Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
Љубовта. Чувство на силна приврзаност кон нешто. Но не значи тоа само љубов како полова поврзаност. Постојат 3 вида - филиа = наклонетост, пристрасност, посветеност; агапе = љубов за целиот свет и за сите луѓе и ерос = полова љубов. Која според вас е основната љубов како нешто од кое започнува да се дефинира оваа емоција? Кога се раѓа индивидуа во овој свет она чувствува филиа како првобитно чувство кое е дел од љубовта. Кај еросот - по ова чувство доаѓа среќата а кај агапето среќата е причинител за чувството. Дали тоа одредување ке доаѓа од тоа кое попрво се појавува, по "чистота" на чувствувањето во кое има љубов без очекувања за некакво возвратување или добивка или по тоа како е поврзано со среќата како едно чувство кое е основно во животот на човекот (дали љубовта треба да настанува од среќа или да создава среќа) Што е вистинска и основна љубов?
Можеби бев конфузен и отворив многу прашања (кои можеби се конфузни и нејасни) па извинете тогаш.
Можеби бев конфузен и отворив многу прашања (кои можеби се конфузни и нејасни) па извинете тогаш.