Кои македонски портали заработуваат најмногу?

  • Креатор на темата Креатор на темата klikster
  • Време на започнување Време на започнување
Абе вие правите обични математички пресметки, не иде така тоа, си има договори, попусти и слично.

Бројкава е законска иначе, али не верувам дека е во тој домен. :)
 
А незнам зошто имам некој впечаток дека некој од форумџииве ги интересира колку заработува порталов месечно па затоа трескаат безвеза работи. :smir:
 
А незнам зошто имам некој впечаток дека некој од форумџииве ги интересира колку заработува порталов месечно па затоа трескаат безвеза работи. :smir:

Можда кројат бизнис план :)

Совети од колега форумџија: 1. домашниот есап на пазар не излегува.
2. Нема лесни пари.
 
Мислам дека Он.Нет водеше со најскапи ценовници, ама постојано им се исполнети банерчињата, така да верувам дека тие заработуваат најмногу. И Кајгана гледам се се' повеќе со реклами, а на Идивиди гледам реклами само за Телеком и Т-Мобајл. :tapp:
 
Па Idividi е нивна страна :) Да не сакаш Vip или One да видиш...
 
Како прво он.нет праи најмногу

Како второ на цените за реклами им се праи до 90% попуст така да џабе математики
 
Незнам што разбирате под заработувачка.
Има попусти, не се баш тие цени од ценовниците. Плус на редовни клиенти има поголем попуст. На тоа одземете ДДВ и данок на добивка и уште некој трошоци за фирмаа која МОРА да ја имате ако ги сакате поголемите фирми.

Реална проценка околу 2-3000 евра чисти им остануваат на Кајгана, Он нет (можда повеќе), Идивиди, Точка, Мотика
 
Па Idividi е нивна страна :) Да не сакаш Vip или One да видиш...

Па на Идивиди има реклами за Vip, на Он.Нет (One) има реклами и за Vip и за T-Mobile. Проблемот е што Идивиди речиси и да не одвојува нешто многу простор за рекламирање, или пак не сакаат да се рекламираат тука. :)

А инаку и со попусти и без попусти, се гледа дека Он.Нет најмногу заработува. Кајгана претпоставувам е втора, Идивиди е трета итн.
Уствари и нема „така натаму“, овие три се водечки портали во Македонија и мислам тешко некој друг да ги достигне со рекламирање. :toe:
 
Јас тука би додал, има премногу портали за било какви содржини, кои се во постојана трка за посетеност и популарност но имаат огромни трошоци кои сигурно на почетокот ги имале и оние што денес се гиганти во оваа свера, но заработувачка немаат или воопшто немале. Јасно е дека тие што заработуваат во Македонија се неколку ама да пишуваш со години статии, едноставно не оди подобро е воопшто да не се мачат едноставно ми нема логика сево ова. Е сега тие неколку што заработуваат јасно се одвоени на едно високо ниво кое другите не можат да го стигнат и покрај големи уложувања што има примери на портали што се обидувале нешто да направат но сето тоа било залудно. Името си ги држи посетителите :)
 
Па на Идивиди има реклами за Vip, на Он.Нет (One) има реклами и за Vip и за T-Mobile. Проблемот е што Идивиди речиси и да не одвојува нешто многу простор за рекламирање, или пак не сакаат да се рекламираат тука. :)

А инаку и со попусти и без попусти, се гледа дека Он.Нет најмногу заработува. Кајгана претпоставувам е втора, Идивиди е трета итн.
Уствари и нема „така натаму“, овие три се водечки портали во Македонија и мислам тешко некој друг да ги достигне со рекламирање. :toe:

My bad, my bad.
Не сум ја посетил а нема ни да ја посетам. Али знам порано имаше само T-Home, T-Mobile.
 
Од каде бе оннет најмногу? Ги мислев за нетолку популарни:D Иначе премногу летате и проѕирно гледате кон нештата. Никој овде не плаќа на рака. Се иде преку фирма, а очиглено не знаете колку трошоци има една фирма и колку % од сумата идат за државата.

90% попуст не постои:uvo: Постојат попусти нормално, али не се толкави во секој случај.
 
Колку е добро да имаш Kaspersky Internet Security (или некој друг Anti-Banner програм) :pos:
Нека стават миљон банери и pop-апи ако сакаат. НИШТО не ми се прикажува :vozbud:
 
Ако се беше како што треба и ако немаше попусти и слично, според неделниот ценовник на трите најчитани портали вака ќе изгледаше нивната заработувачка (за оваа недела):

Он.Нет - 3.800 евра
Кајгана - 3.225 евра
Идивиди - 647 евра

Чисто онака пресметав, колку за забава. :)
 
Човече какво пумпање, 10.000 евра месечно кајгана, 12.000 оннет? Сајтови што се во топ 3000 најпосетени портали заработуваат толку а имаат интернационална публика...а кајгана е негде 40-50к според alexa, максимум мислам дека прават 2-3000 евра месечно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom