Доселувањето на Албанците во Македонија

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Иле друже, Албанци за време на среден век се до 16 век, владееле со градови како Охрид, Дебар, Гостивар, итн.

Во тоа време многу не играло улога, она што денес антиквизацијата го прави и го држи како каписла, за разложување на болни и идиотски рудиментирани теории.
Немало Албанци во практична смисла на зборот, имало претци на денешните Албанци, но да тврдиш дека тие се чувствувале Албанци пред 15-16 век... е премногу смело.

Рудиментирани теории се оние кои прикажуваат и означуваат “албански“ територии поради тоа што во одреден град живеееле 2 албански фамилии.

Што барале Македонците од Егејска Македонија во оваа Вардарскава?
Тоа се географски граници на Македонија кои постоеле од секогаш, а Вардар е подеднакво заеднички.

Во тие граници Македонците живееле отсекогаш, меѓутоа живееле и во денешна Албанија, како и денеска, дали и тоа ни дава нам право да ја сметаме Албанија за македонска земја?

Подобро да не се заплеткуваме околу “правото“ на право, а уште помалце да се посега по туѓото.


Албанците што кидале од Албанија, доаѓале таму каде што имале пријатели нивни, кои што го зборувале истиот јазик. Исто како што денес ретко се наоѓаат стари Скопјани, исто така, тогашните Албанци мигрирале во места каде што живееле другите Албанци (староседелци - СЕЈМ ШИТ).
Да бе... и во Германија имало отсекогаш староседелци Албанци и во Швајцарија и Америка...


Разбираш! И нема турски пописи кои тврдат миграции на Албанци.
Некоја потврда од турскиот историски институт за ова тврдење ќе ни дадеш или твоето НЕМА на неговото ИМА само стои без никаква аргументација.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Некоја потврда од турскиот историски институт за ова тврдење ќе ни дадеш или твоето НЕМА на неговото ИМА само стои без никаква аргументација.
Епа ти коа ќе седнеш да ми дадеш мене, документ ТУРСКИ кој вика, дека Албанци (иако е многу простачки да се фаќаш за име во тоа време) се досељаваат на овие простори, тогаш јас ќе ти дадам контра аргумент.

Засега, имам аргумент дека господинот Гропа (албанец) владеел со Охрид и Охридско!
Дека Кастриотите владееле и поседувале исто како и Гропите, Дебар Дебарско со Матија (кај што имало во тоа време мешано население).
Музаките владееле со Преспанско.
Кога се зборува влаееле, не се смета освоена територија, туку место од каде што потекнуваат истите (газди).

Се бирале Локални моќници, дали од страна на Султанот или од страна на Царот (српски на пример) кои што ќе владеат со тие места. Оти тоа не биле Македонци (или Бугари како што ги нарекувале тогашните историски архивисти и документи).

He had also called upon the assistance of his other son in law, Lord Groppa, ruler of the town of Ocrida (Ohrid) which included much surrounding land belonging to him.
There is another place called the town of Ohrid which is also called Dibra and which is an archbishopric. This town of Ohrid has a fine countryside, which earns it well over twelve thousand ducats of gold. This region belonged to Lord Groppa who was married to Lady Chiranna, the second daughter of Lord Andrew Muzachi the Despot, and since he had no heirs, it belongs to us.
Lord Arianiti Comnenus was lord of a part of Macedonia, i.e. of the region of Çermenika, Mokra and Shpat extending to the river Devoll which divides our land from his land and marks the border.
After a fierce attack by Bayazid, my grandfather, Lord Andrew Musachi, was dispossessed of a part of Devoli (Devoll) and Musacchia (Myzeqe), which he recuperated. He never lost any other part of the country. My father and your grandfather, Lord Ginno (Gjin), reigned over the country of our forefathers and, though he lost part of Myzeqe, he was able to retrieve it.
The first daughter, Lady Andronica, was married to Lord Scanderbeg Castriota, who was Lord of Dibra, Mat and Kruja down to the sea, and of Deberina, also called Randesio (Renc?), and of the province of Guonimi (Gjonëm).
Lord John Castriota, the father of Lord Scanderbeg, ruled over the region called Mat. Later, Lord Scanderbeg became not only Lord of Mat but also Lord of Kruja, of Dibra and of Birina, i.e. of Randisia, Tomorista, Misia and the Gjonëm country down to the sea.
Later, during the reign of Murad the Second, Scanderbeg arrived, the son of Lord John Castriota, who ruled over Matia (Mat) in Albania.
Види ова овде, да не тропаш глупости

From this Lord Theodore was born the second Lord Andrew Musachi, who was sevastocrator and who fought with King Vukashin. Vukashin was the king of Bulgaria who ruled land almost all the way to Adrianopole and who was always among the great enemies of the emperor of Constantinople.
The king had made ready a great army and had arrived to attack Epirus, which was under the rule and reign of the aforementioned Lord Andrew. The aforementioned Lord Andrew, getting wind of the activities of the said king, assembled a great army from his country. He took with him all the barons and nobles and indeed his relatives and friends, and set out to meet the said king. They met at a place called Mount Peristeri where there is a spring called Dobrida which is the border between Albania and Bulgaria.
http://albanianhistory.net/texts16-18/AH1515.html

Се мисли на ПЕЛИСТЕР (Битола и Битолско). Границата меѓу Албанија и БУГАРИЈА(!).

Да не ме мачиш со глупости ова ти го постирам.

Ова хрника е од внукот на Ѓорѓи Кастриот, секако Поповски нема муда да го објави (и многу други документи ама ако), внук од сестра.
Може некој друг да знае повеќе и подобро од него?

Тоа се географски граници на Македонија кои постоеле од секогаш, а Вардар е подеднакво заеднички.
Кога од секогаш? Од 1945 година, или 1912 година, или од времето кога Скопје беше главен град на Дарданија? А?

Во тие граници Македонците живееле отсекогаш, меѓутоа живееле и во денешна Албанија, како и денеска, дали и тоа ни дава нам право да ја сметаме Албанија за македонска земја?
Кажав спротивно јас? Документ од 15 век, се анализира со оптика и идеологија од 15 век, не од денешен националистички концептуален призматичен поглед. Не!

Рудиментирани теории се оние кои прикажуваат и означуваат “албански“ територии поради тоа што во одреден град живеееле 2 албански фамилии.
Е тука е проблемот. Колку од тие албанци, во тоа време се нарекувале Бугари и Ромеи. Тоа е проблемот. И на крај тоа не е албанска територија, туку во тоа време било место каде што живееле Албанци.

Немало Албанци во практична смисла на зборот, имало претци на денешните Албанци, но да тврдиш дека тие се чувствувале Албанци пред 15-16 век... е премногу смело.
И јас викам така. Затоа се појавиле идеите за национално обединување, каде што кај албанците основа се земал ЈАЗИКОТ и некое чуство, различно од останатите народи.
Ова е точно, ама кој да го разбере. Кажи му го на Кариес.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Збори за политички граници или во спротивно произлегува неговото не знаење на географијата.

По твојата логика... излегува дека и Турците биле владетели староседелци..... :tapp:

Сите аристократски фамилии биле крвно испомешани, мислам дека и самиот си свесен за тоа без да ти прикажувам како српски кнезови со албански и бугарски и грчки се венчавале поради фамилијарно-статусни интереси.

Оние што владееле во еден период подоцна биле заменети со други, а им претходеле и трети. Дали со менувањето на тие владетели автоматски се менувала и етничката констелација во истите градови?


Размисли дали премногу барам од тебе или едноставно користиш празни аргументи за да не се согласиш со мене.
 
Член од
18 март 2010
Мислења
375
Поени од реакции
11
posle 600 godini znaci uste ja cuvaat tradicijata jazikot kulturata...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Кога од секогаш? Од 1945 година, или 1912 година, или од времето кога Скопје беше главен град на Дарданија? А?
Од формирањето на Македонското Кралство од страна на Филип (4 век п.н.е.) со присоединување на делови од Пајонија, Илирија, Тракија и Тесалија почнува да опстојува во една рамка низ континуитет на историските случувања во која се содржи тоа име кое го определува тој регион - Македонија.




Кажав спротивно јас? Документ од 15 век, се анализира со оптика и идеологија од 15 век, не од денешен националистички концептуален призматичен поглед. Не!
Па тогаш зошто продолжуваш да го анализираш со оптика и идеологија од 20/21 век?


Е тука е проблемот. Колку од тие албанци, во тоа време се нарекувале Бугари и Ромеи. Тоа е проблемот. И на крај тоа не е албанска територија, туку во тоа време било место каде што живееле Албанци.
Јас би рекол проблемот е во тоа колку од Македонците во одредено време почнале да се нарекуваат Бугари, Ромеи... и Албанци.

Лавиринтче?
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Иле друже, Албанци за време на среден век се до 16 век, владееле со градови како Охрид, Дебар, Гостивар, итн.



Што барале Македонците од Егејска Македонија во оваа Вардарскава?

Албанците што кидале од Албанија, доаѓале таму каде што имале пријатели нивни, кои што го зборувале истиот јазик. Исто како што денес ретко се наоѓаат стари Скопјани, исто така, тогашните Албанци мигрирале во места каде што живееле другите Албанци (староседелци - СЕЈМ ШИТ).

Разбираш! И нема турски пописи кои тврдат миграции на Албанци.
Александар Македонски владеел со половина од тогаш познатиот свет, па тоа не значи дека Македонците живееле секаде каде што тој владеел, а и мислам дека малку ја преувеличуваш работава со владеењето на албанците во градовите...

А што барале Македонците во канада, австралија, германија, америка???(beat that)

Bold FAIL

Сакаш да ми ми подметнеш нешто што не сум го кажал?
Се разбира дека пописите не зборуваат за миграции, во пописот само не е забележано присуството на албанците во Македонија.

А шо ако тие Албанци кои се доселиле на овие простори, дошле кај нивни братучеди и сонародници по крв, месо, идеја, вера, народност? А?
Те прашав што барале Македонците, па еве и албанците во Америка, Канада, Австралија итн итн... и таму да не зборувале Македонски/албански?
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.099
Поени од реакции
174
Да се навратиме на темата.Еве што пронајдов на интернет:

Никој не можел да го контролира доселувањето на Албанците во Македонија
Пишува: Д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет - Скопје

8.Аграрната политика на новата држава (аграрната реформа, откупот и колективизацијата) особено ги погодила турските големопоседници кои, не можејќи така лесно да се прилагодат на новите услови, започнуваат процес на напуштање на Македонија, поизразито од пролетта 1949 година. Мерката за одбулување била додатен катализатор на тоа иселување, кое добива масовен замав од средината на пеесеттите години.
Настојувањето на турското малцинство "за враќање назад во Турција", Партијата го оценува како "непријателска активност против социјалистичката реконструкција на селото" спроведувана од "разбиената реакција и капиталистичките елементи на селото". Пласираната парола: "или во задруга или во Турција" се оценува како обид да се внесе незадоволство сред турските маси, да се компромитира власта, политиката на братството и единството и колективизацијата. Затоа се бара поголема будност на активистите и месните селски органи на власта за спречување на непријателските активности и иницијативи за иселување. Притоа, дури и претставниците на Исламската верска заедница во НРМ биле принудени да дадат посебна изјава во која се поддржува политиката на колективизација на селото која ќе ги доведе селаните Албанци и Турци до подобар живот. Истовремено се "осудуваат поедини реакционерни шехови и оџи" кои настапувале со тврдењето дека задругите не биле во согласност со исламските прописи.
Според некои податоци, во периодот по Втората светска војна, од Македонија се иселиле околу 150.000 Турци и исламизирани Македонци. Ова иселување на Турците имало реперкусии врз општото раздвижување на сите популации од муслиманска вероисповед од Федерацијата, особено од Косово, Санџак, Босна и Херцеговина и Црна Гора кои како река започнале да се слеваат во Македонија. Така, во текот на иселувањето на Турците од Македонија, бил забележан поголем прилив на доселени лица, особено во градовите, и тоа најпрво и најповеќе, во градот Скопје. Подоцна доселените лица почнале да се населуваат и по другите градови во НРМ, како во Титов Велес, Куманово, Штип и во околните села во Скопска и Битолска околија. Првиот бран на доселени лица имале наводна цел да живеат една година во НРМ, а откако се здобијат со републичко државјанство, да бараат "отпуст од државјанството на ФНРЈ и НР Македонија" заради преселување во Турција. Ова доселување на лица од другите делови на Федерацијата се вршело во поголеми или помали групи, цели семејства, а датирало некаде од 1951 година. Само во периодот од 1951 до мај 1956 година биле евидентирани 17.257 доселени лица, односно толку уредно се пријавиле, додека се претпоставува дека имало доста голем број неевидентирани доселеници. Според евиденцијата, овие лица се населиле во следните околии: Скопска - 15.187, Битолска - 591, Охридска - 4, Тетовска - 105, Кумановска - 83, Титоввелешка - 873 и Штипска -504 лица. Најголемиот дел од доселениците биле Албанци и потекнувале од: Косово - 10.959 лица, Санџак - 4.360 лица, Црна Гора -1.110 и Босна и Херцеговина - 828 лица.
Приливот на население со муслиманска вероисповед се интензивирал од месец до месец, така што, официјалните власти не можеле точно да го утврдат бројот на доселените лица. Според националната припадност, "овие лица, главно, биле Албанци кои не можеле во своите републики да добијат отпишување од државјанство, така што ја користеле ситуацијата за стекнување на републичко државјанство на НРМ", со кое, подоцна, би имале можност да бараат отпишување од државјанство на ФНРЈ. Меѓутоа, веќе во почетокот на 1956 година над 12.000 доселени лица купиле неподвижен имот во градовите и селата, така што, најголемиот дел од нив воопшто и немал намера да замине за Турција.
Судрени со бранот на новодоселени Албанци, властите во НРМ преземале извесни мерки за сопирање на стихијното доселување. Но, овие мерки не биле и не можеле да бидат доволно ефикасни со оглед на уставното начело дека "граѓаните на ФНРЈ можат слободно да се настануваат каде што сакаат". Покрај поделбата на НРМ на две зони - дозволена и забранета за иселување, државните органи во НРМ, а специјално за градот Скопје, преземале и други мерки за да го спречат населувањето на лица кои доаѓале во НРМ, условно, само заради иселување во Турција. Но и покрај сите овие пречки, доселувањето не можело да се сопре и тоа продолжувало и натаму, при што, поголемиот дел од доселениците засекогаш останале во НРМ. Според некои непотполни податоци, зашто нивниот број бил далеку поголем, во 1959 г. биле евидентирани 22.776 лица. Ова е бројка на лица кои официјално добиле републичко државјанство на НРМ, а за оние диви, непријавени никој не ја знае статистиката. Овие доселени лица, биле евидентирани во следните околии: 1.341 во Битолска околија, 1.888 во Кумановска, 9 во Охридска, 12.911 во Скопска, 625 во Тетовска, 4.003 во Титоввелешка и 1.999 во Штипска. Најголемиот број од нив потекнувале од: НР Србија - 1.842 лица, од Косово - 12.972 лица, од Санџак - 2.965, од НР Босна и Херцеговина - 2.147 и од НР Црна Гора - 2.850 лица.

--- надополнето ---

Трендот на зголемување на процентот и бројот на застапеност на албанското население во етничкиот состав на Македонија е присутен и денес, зошто покрај енормниот наталитет (23 промили), многу силен е механичкиот прилив од Косово, Албанија и Босна. Во поглед на просечниот број на членови по домаќинство за општините кај кои тој број е повисок од 5 членови, состојбата е следна: Гостивар - 6,09, Дебар - 6,06, Тетово - 5,9, Струга - 5,38 и Кичево - 5,21, односно градовите на Западна Македонија каде е сконцентрирано албанското население. Во 1981 година Албанците изнесуваат 19,8% од вкупното население, а во 1994 година со број од 442.914 жители Албанците сочинуваат 22,9% од вкупното население во Република Македонија. Во некои од наведените општини Албанците се сега мнозинство. Така, во тетовската општина Албанците опфаќаат 73% од населението, во гостиварската 64,34%, кичевската 49,6%, дебарската 45,9%, струшката 44,68 %, скопската 20,7% итд.
11.
Албанското малцинство, речиси во целиот период на постоење на Авнојската федерација, беше фаворизиран етнички елемент, бидејќи на бројните албански семејства државата им обезбедуваше и социјална и здравствена заштита како и бесплатно школување и целата друга инфраструктура, за која средства, главно, обезбедувале оние исти македонски селани кои по репресијата во сферата на спроведувањето на аграрната политика побегнале од селото и влегле во индустријата станувајќи индустриски работници. Денес и натаму државата им служи на повеќе Албанци да ја развијат својата економија, главно сива, да трупаат капитал и да ги остварат сите свои граѓански права, а за возврат тие не прифаќаат ред должности кон истата таа држава. За црната економија и најдоходовниот "бизнис" - оружје, дрога и слично, препуштаме на статистиката на органите за внатрешни работи. Можеби идните историчари ќе можат да ја користат таа статистика.
Албанците не учествуваа во пописот 1991 година, не гласаа за Уставот на РМ, бараат чисто етнички албански универзитет во граѓанска држава, уживаат посебна квота за упис на нивните кандидати во високошколските институции, масовно се вооружуваат, ги штитат терористите од Косово, ниту еднаш на ниту еден собир албанските политички сили не го истакнале знамето на државата каде живеат - Република Македонија, со што јасно го покажуваат нивниот, генерално, негаторски став кон таа држава итн. И сето тоа би било логично кога не би го помнеле Косово во рамките на СФРЈ, кадешто Албанците имаа и свој Универзитет и Академија и бројни други албански институции кои ги немаат повеќето малцинства во демократска Европа. И покрај тоа, Албанците не беа задоволни. Барањето "Република Косово" беше етапа во далекусежните цели за остварување на концептот за "Голема Албанија", а сето тоа се провлекуваше и остваруваше со децении, чекор по чекор, со систематско етничко чистење на просторите на зацртаната идејна карта на албанската иредента.
Процесот на етничко чистење и истовремена албанизација на Западна Македонија отишол доста далеку и со ништо не е сопрен. Денес Албанците полека се населуваат во предели во кои до сега никогаш ги немало. Бранот на бегалци од Косово ја преплави Република Македонија, а официјално с&иеџцл; уште не се знае колкав е бројот на Косоварите што останаа тука.
Така, може да се заклучи дека во периодот од 1944 до денес, во Република Македонија се одвиваат процеси кои одат на штета на македонската нација на овие балкански простори. Во промената на етничката структура на Западна Македонија, покрај енормниот наталитет на Албанците и механичкиот прилив од соседните простори, посебна улога имаше несихронизираниот процес на деаграризација, индустријализација и урбанизација на Македонија како резултат на промашувањата на државата во аграрната и економска политика во глобала. Под насилството на низата административни мерки на селото, од кои, во голем степен, било поштедено албанското население, македонско селанство бега од селото, а празниот простор се пополнува се Албанци. Покрај тоа, своја улога игра и исламот што некои големоалбански политички сили, во голема мера, го користат за идентификација на нацијата и религијата врз албанска основа.
Западната дипломатија, плашејќи се од руската доминација на Балканот, вешто го искористила албанскиот елемент. Таа успеала во спречувањето на ширењето на "словенизацијата", до степен во кој македонската нација е сосема десеткувана, а Македонците дури во 1991 г. добија своја самостојна држава како граѓанска во која се силни притисоците за федерализација како чекор кон сецесија на Албанците. Притоа, со притисок, поткупување и вешта дипломатија, а ако треба и со пукање, повеќето албански политички водачи и екстремна емиграција, користејќи ја племенско-колективистичка свест на својот народ, и понатаму стојат на позицијата за "етнички чиста голема Албанија".
Идејата и фикцијата за "Голема Албанија" ќе биде натамошен извор на војни во Европа наспроти декларативните европски залагања за сожителство, меѓуетничка толеранција, мултикултурализам. Албанскиот етноцентризам, гетоизација на сите нивоа, од политичко до образовно и културно и етничкото затворање, енормниот наталитет и заостанувањето во процесот на еманципација на жената, се антипод на сите европски залагања. Затоа останува и прашањето: како Европа ќе излезе од оваа противречност во која самата длабоко забраздила?
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.099
Поени од реакции
174
Планираната Албанија од крајот на 19 век чии територијални граници беа поголеми од етничките, опфаќала делови кои, по распаѓањето на Турција, во 20 век, ќе влезат во други држави. И покрај тој факт од новата историја, идејата за "Голема Албанија" станува опсесија и "национална цел" на Албанците. А таа национална цел содржеше и програма за формирање на етничка Албанија во рамките на обележаната територијална Албанија каде Албанците беа малцинство. Започнува големиот поход за албанизација на овие територии, и тоа на неколку начини: со колонизација (механички прилив) и населување на Албанци на етнички неалбанските територии; со насилство над словенското христијанско население и негово принудно иселување од одредената територија; со албанизација на другите етнички групи од исламска вероисповед итн., до стратегијата на огромниот наталитет која е евидентна во Македонија во периодот по Втората светска војна, односно во нееднаквиот природен прираст на Македонците и Албанците во Република Македонија на штета на Македонците.
Нови иницијативи за создавање на Албанија, која во почетокот на 19 век била првенствено географски поим, настанале за време на албанското движење за автономија од 1909 до 1912 година. На собирот во Битола, во 1909 г. албанските претставници избрале Комитет за национално обединување и го обновиле барањето за автономна Албанија во границите на скадарскиот, косовскиот, битолскиот и јанинскиот вилает. Со слични барања настапил и Комитетот за одбрана формиран во Скопје во 1910 г. Овој Комитет, на почетокот на Балканските војни, во 1912 г. ги повикал Албанците да застанат во одбрана на турскиот територијален интегритет, истовремено врзувајќи ја својата политичка судбина за стратегиските интереси на австроунгарската и италијанската балканска политика.
Сето тоа, но и благодарение на стратегиските интереси на Италија и Австро-Унгарија на Балканот, вродило плод. На 28.11.1912 г. била прогласена независноста на Албанија. Истовремено, барањата за формирањето на Албанија во планираните вилаетски граници не престанале на меѓународен план. Затоа, не случајно, во Дневникот на италијанскиот министер за надворешни работи од периодот помеѓу двете светски војни, грофот Ќано, стои дека албанската иредента е "она мало светло на дното на ходникот" кое секогаш може да се разгори до потребни размери.
Начелото - Албанија на Албанците веќе беше поставено за национална цел. Истовремено продолжи и се засили ангажирањето на бројни политички сили и организации кои, и по склучувањето на Версајскиот мировен договор по Првата светска војна, продолжија со политиката на албанскиот иредентизам, барајќи приклучување на сите територии кои се сметале за "албански", без разлика колкав е бројот на албанското население што таму живее. Ваквите стремежи на Албанците наидувале на подршка од италијанската дипломатија во целиот период меѓу двете светски војни, а во текот на Втората светска војна дојде и до формирањето на фашистичката творба "Голема Албанија".
3.
Во периодот по 1941 г. во Западна Македонија се одвиваат поинтензивни етнички промени чија основна карактеристика е продолжувањето на процесот на албанизација, започнат некаде по Карпошевото востание, политички зацртан со концепциите за "Голема Албанија" по 1878г. и 1912г, а повторно интензивиран во текот на Втората светска војна во рамките на формирањето на квинслиншката држава Шипнија односно творбата "Голема Албанија" под протекторат на италијанскиот фашистички окупатор.
Масовната вклученост на албанското население во протежирањето на фашистичка Италија, помеѓу другото, произлегуваше и од ставот дека фашизмот го реши "албанското прашање". Минувајќи ги воените години во услови на постојани пропагандни пораки за "нова", "голема", "етничка" и "територијална" Албанија, ова население и покрај политичката (фашисти и антифашисти), идејната (комунисти и други политички сили) и верската поларизација (муслиманство-христијанство) било под силна индоктринација за остварена национална држава. Таквата свест била голема препрека и на разгорувањето на антифашистичкото движење кај Албанците во Западна Македонија.
За време на постоењето на фашистичката творба "Шипнија", албанската интелигенција, која не била бројна, одиграла важна улога сред шиптарското малцинство во окупирана Вардарска Македонија, превземајќи ја врз себе улогата за "подигање на албанската национална свест". Со оглед на тоа што во Македонија имаше "многу мал број интелектуалци (од кои добар дел беа со окупаторот) оваа улога ја презедоа интелектуалците од Албанија, кои во суштина беа еден од најважните фактори сред шиптарското малцинство, а меѓу кои имаше извесен дел на напредни луѓе".
И покрај фактот што сред албанските интелектуалци во текот на Втората светска војна имало и "напредни луѓе", односно антифашисти кои го помагале НОД во Македонија, сепак "сите овие по прашањето на западниот дел од Македонија беа на истата линија со реакционерните учители, т.е. да западниот дел од Македонија требе да се обедини со Албанија". Овие интелектуалци, дојденци од Албанија "имаа голем одраз во албанските маси, а посебно помеѓу новата албанска интелегенција" која под нивно раководство се создавала во Македонија.
Според повеќето оценки на овој период, "албанските маси, особено во западниот дел - Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар масовно биле опфатени од балистичкото движење на национална база за велика Албанија". Притоа еден дел од албанското население биле предводници на масите за создавање на "Голема Албанија" која им ја ветувале италијанските фашисти, а потоа германските, а најголемиот дел од масите, свесно или несвесно биле опфатени од националистичката еуфорија на таа идеја.

--- надополнето ---

Dali smeam da odam ponatamu:Posleden tekst:

Албанците ги "чистат"Македонците од Западна Македонија уште од 1945
Пишува: Д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет - Скопје

Од своја страна, КП на Албанија, формирана во ноември 1941 година, со очекување најпрво да се определи положбата на Косово и Метохија, но и на другите делови на "Голема Албанија", останала на позициите на албанските иредентисти и националисти. Критикувајќи го обединувањето на Албанија врз "фашистички основи", и според проекциите на Бали комбатар, Легалитет, Втората призренска лига и Независните националисти, кои повикувале на "етничка" Албанија, Енвер Хоџа го образложувал концептот на КПА со зборовите: "... ние не сме ни за голема нити за мала Албанија туку единствено за Албанија која како земја и нација ќе претставува единствена целина". Очигледно дека албанските комунисти биле опседнати од идејата за таквата Албанија, која ја негувале и во целиот повоен период. Сепак, во годините на вопоставувањето на картата на "анитфашистичкиот свет" во 1945-46 година, Енвер Хоџа не се обидел да го покрене прашањето за статусот на Косово и Метохија и на други тогашни југословенски делови (Западна Македонија) кои биле зацртани во картата на "Голема Албанија". Само благодарејќи на залагањето на комунистичкиот режим во Југославија, Албанија на Париската мировна конференција во 1946 година го избегнала статусот на соучесничка во кругот на фашистичките сили и била ставена во редот на земјите кои дале придонес во борбата против фашизмот. Како брзо да се заборавило на трагичните злодела на албанскиот окупационен режим и на неговите помагачи и експоненти.
Останувајќи под советскиот идеолошки чадор и несомнено под југословенска контрола, свесен за Сталиновата благонаклоност кон Тито дека може да ја "проголта" Албанија, Енвер Хоџа се притајува во своите националистички стремежи. Меѓутоа, југословенско-советскиот судар од 1948 година и политиката на Информбирото, делувале во правец на радикалната промена и на ставовите на Енвер Хоџа во однос на Тито и Југославија. Примајќи инструкции од Сталин, Енвер Хоџа ја критикува Југославија за империјалистичкото однесување кон Албанија и ја започнува повеќедецениската иредентистичка кампања со извиците: "Албанија на Албанците" и "Албанија е единствената религија на Албанците". Оваа политика имаше бројни следбеници и во границите на Албанија и особено надвор од неа, кои и по паѓањето на комунистичкиот режим на Хоџа се конзистентни во таквите определби. Во целиот период по 1948 година, Енвер Хоџа настапува со агресивна пропаганда против Југославија, уфрлуваќи бројни агенти на Сигурими во Македонија, распирувајќи ги "романтичните големоалбански идеи" од 19-от век. Дури, во 1961 година, југоловенската влада издава Бела книга во која ги внесува сите упади, убивства, погранични провокации и други антијуголовенски дејствија на албанските власти за периодот 1948-1961 година. Во 1959 година забележани се шовинистички настапи во Охридската околија кои се својата екстремност биле најизразени во Струшко и Дебарско. Дошло до судење на некои врбувани граѓани од НРМ во служба на албанската Сигурими. Во есента 1968 година се случија немири во Тетово и Гостивар под влијание на немирите на Косово истата година. Под паролата за употребата на албанското знаме беа јасно изразени сепаратистички тенденции на албанската народност во СРМ, според косовското сценарио.
А што се случуваше на етнички план во Македонија по завршувањето на Втората светска војна и прогласувањето на македонската државност, на 2 август 1944 година? Процесот на етничкото чистење на Западна Македонија, на штета на македонското население продолжува со несмален интензитет, без оглед на фактот дека сега тоа не се остварува под туѓински власти, туку во ослободената македонска држава. Паролата за братство и единство останува само парола бидејќи во тоа братство и единство се споиле луѓе и народи, политички и национални стремежи на кои, Македонија, таква каква што излегла од антифашистичката народноослободителна војна, не им била иста цел, нити им била некоја посакувана иднина. Сонот за "Голема Албанија", под патронатот на албанската држава, останал крајниот национален идеал на бројни политички сили на Албанците вон границите на Албанија, така што, во тие рамки, продолжува и процесот на албанизација на Западна Македонија. Наспроти Албанците, македонската раководна политичка структура и македонските политички сили, воопшто, од завршувањето на Втората светска војна па до денес, заробени во секојдневниот прагматизам, немаат консензус за една целосна национална програма ни обмислена (или реализирана) конзистентна популациона политика како нејзин составен дел, но и како програма за иднината.
6.
Во нашите историографски истражувања дојдовме до заклучокот дека, помеѓу другите, и неколку клучни причини, главно, во периодот 1945-1953 година, кога новата држава настојува да "воведе социјализам" со административен притисок, одат на рака на оваа перманентна и долгорочно осмислена програма на движењето за "Голема Албанија". Како најосновен и најбитен фактор кој предизвикал трајни миграции на македонскиот народ од Западна Македонија и тоа најпрво на релацијата село-град, а потоа и трајно иселување во странство, била аграрната политика, спроведувана во рамките на прифатениот советски модел на економска политика.
Една од мерките кои најдиректно и масовно го погодуваат македонското селанство и која во голем степен ја иницира депопулацијата на пасивните планински села била забраната за одгледувањето кози на територијата на НРМ која почнува да се спроведува од септември 1947 година. Во периодот од 1947 - 1949 година македонскиот селанец во планинските села води своевидна битка со државната администрација да ја сочува својата коза како еден од основните извори за прехрана на семејството. Козите биле уништувани масовно, без некоја посебна грижа за тоа што ќе биде со семејствата на кои тие им биле речиси единствен извор за прехрана (со месо, млеко и млечни производи), бидејќи селаните во најголем број случаи не добивале некој друг вид домашни животни како соодветна замена. Со акцијата за забрана на одгледувањето кози, бројот на козите во НРМ опаѓа од 516.831 во 1947 година на 41.671 во 1950 година.
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.099
Поени од реакции
174
Барања за територија, а не за етнички права
Пишува: Д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет - Скопје

