Тишина!

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Сабајлево, уште нерасонет, морав да го слушам урлањето на една мила и драга професорка која себеси се смета за хиперактивна иако има близу 60 години и е малку повеќе пополнета:)

Ме примети дека лежам на клупа и ме праша дали јас сè уште спијам. Кога и реков “Па да, делумно“, типката се изнасмеа така гласно што ми поремети биоритам во рок од само една секунда.:uvo:

И тогаш ми текна нешто...

Како би било кога еден ден би се разбудиле во мртва тишина?
Дали тишината која понекогаш толку ја бараме ќе биде совршена, или пак ќе биде монотоно неподнослива?
Каков би бил светот кога потполно би западнал во тишина?

Посакувам да можев да си бирам денови кога сите звуци би се губеле и би можел да уживам во тишината.
Меѓутоа, колку и да некогаш ми е потребан таа тишина, не би можел да издржам во свет кој е во постојан молк.

Вие?
 
Како би било еден ден да се разбудиме во свет во кој ќе владее црна темница? Пошто и сонцето некогаш ни смета, нели... Или во свет во кој не постојат убави мириси, допири... што и да е...

Или, да ги прашаме оние кои не можат да ги почувствуваат овие работи, подобро?

Надарени сме со сетила за кои само ние сме свесни како живи суштества, само ние можеме да ја почувствуваме убавината од нив. И природно - секоја акција има и реакција: убави мириси и смрдеи, убава музика и крекање на професорица... Убавината на човекот е што може да ги разликува и може да живее со сите нив. И би требало да е благодарен поради тоа.

Некогаш, и зуењето на комарецот на уво, додека се обидуваш да заспиеш, има позитивно во него. не на прв поглед, но има...
 
А да скратите постапка и да не се разбудите?

Шегата настрана... пробајте со едноставна изолација, еве на пример еден цел ден не ги отворајте очите или носете превез кој нема да ви дозволи светлина 85% ќе бидете хендикепирани, поарно и полесно амин.
 
Снегот го угушува звукот, затоа кога имаме снежни зимски денови се е тивко околу нас. Кога јас се движам гледам да сум прилично гласен за да го слушнат другите моето движење. Без да видам само по ритамот на чекорите можам да препознаам доста луѓе кои што ги познавам роднини, пријатели, комшии итн. Обично луѓето со своите движења оставаат препознатливи звуци, така да ако добро ги познаваме можеме да ги препознаеме. Како на пример кога ќе се качува некој мој близок по скали кај мене само по ритамот на чекорите знам кој е. Еднаш само еден ѓуптин ме изненади без да направи ниту еден звук влезе среде двор, чиста среќа излегов и го видов, човек кој што влегува дома со маскирна дисциплина без да прави звуци не е тука дојден за добро, највероватно крадец беше. И ден денеска сум импресиониран и во иста мера шокиран човекот може слободно да влези кај нас дома и да има луѓе нема да го сетат, јас не можев а за другите воопшто и да не зборувам.

Затоа треба некое питбулче да си врзам во двор па ко воли нек изволи :icon_lol:.
 
немашанси да издржам во потполна тишина...да тоа некогаш ми треба , го барам. кога ми треба одам на планина на неко емирно место каде ќе го добијам потребниот мир и ќе можам да размислувам или пак потпоплно да се исклучам соп мозокот...но тоа може да трае ден два повеќе не....научени сме, таков живот живееме енергичен полн со викотници.кој може да издржи да не направи муабет со некого или да не се искара со некој барем еднаш у денот???
 
нема шанси да издржам во тишина :toe: ама би сакал еден ден колку онака за мерак да видам како е, а повеќе нема шанси не е ни интересно да се живее во тишина во молк
 
леле морам на темава да наведам еден пример!

Имено се работи за ден филм што го гледав одамнa се работеше за некое место во некој век чинам беше 17 или 18 , местото беше вовело строго правило населението да живее во потполна тишина а комуникацијата да биде најтивка односно сведена на шепотење, населението беше лишено од слушање музика, од секаков звук,

Верувајете добив лош впечаток за местото и луѓето , луѓето живееа во чиста монотонија и сивило, а самите луѓе млитави како без живот..

И така еден ден се појавува една женска која го крши тоа правило и прво што воведува МУЗИКА луѓето верувајте сите живнаа прво што почнаа да праваат е да играат и пеат, беа со насмеани лица, весели и посреќни...



тишина или монотонија, хммм чинам би оглувела и онемела!

Фала на Бога што постои звук и врева, слобода и еднаквост!
:je:

GOD bless the noise and the music!:ojea:
 
Среде најголема бучава да сме во тишина или во најголема тишина да сме во бучава ,се е во нас, се е во нашиот ум ,се зависи од нас ,не можеме да ја смениме средината туку само нашата перцепција према тоа што не опкружува .
 
Не дај Боже нешто такво да се случи, би полудела. Да, како и секој човек и јас некогаш сакам тишина и да бидам сама со моите мисли, што би се рекло да си ги слушам мислите, но би мразела кога би морала да живеам во свет во кој владее потполна тишина. Јас како човек живеам со музика, не можам да живеам без музика, без хаос околу мене, иако нормално се со мера.
 
Па не е лошо пример еднаш годишно да имаме `Ден на тишината`, кога нема да се зборува ништо и луѓето ќе имаат право да не се разберат,(иако не се работи за одземено право, ха ),... за да тивниме малку.
Еве можат и Американците да го измислат, или ВМРО, па ако се погоди тој ден и празник мх, мх мераци има три мандати да ги гласам :pos:
 
Екстремностите никогаш не се добри.Нон стоп да сме во галама ќе спобудалиме, ама па и во постојана тишина не е ништо поарно.Многу почесто посакуваме да е тишина а поретко посакуваме да сме во галама зошто живееме во свет на бука и галама па така тишината е реткост.Фино е да можам да си бирам кога да ми биде тивко а кога да ми џамкаат луѓе околу мене :)
 
^Апсолутно мразам се шо е екстремно, и го повтарам по 3456789645 пат.
Тишината ми годи, за да одморам од самата себе, од сите околу мене, од сите постоечки звуци и гласови, од се', но само за кратко...Долгиот молк во просторија ме плаши, ме прави да се чувствувам немо, без никакви сетила и чувства, па се борам против тишината, како и против секое нешто од кое се плашам и стравувам.
 
Тишината ми одговара само кога сум очајна, премногу тажна, осамена, надвор од себе и балансот.

Се’ друго значи страв од неа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom