Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Можеби требаше да се пролонгира стартот на учебната година кога ќе ги добијат учебниците. Да требаше да нема учебници и да требаше да се пишува по тетратки, учебници немаше потреба ниту да постојат. Вака...Не само што не добивме бесплатни учебници, туку немаме ниту можност самите да си купиме. Одиме на училиште, а ни недостига она најважното, учебници - вели средношколец од Средното стручно училиште АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје. Сега тие мора да учат од скрипти стари по неколку години, каде што голем дел од податоците се неточни бидејќи се изменети, па учениците се збунети и не знаат што е точно, а што не. Со критики за проектот со бесплатните учебници излегоа и од Либерално-демократската партија. Од партијата сметаат дека проектот „Бесплатни учебници“ доживува фијаско и го загрозува образовниот процес бидејќи се уште нема учебници за сите ученици.
Се одрази, лани оние основци кои не добија учебници имаа проблем со следење на наставата, запишување, читање на истото...и мораа да вложат многу поголем труд за исто знаење и оценки.Затоа наставниците заклучуваат дека образованието не е ниту бесплатно, ниту квалитетно, а на крајот сето тоа ќе се одрази врз успехот и знаењето на учениците.
Или да се бојкотира наставата.Можеби требаше да се пролонгира стартот на учебната година кога ќе ги добијат учебниците. Да требаше да нема учебници и да требаше да се пишува по тетратки, учебници немаше потреба ниту да постојат. Вака...![]()
Да, тоа би било коректно. Но како и секаде така и овде многумина ќе удрат нож во грб односно ќе продолжат да ги носат децата на школо. Како што од некои лица се оправдува немањето книги, така и во школо...впрочем за некои родители тоа е дополнителна шанса да се впикаат под нокт на наставниците со небојкотирање. Притоа ќе страдаат некои деца ни криви ни должни.Или да се бојкотира наставата.
Додека не ги добијат учебниците,да не одат во школо.![]()
Можеби требаше да се пролонгира стартот на учебната година кога ќе ги добијат учебниците. Да требаше да нема учебници и да требаше да се пишува по тетратки, учебници немаше потреба ниту да постојат. Вака...![]()
Да, тоа е и една од главните причини зошто постојано се случуваат вакви неуспешни би кажал акции и дејства. Во азиските земји или се самоубиваат или ги стрелаат, во европските земји не смеат да си дозволат ради последиците кои ќе ги претрпат при следното мерење на силите на избори.А можеби некој требаше да биде поажурен и поревносен при спроведувањето на владината одлука...па сега да ги немаше овие проблеми.
Но и покрај се не гледам дека некој е повикан на одговорност поради непрофесионалност.