НАПУШТАЊЕ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕТО И СПОЈУВАЊЕ НА КЛУБОВИ
1. За натпреварување со два круга
Ако клуб се расформира, спојува со друг клуб или го напушти натпреварувањето за време на есенскиот дел на првенството, ќе биде бришан од натпреварувањето. Сите негови дотогаш одиграни натпревари ќе се сметаат како да не се одиграни а наредните натпревари по распоредот нема да се регистрираат службено.
Ако клуб се расформира, спојува или го напушти натпреварувањето, по одиграната есенска сезона, а пред одигрување на првиот натпревар од пролетната сезона на првенството, сите негови натпревари од есенскиот дел се признаваат со постигнатиот резултат, а натпреварите кои требал да ги одигра во пролетната сезона нема да се регистрираат со службен резултат туку ќе се смета како неодиграни.
Ако клуб за време на првата половина на пролетната сезона на првенството се расформира или го напушти натпреварувањето, сите негови одиграни натпревари во есенскиот дел на првенството ќе се признаат со постигнатите резултати, а сите негови одиграни натпревари во пролетната сезона ќе се смета како да не ги играл, а наредните натпревари по распоред нема да се регистрираат со службен резултат 3:0 за неговиот противник.
Ако клуб се расформира или го напушти натпреварувањето за време на втората половина на пролетниот дел на првенството, сите негови дотогаш одиграни натпревари ќе се признаат со постигнатите резултати, а сите наредни натпревари ќе се регистрираат по службена должност со 3:0 во корист на неговиот противник .