрогирани додека се што знаете е она што владата сака да го знаете!

Замислете свет без милост, добрина. Ако има нешто што дури наликува на тоа — погодете што? Веројатно ќе биде ѓавол сеуште надвор за да ве измами.

Можеби Бог во Неговата милост ќе ви ги отвори очите. Но тоа ќе зависи од тоа колку навистина ја сакате вистината. Ако не, тогаш очекувајте повеќе разочарување кое ќе дојде до вас. Затоа што кога вашата љубов лежи, Бог праќа илузии.

Некои мислат во оваа минута: Таа мисли дека е подобра од мене. не. Туку, ти си оној кој мисли дека е подобар од мене. Знам дека ми треба спасител. Знам дека сум грешник. Но ти — кој и да си, каде и да си, ти си оној кој мисли дека е подобар од мене кога го одбиваш она што Исус го направи на крстот за целиот човечки вид! Ти си оној кој се мисли подобар кога пробуваш да најдеш “друг начин.”

Бог рече дека патот е тесен и дека само неколку ќе го најдат. Ова е вистината. Исус рече, “Јас сум патот, вистината и животот.” Но вие го нарекувате лажго кога пробувате да најдете друг пат. Ќе ви биде судено еден ден затоа што Го одбивате Неговиот Син.

Замислете го овој свет без Бог. Ќе разберете дека е куче-јаде-куче свет со оние кои се на моќ ги држат конците на се. Вашата душа ќе започне да искусува толку комплетна темнина. Ќе ви биде потребен свет Бог во овој момент за да ја зачува вашата душа. И тоа, ако Он сака. Ќе морате да се покаете и да Му кажете дека ви е жал што сте следеле други Богови и затоа што не сте на оној тесен пат на кој Он ни кажа да бидеме.

Замислете сите околу вас да се како вас. Себични, горди, гадни, лажливи, алчни, надвор од себеси. Да, вие ќе бидете како нив. Ќе морате да бидете за да преживеете. Замислете да ви треба еден љубезен збор, еден збор на охрабрување. Нема да го добиете. Ако го добиете, нема да биде искрен. Ќе биде само лага за да продолжите да го следите нивниот план за да се поднесете на нечестивата влада.

Само помислете: Конечно сите ние Божји луѓе сме надвор од патот! Помислете на целата забава што ќе ја имате. можете да ги имате сите ********** паради што ги сакате, целото гадно порно и разголеност, сите дроги, секс и алкохол. Можете да седите пред телевизорот ден след ден и да гледате Опра! Да! И да не го заборавиме допаѓањето на мадона и другите познати личности. Ќе слушате колку важни се они, треба само да им благодарите на вашите среќни ѕвезди што се грижат толку многу за вас што дури би го зеле времето од нивниот скапоцен ден да се покажат себеси како Богот во вас.

И да не заборавиме — неродените бебиња — што вие и другите ќе ги сакате мртви. Ќе продолжите со абортирањата. Само малкумина ќе можат да имаат бебиња. Владата ќе престане да одлучува дали сте вредни или не за да бидете родители.

И ако имате бебе и во еден момент почне да развива свест (не е добро нешто за владата) ќе ви се јавуваат се додека не го земат бебето од вас!

Но нема да биде важно. Сите луѓе кои стоеја зад вашите права ги нема до сега.

Во еден миг нема дури да им бидете важни на оние кои имаат моќ. Откако ќе завршат да ве искористуваат, и вие сте мртви исто така. Но, разликата ќе биде што вие ќе горите во пеколот зашто не се покајувате и ги следите боговите што се поставени на земјата.

Знаете го ова сите жители на земјата: Ќе дојде денот кога сите оние кои биле убиени за вистината на Бог — сите оние чии што животи не значеле ништо за овој свет, неродените бебиња, вистинските маченици од година на година до денес — нивната крв ќе плаче за одмазда. И Свет, добар, страшен Бог ќе го слушне плачот на Неговите луѓе и ќе дојде против сите жители на земјата.

Можеш да трчаш и да се обидеш да се скриеш но Он те гледа. Ќе се молиш планините да паднат врз тебе за да го избегнеш Неговиот Свет страшен гнев против тебе!

Но Бог ти кажува сега…. Дојди сега, и дозволи да размислуваме заедно, иако твоите гревови се како црвено, тие ќе бидат бели како снег; иако ќе бидат црвени како пурпур, ќе бидат како волна.

Исаија 55:6,7 Барајте Го Господа додека може да се најде, повикувајте Го додека е близу!
7 Безбожникот нека го остави својот пат, а неправедникот своите замисли. Нека се врати при Господа, Кој ќе му се смилува, кон нашиот Бог, зашто Тој ќе го умножи опростувањето.


Imagine a World with no God Redeemedhippiesplace's Weblog
translation kat.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Знам дека сум офтопик, и доволно ми беше два пасуси да прочитам и да искоментирам... ти ептен скрена со умот а?

п.с. Замислете свет без Бог... мислиш на реалноста?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Нема потреба од замислување.....во таков свет живееме.:toe:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Па светот одамна е без бог (зависи за која религија):smir:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
A замислете Бог без свет... свет во кој никој нема да го величи, да војува во негово име... да му отвора теми по форуми... и на крај, што е полошо?
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Знам дека сум офтопик, и доволно ми беше два пасуси да прочитам и да искоментирам... ти ептен скрена со умот а?

п.с. Замислете свет без Бог... мислиш на реалноста?
Викторгг со сета почит..но единствена реалност е дека луѓето се обидуваат да живеат без Бога...тоа може да се заклучи после неколку прочитани поста.
 
S

smart ass

Гостин
Замислете свет без Бог




И во вашата “потрага по Бог” одите и ја купувате последната книга напишана од лажливи ѓаволи! Размислувајќи ќе ја најдете вистината таму кога самиот Бог ни го дал нас Неговиот збор — Светата Библија. Ох, да! Вие сте гадни, злобни, мизерни, слепи и сиромашни и не го знаете тоа.
воне зборот ми го зема бе:)


овде не се мисли на библијата туку на некое од делата на ден браун....почитани се и од библијата,аналогно на тоа тие се библија.:kesa:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Викторгг со сета почит..но единствена реалност е дека луѓето живеат се обидуваат да живет без Бога...тоа може да се заклучи после неколку прочитани поста.
Всушност, ако ме навлекуваш на сериозна дискусија, иако вакви сме воделе на многу места ширум форумот... на реалноста не и треба Бог. Таа е микро космос во кој сите духовни правила и подобности не функционираат. Ако некаде треба Бог тоа е во нас самите и секојдневно. А тоа баш и не е премногу распространето колку јас приметувам. Кога Бог би го пронашле или барем би се потрудиле да го бараме, тогаш можеби тоа ќе се забележи и надвор на улица.
 
S

smart ass

Гостин
Викторгг со сета почит..но единствена реалност е дека луѓето се обидуваат да живеат без Бога...тоа може да се заклучи после неколку прочитани поста.
не се обидуваат живеат...еве јас и другите членови.

ние сабајлче стануваме(некад и цела вечер неспани)...ама се разбираме и прво што се прави е кафе и цигара наместо молитва значи разликата е евидентна.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Ти само се обидуваш оти Бог е присутен без разлика дали ти се однесуваш така или не..сепак постојат и такви кои во својот живот го пушата и Бог..
Темата е дали можете да го замислите светот без Бог..а не да полемизирате дали тој постои или не..за тоа има друга тема..
 
K

kat.<3

Гостин
не се обидуваат живеат...еве јас и другите членови.

ние сабајлче стануваме(некад и цела вечер неспани)...ама се разбираме и прво што се прави е кафе и цигара наместо молитва значи разликата е евидентна.
да, верно зборуваш..пропаста на душата е она што е очигледно.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.710
Поени од реакции
4.909
Стварно не знаете да правите разлика .. а и кој како си сватил ..што подразбирате вие под поимот бог.???????????????????????????????????????????????/

Бог не е чичко со долга бела бреда, ами универзален дух (spiritus universalis). Бог, на некој чудесен и само нему познат начин сме и ти и јас.

Цитат од Thief - подобро објаснето здравје

плус цитат за огромниот број атеисти во подфорумот религија

Атеизмот е најлошата работа. Човек кој не верува, практично не постои. Ти постоиш и веруваш. Не нарекувај се со име што не си. ;)


Ништо неможе против ова .. колку и да сакате да извртите или наведете во ваша насока...........

GAME OVER
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Темата е дали можете да го замислите светот без Бог..а не да полемизирате дали тој постои или не..за тоа има друга тема..
Е сега и ти заебаваш......ти си гледаш од твој аспект ние од наш, значи верниците ќе се обидат да замислат додека останатите нема што да си замислуваат.:toe:

Во прилог едно видео....замислете си го светот без ликовите во видеото!

 
Х

Ханзо

Гостин
Баш тој белобрадоња без ука за Њутн му треба на човекот, човеколика инкарнација на нешто кое има апсолутна моќ врз сè. Страв, на човекот му треба страв. Во последно време гледам лошо му оди со плашењето, а сè подобар станува во буцкање на луѓето да мавтаат оружје во име на неговата љубов. Како што кажа Викторгг, Бог ни е потребен на нас самите, во нас самите, што многу ретко се наоѓа, а во глобала светов е безбожен, нема што да се замислува. Декларација за религиска припадност е далеку од верба во Бог.
 
S

smart ass

Гостин
Стварно не знаете да правите разлика .. а и кој како си сватил ..што подразбирате вие под поимот бог.???????????????????????????????????????????????/

Бог не е чичко со долга бела бреда, ами универзален дух (spiritus universalis). Бог, на некој чудесен и само нему познат начин сме и ти и јас.

Цитат од Thief - подобро објаснето здравје

плус цитат за огромниот број атеисти во подфорумот религија

Атеизмот е најлошата работа. Човек кој не верува, практично не постои. Ти постоиш и веруваш. Не нарекувај се со име што не си. ;)


Ништо неможе против ова .. колку и да сакате да извртите или наведете во ваша насока...........

GAME OVER
значи реално после исус значи бог го отпуштил министерот за внатрешни.и сега бог не се меша во работите на светот во спротивно поплави цунами=БОГ,замислете без него:toe:

без бог конечно ќе престанат да постојат непродуктивни институции како цркви манастири,братства сестринства,епархии(плус администрацијата ќе биде пониска:vozbud:)

и немало да има убиства тортура инквизиција.


едноиставно тоа е потврдено црквата го отапи општествено-научниот развој за 7-10века па сега видете.

ЕНДЕ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom