Aтина по тајни канали се обидува да создаде грчко малцинство во Македонија

Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35














Овај е грчкиот шпион што живее во МАКЕДОНИЈА а сонува за атина.
Македонскиот народ страда од своите.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Овај е грчкиот шпион што живее во МАКЕДОНИЈА а сонува за атина.
Македонскиот народ страда од своите.
Тешко да ќе е од нашите........овој е цинцар.
 
S

smart ass

Гостин
Ме интересира а и не ми е јасно,дали со рамковниот е предвидено раѓање малцинства????
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Осамостојувањето и создавањето на независна македонска држава во деведесетите години на минатиот век предизвика шок во Р. Грција. Започна една невидена дипломатска кампања и пропаганда со цел да се спречи создавањето на новата држава и нејзино стабилизирање. Деталите ни се добро познати. Еден од најсериозните „аргументи“ со кој се манипулираше беше: новата држава неможе да го носи името Македонија, бидејќи, со мал исклучок, таа не била лоцирана на македонска територија, тоа име можело да го носи областа, која по 1913 год. и припаднала на Грција.
Покрај наметнатиот спор кој официјална Атина го има со името нашата држава, грчката пропаганда дејствува и во други насоки, кои за жал се малку познати кај нас, но се од суштинско значење за иднината на Р.Македонија. Во прилог на вкавите тврдења ќе се задржиме на две круцијални прашања. Првото е повременото искажување на територјални претензии кон Р. Македонија од страна на десно ореинтирани грчки националистички организации, но и од преставници на одредени политички партии и структури во Р. Грција. Додека второто прашање се однесува на обидите за создавање на грчко малцинство во Р. Македонија, кое пред сé, покрај реципроцитетот кој ќе се бара за сé уште непризнаеното од грчка страна македонското малцинство во Грција, своја улога ќе има и во сé позачестените територјални аспирации кон јужните делови на нашата држава.
За сега се сé движи во границите на вербалното. При што Грците не забораваат да не потсетат дека имаат „неослободени“ територии во Македонија, северно од постојните граници. Официјално тоа го изнесоа на Парската мировна конференција (од 29 јули до 15 октомври 1946 год.) по завршувањето на Втората Светска војна. За време на воениот конфликат во Р.Македонија од 2001 год., тогашниот министер за национална безбедност (одбрана), Акис Цохазопулос, пред комисијата за надворешни работи во грчкиот парламент изјави, дека: „Грција нема да остане рамнодушна во случај да има менување на границите“ (Елефтеротипија, 30.8.2001), при што не го исклучи евентуално менување на границите на Балканот. Понатаму во својот коментар, в. Елефтеротипија констатира дека изјавата на Цохазопулос се совпаѓа со предлогот на поранешниот министер за надворешни работи, Теодорос Пангалос, кој се залагал за испраќање на грчка воена сила и создавање на „здрава безбедносна зона до 20 км. надвор од границата, која ќе ги опфати населените места Битола, Гевгелија и Охрид“. Политичките фактори во Атина, од тој период, предвидувале распаѓање на Македонија, што во таков случај, разбирлива би била желбата за стационирање на грчка војска на териториите кои до ден-денес ги посакува грчката држава. Понагласено и поотворено територјални аспирации кон одредени делови на нашата држава искажуваат националистичките организации во Грција, особено профашистичката организација „Хриси авги“ (Златна зора). Имено, при крајот на август секоја година државно се одбележува победата на граѓанската војна (1949). Хриси авги, која е составено воглавно од резервни офицери, тоа го прави со посета на пл. Вичо, а неретко во тие денови „прославата“ е проследена со летоци, со кои се бара „Слобода на северна Македонија!“ Последен пат ваквите тенденции јавно беа искажани за време на прославувањето на македонскиот национален празник Илинден во с.Овчарани, кога по тој повод беа организирани протести од Хриси авги во Лерин, при што, најчесто слушана парола беше: „Битола и Гевгелија се грчки градови“.
Основата на ваквите територјални претензии се базирани, пред сé на големодржавната национална идеја, извесна како „Мегали идеја“, промовирана во грчкиот парламент уште во 1844 година. Според минималната програма, која се сметала и за пореална, тогашното кралство Грција требало да се прошири од Драч до Егејско море, а границата да поминувала северно од Сер на исток, до северно од Битола и Охрид на запад. Република Македонија сега за сега директно не е загрозена од нејзиниот јужен сосед, но не треба никогаш да се испушта од ум дека сме изложени на перманентно и перфидно национално, морално и политичко нагризување со разновидни „византиски“ средства, што во краен случај би значело и физичко загрозување.
Територјалните аспирации кои повремено се презентираат од нашиот јужен сосед, според логиката која ја признава и западниот Свет, би останале само на шпекулации, доколку не се „покаже и докаже“ дека во Р. Македонија живее многубројно „грчко национално малцинство“. Во Р. Грција сé уште преовладува теоријата, дека „чие е населението – негова ќе биде територијата“. Докажувањето дека во Р. Македонија има многубројно грчко малцинство, во самата Грција се одвива доста успешно. Преку јавните и печатени медиуми многу често се пласираат дезинформации за бројот на „грчкото малцинство во Скопје“ и нивната „обесправеност и притисок“ од властите на Р. Македонија, но и за своевидна „заборавеност“ од официјална Атина. Така на пример, во емисија „Ζουγκλα“ од 21.2.2008 год., која се емитува на грчката телевизија ALTER, на дебата во која учествуваат околу десетина личности, главниот уредник на списанието „Стратигики“, Тасос Гуриотис, изнесе „докази“, дека во „Скопје“ на „пописот од 1990 год., 200 000 луѓе се изјасниле дека имаат грчка национална свест“, мислејќи на Власи, Саракачани и пред сé Македонци по потекло од Егејскиот дел на Македонија. Во продолжение на емисијата е прикажана репортажа за Саракачаните во Р.Македонија, кои од новинарот се преставени како Грци, но и од самиот претседател на нивниото друштво „Хелидони“ (Ластовичка), Д.А. Друштвото е формирано 2003 год. во Скопје и денес брои околу 320 луѓе. Нивните барања се засновани на желбата „да добијат грчко државјанство“.
И покрај преставување на „големо грчко национално малцинство“ во Р. Македонија, кое пред сé има пропагандна цел за внатрешни и надворешни потреби на грчката држава, официјална Атина и нивните национални фактори се добро запознаени со реалните прилики околу ова прашање. Сепак тие не се откажуваат од можноста да „создадат грчко малцинство“ во Р. Македонија.
Познато е дека во нашата држава се врбуваат младинци за учење на грчкиот јазик во Грција. Меѓутоа, најинтензивно тоа се прави во Битола и Струмица. Во Грција од поодамна постои „Друштво на Битолчани“, создадено од Власи, кои по поделбата на Македонија се преселија во Грција. Ова друштво е вклучено во врбување и праќање на граѓани од Р.Македонија во разни училишни центри во Грција (најчесто Јанина) за учење на грчкиот јазик. А таму се учи и грчка литература и историја. Всушност се врши чиста асимилација и индокринација на наши граѓани, кои многу лесно можат да се претворат во носители на една туѓа политика во Македонија. Едноставно се обновува грчката пропаганда од XIX век. Слично се случува и во Струмица. Тука, се разбира во помали размери отколку во Битола, носители на асимилацијата се главно избегани навремето струмичани – гркомани, односно тој процес се одвива главно по роднинска врска.
Грчките пропагандни фактори од повеќегодишното искуство во обидите да го асимилира македонското население, дошле до заклучок дека еден од најефикасните начини за асимилација било ширењето на грчкиот јазик. Тие сметат дека треба да се научат македонските деца да зборуваат грчки јазик и уште повеќе, грчкиот јазик да навлезе во македонските куќи, да стане говорен јазик, зошто само тогаш, сметаат, дека асимилацијата би била успешна.
Покрај постоењето на друштва во самата Грција, во последната деценија се забележува појава на формирање на слични такви и кај нас, пред сé во Битола, кои се раководени најчесто од грцизирани Власи. Во грчките медиуми во последно време, покрај добро познатите за нас Кољо дијамантот и Васил Глигоров, се поголемо внимание во „заштита на националните интереси на Грците во Скопје“ му се придава на на 75 годишниот Танасис Стерју од Битола.
Танасис Стерју потекнува од Грција, каде живеел се до крајот на Граѓанската војна во Грција. Роден е во с.Миљес во округот Пилион, но во текот на Граѓанската војна неговата фамилија се преселува во влашкото село Писодери - Леринско. Како дете бегалец најпрво бил прифатен во Романија, а отаму во Ташкент, за да подоцна се пресели во Битола, каде се наоѓала неговата сестра и каде живее до ден-денес. Во Ташкент завршил руска филологија, додека последните дваесетина години во Битола предава грчки јазик.
Значи до тука ништо невообичаено. Но внимание привлекува репортажата посветена на него во в. „Та Неа“ од 14-15 фебруари 2009 год., со наслов „Грчкото тајно училиште во Скопје“. На самиот почеток Стерју кажува: „не сме ниту тајно училиште, но ниту јавно. Државата ФИРОМ не дозволува во земјата да се внесуваат историски книги од Грција и на разни начини успеваме да добиваме по некоја книга за оние кои сакаат да научат грчки во ФИРОМ“. Прво што се забележува е дека г.Стерју не го признава уставното име на државата во која живее и го користи најчесто името „ФИРОМ“, но и името „Скопје“, како синоним за Р.Македонија. Не е јасно зошто „учителот по грчки јазик“ донекаде го нарекува своето училиште „тајно“, кога се знае дека во Р.Македонија постојат голем број на училишта за странски јазици, во кои, покрај останатите светски јазици се изучува и грчкиот. Од друга страна, изненадува фактот за потребата од грчки историски книги и каква би била нивната улога во едно училиште во кое се изучува грчкиот јазик?!
Во продолжение на репортажата со своевидна гордост нагласува дека во последните години бројот на неговите ученици постојано расте и дека бил принуден голем број на кандидати да одбива. Но и да се пофали, дека до сега, во неговото училиште грчки јазик научиле околу 1 000 ученици и дека оваа година (учебната 2008/09) нивниот број изнесувал повеќе од 40, на возраст од 6 до 40 години. Изјаснувањето на Стерју, дека на ден земал по само едно евро од ученик, иако се знае дека таа цена е прениска во споредба со останатите училишта за странски јазици во нашата земја, треба да преставува „дело“ за восхит кај секој Грк, а исто така и потик за помагање на ова „национално дело“.
Треба да се потенцира, дека во текот на целото интервју, кое го води новинарот Стелиос Враделис, Танасис Стерју неосновано ги напаѓа властите на Р.Македонија. Покрај обвинувањата дека македонските власти не му дозволиле да внесе во државата грчки книги по историја, тој оди понатаму, и сега, поради недостаток на просторни услови за изведување на наставата, ја обвинува „владата на ФИРОМ“, дека „не ми доделува простор, додека конзулатот во Битола дури последните 3-4 години почна да гледа по реално на работите околу предавањата на грчкиот јазик во Скопје“. Неоснованите обвинувања се јасни, а и самиот г.Стерју добро знае, дека секое приватно училиште или поединец е должен сам да си обезбеди простор, а не тоа да го бара од државата. Сепак, неговото „национално дело“ доби подршка од грчкиот конзулат во Битола, за која, самиот ќе каже, дека „на тој начин се реализира пристигнувањето на книги од Грција, кои се однесуваат на јазикот, културата и историјата“.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Карактеристично е што г.Стерју етничките Македонци по потекло од Егејскиот дел на Македонија ги идентификува како „Грци“ и ги воопштува со терминот „политички бегалци“. Добро се знае дека од сите политички бегалци кои ја напуштија Грција по завршувањето на Граѓанската војна, само на етничките Македонците не им беше дозоволено да се вратат во своите огништа, додека на Грците со законот од 1982 год. им беше дозоволена репатризација. Новинарот Враделис ги констатирал причините за почетоците на „тајното грчко училиште“ во Битола, се разбира така како што му раскажал Стерју, „во разговор со други Грци кои се наоѓаат од другата страна на границата (Р.Македонија) и не можеа да се вратат во Грција, сфатил дека многу од нив сакале да ги научат своите деца да говорат грчки јазик, но и самите да се потсетат (на јазикот), но такво нешто беше забрането“. Од ова се гледа дека „учителот по грчки јазик“ својата јазична пропаганда ја имал насочено кон Македонци по потеколо од Р.Грција, како и со јасна тенденција кај обичниот грчки читател да ги престави како Грци. Во интервју на веќе погореспоменатата тв. емисија „Ζουγκλα“, освен етничките Македонци, Стерју како целни групи ги наведува и Власите и Саракачаните. Откако новинарот ќе сублимира дека повеќето негови ученици потекнуваат од семејства кои имаат „грчки корени“ и сакаат да го научат јазикот на своите предци“, Стерју за истите ќе потврди дека се „Грци“ и дека „не се признаени како национално малцинство во Скопје, како на пример Бугарите и Албанците“.
Потребата и желбата за добивање грчка литература од Р. Грција му се исполнува со стекнувањето на две енциклопедии добиени од Организацијата за распростарнување на грчккиот јазик. Тие од негова страна се користат во дидтактичкиот процес, а се однесуваат на грчката митологија, историјата на античка Грција и востанието на грчкиот народ против османлиската доминација од 1821 година. Како и да е, Танасис Стерју во своето училиште, покрај грчкиот јазик, на своите ученици им предава и грчка историја. Во интервјуто за ова ќе каже: „историјата е најтешкиот дел од овој проблем, но час по грчки без историја неможе да постои“. Но каква историја ги учи тој? На ова прашање одговор ни дава самиот Стерју: „во ФИРОМ децата учат друга историја од онаа што учат децата во Грција. На пример, за Александар велики јас сум должен да им кажам дека за Грците тој потекнува од Грција, а не од Македонија, како што учат моите ученици во училиштето“. А ние на ваквото негово сведоштво ќе се запрашаме, дали ова не значи паралелно изучување на историјата во Р.Македонија и како тоа ќе влијае во свеста на учениците и нивното понатамошто национално оформување?
Паралелно со овој процес, во Битола денес постојат и две здруженија на „Грци“ во Р. Македонија. Првото е формирано во септември 1998 год., како Друштво на пријателство и соработка меѓу Грција и Битола - „ПЕЛАГОНИЈА“. Денес ова друштво брои повеќе од 400 членови, од кои 60 се најактивни. Прв претседател на друштвото бил познатиот битолски судија и адвокат Г.П., додека денешен претседател е личноста со иницијали Е.Р. Од 1999 година во друштвото започнува да се изучува и грчки јазик, а часовите ги одржува учителот А.С. Друштвото „Пелагонија“ соработува со грчки друштва формирани од Битолчани, кои по поделбата на Македонија се преселени во Грција. Тоа се друштвата се друштвата „Картерија“ од Солун и „Елпис“ од Лерин. Покрај ова друштво, во 2002 год. било формирано Друштвото пријатели на грчкиот јазик – „ОКО“ (МАТИ), од погореспоменатиот Танасис Стерју.
Една од активностите на г.Стерју, покрај предавањето на грчкиот јазик и историја, преставува организирањето на бесплатни летувања на негови ученици во грчки одморалишта и посетата на историско-археолошки знаменитости во Р. Грција. Сепак, најголемо внимание привлекува посетата на Стерју и неговите ученици на грчкиот парламент, при што истите беа примени од страна на претседателот на грчкиот Парламент, г. Димитрис Сјуфас.
На крај би сакале да потенцираме дека целата оваа активност се финансира од Грција, од владини или невладини организации. Ваквиот став го поткрепуваме со писмото на г. Стерју до Друштвото за распространување на грчкиот јазик, објавено на интернет страницата http://www.odeg.gr/html/kataskinosi08.html. Во писмото учителот се заблагодарува за овозможената посета во одморалиштето Св. Андреја во општината Атина, но истовремено и „за економската помош која ја добивме за децата од Битола во ФИРОМ“.
И сосема на крај, како заклучок ќе резимираме дека соседите, во случајот грчкиот, треба добро да се познава како би можело државната политика правилно да се насочува во градењето на меѓудржавните односи. Треба добро да се познава како би можело на време да се реагира и да им се парира на разновидните акции кои имаат поткопувачки карактер. А Грците не следат на секој чекор и не познаваат многу добро. Димитар Љоровски Вамваковски
ПОДОБРО СЕ ЧИТА ВАКА.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Таа фотографијата крај акрополот не ви е нешто фотошопирана?
 

Тане

„Форумџија во години“
Член од
6 март 2007
Мислења
49
Поени од реакции
1
Во право си...требало малку повеќе да ја дотераат!:nesum:

Поздрав!
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Е како ке можат да се размножуваат само мажи? Ако носат жени ке се раѓаат мешани Македонци...
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Абе ајде сте се запнале во еден глупак,а ако сакаат Гејците за пари ќе најдат 10 000 ако му се потребни.Уште утре нека почнат за 10 дена ќе ги соберат половината.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Абе ајде сте се запнале во еден глупак,а ако сакаат Гејците за пари ќе најдат 10 000 ако му се потребни.Уште утре нека почнат за 10 дена ќе ги соберат половината.
Не е баш така. Колку што се сеќавам, во 1994 год. даваа степендии за изучување на “грчкото малцинство’’ во Македонија. Се обидуваа по секоја цена такво да сторат, но видоа дека ништо не бидува бидејќи такво нема. Да имаа повеќе од тројца, немаше дилема дека ќе ги актуелизираа против нас. Затоа се свртија да ги играат Али Ахмети и компанија.

Било како било, копукот на сликата погоре треба да сече.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
A да ми го испушат сите тие дали може ?
Ајде доста со предваници и купи-продај муабети, сакате Македонија или не!?
Ако не сме способни да си ја чуваме што сакате, глрдате дека сите околу нас се насскале на неа, цел живо само на Господ ќе се молиме и ќе пиеме турско кафе со скрстени нозички и безбедни сме. Исто како и нашите браќа во грција и бугарија де! И оние така создаваат малцинства таму , нели ?
 
E

emission

Гостин
Ајде доста со предваници и купи-продај муабети, сакате Македонија или не!?
Ако не сме способни да си ја чуваме што сакате, глрдате дека сите околу нас се насскале на неа, цел живо само на Господ ќе се молиме и ќе пиеме турско кафе со скрстени нозички и безбедни сме. Исто како и нашите браќа во грција и бугарија де! И оние така создаваат малцинства таму , нели ?
Треба да проработи законот и ако прави тој нешто противзаконско или ако се докаже дека работи против државата треба да се осуди. Не е ова почеток на 20 век па да се дозволуваат соседни пропаганди.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Танасис Стерју потекнува од Грција, каде живеел се до крајот на Граѓанската војна во Грција. Роден е во с.Миљес во округот Пилион, но во текот на Граѓанската војна неговата фамилија се преселува во влашкото село Писодери - Леринско. Како дете бегалец најпрво бил прифатен во Романија, а отаму во Ташкент, за да подоцна се пресели во Битола, каде се наоѓала неговата сестра и каде живее до ден-денес. Во Ташкент завршил руска филологија, додека последните дваесетина години во Битола предава грчки јазик.
Значи до тука ништо невообичаено. Но внимание привлекува репортажата посветена на него во в. „Та Неа“ од 14-15 фебруари 2009 год., со наслов „Грчкото тајно училиште во Скопје“. На самиот почеток Стерју кажува: „не сме ниту тајно училиште, но ниту јавно. Државата ФИРОМ не дозволува во земјата да се внесуваат историски книги од Грција и на разни начини успеваме да добиваме по некоја книга за оние кои сакаат да научат грчки во ФИРОМ“. Прво што се забележува е дека г.Стерју не го признава уставното име на државата во која живее и го користи најчесто името „ФИРОМ“, но и името „Скопје“, како синоним за Р.Македонија. Не е јасно зошто „учителот по грчки јазик“ донекаде го нарекува своето училиште „тајно“, кога се знае дека во Р.Македонија постојат голем број на училишта за странски јазици, во кои, покрај останатите светски јазици се изучува и грчкиот. Од друга страна, изненадува фактот за потребата од грчки историски книги и каква би била нивната улога во едно училиште во кое се изучува грчкиот јазик?!
За вакви изјави треба Битолската полиција да поработи малку а не само сеир да гледа.

Паралелно со овој процес, во Битола денес постојат и две здруженија на „Грци“ во Р. Македонија. Првото е формирано во септември 1998 год., како Друштво на пријателство и соработка меѓу Грција и Битола - „ПЕЛАГОНИЈА“. Денес ова друштво брои повеќе од 400 членови, од кои 60 се најактивни. Прв претседател на друштвото бил познатиот битолски судија и адвокат Г.П., додека денешен претседател е личноста со иницијали Е.Р. Од 1999 година во друштвото започнува да се изучува и грчки јазик, а часовите ги одржува учителот А.С. Друштвото „Пелагонија“ соработува со грчки друштва формирани од Битолчани, кои по поделбата на Македонија се преселени во Грција. Тоа се друштвата се друштвата „Картерија“ од Солун и „Елпис“ од Лерин. Покрај ова друштво, во 2002 год. било формирано Друштвото пријатели на грчкиот јазик – „ОКО“ (МАТИ), од погореспоменатиот Танасис Стерју.
Кои се овие друштва и кој се членови дајте да ги најдиме до еден доста предавниците живееат во Македонија а за Атина сонуваат
 

Kajgana Shop

На врв Bottom