Во текот на 20-от век, на тлото на Македонија, се случуваат бурни, пресудни и далекусежни промени, при што, на меѓуетнички план, во нејзиниот западен дел денес се сретнува една карактеристична состојба востановена со османското завладување на Балканот во 14 век. По пат на колонизација на турско и друго население од муслиманска вероисповед, по пат на исламизација на христијанското население како и миграции на одделни етнички групи, посебно со населување на Арнаути од Албанија по Карпошевото востание (17 век) во Македонија, се одвиваа процеси кои денес резултираат во далеку одминатото етничкото чистење на западниот дел од Република Македонија и негова албанизација. Ваквата албанизација, во голем степен, претставува дел од обмислена и далекусежна планска акција на одредени албански политички сили во реализацијата на идејата за "Голема Албанија" како етнички чиста држава на сите Албанци на Балканот.
1.
Почетоците на големоалбанската идеја можат да се следат од прагматичниот став на турската Порта, која, со цел да ја добие поддршката од Албанците пред отворањето на Источната криза, 1875-1878, им ветила создавање на автономен "арбанашки вилает" со центар во Битола. Врз таа основа, првенците на Албанскиот комитет ("Стамболиски комитет" формиран во есента 1877 г. во Цариград) - Абдул Фрашери и Пашко Васа, разработиле план со кој барале од Портата ветениот албански вилает да ги опфати просторите на скадарскиот, јанинскиот, битолскиот и косовскиот вилает. Во врска со тоа, тие веднаш покренале политичка акција кај дипломатските претставници на големите сили во Цариград и организирале агитација помеѓу Албанците. Како резултат на овие активности следувал меморандумот од 24 април 1877 година до Портата во кој биле назначени просторите на споменатите вилаети.
Поразите на Турција во војната со Србија, Црна Гора и Русија окончани со Санстефанскиот мир, биле искористени за нови албански побарувања до Портата формулирани со нов меморандум од 30 мај 1878 г. Бидејќи тоа беа и денови на завршните подготовки за Берлинскиот конгрес, албанската пропаганда несопрена од османските власти фаќала с&цент; поголеми корени. На 10 јуни 1878 г., во Призрен е формирана "Призренската лига", во чии рамки, Абдул Фрашери оформил радикален предлог за територијата на идната Албанија. Според овој предлог, идната албанска држава требало да вклучи четири единици (шалуци), односно во таквата територијална Албанија влегувале: 1. јужна Албанија, со Епир и Јањина; 2. северна и средна Албанија, со подрачјата на Скадар, Тирана и Елбасан; 3. Македонија, со Дебар, Скопје, Гостивар, Прилеп, Велес, Битола и Охрид и 4. Косово со градовите: Пеќ, Ѓаковица, Призрен, Митровица, Приштина, Гњилане, Прешево, Куманово, Нови Пазар и Сјеница. Во рамките на овие планирани единици за формирање на идната албанска држава, Албанците понекаде сочинувале околу 30% од вкупната популација, некаде биле во занемарлив број, а некаде сосема ги немало. Ова, само за себе, зборува дека бранењето на "етничките причини" за фомирањето на Голема Албанија воопшто не држат и дека тие не биле во содејство со територијалните побарувања.
Имено, кога се зборува за етничкиот состав на населението во Македонија (во нејзините етно-географски граници), на крајот на 19 и почетокот на 20 век односот на бројот на словенското и албанското население е повеќекратно поголем во корист на словенското население. Така, според некои, на крајот на 19 век во Македонија живееле приближно 2.250.000 жители од кои околу 1.181.000 биле од словенско потекло, а од останатото население најбројни биле Турците, а потоа Грците. Според д-р Крсте Битоски кој изнесува неколку извори на податоци за етничкиот состав на населението во истиот период, во Македонија живееле 997.000 Македонци (население со словенско потекло), 542.000 Турци, 272.000 Грци, 152.000 Албанци и останато население - Власи, Евреи, Роми итн.
2.
Барањата на Албаците, во извесна мера, биле добродојдени за австроугарската дипломатија која сметала дека Албанците можат да бидат употребени за сопирање на рускиот панславизам на Балканот. Ова особено било нагласено по руското "санстефанско решение" на Источната криза кое било спротивно на австриските интереси на Балканот. Така, пласирајќи го концептот за идната Албанија низ страниците на виенскиот печат, Абдул Фрашери успеал да го заинтересира и шефот на австроунгарската дипломатија Ѓула Андраши.
Од призренските договарања и собири, во средината на јуни 1878, бил испратен и меморандум до Конгресот во Берлин во кој се бара признавање на територијалниот интегритет на "албанската земја", кое всушност е исистирање на формирање на Албанија во назначените територии од страна на Портата на планираниот "арбанашки вилает". На Берлинскиот конгрес не е разгледувано албанското прашање, но, сепак, кај дипломатските представници веќе биле изродени политичките размисли за употребата на Албанија и Албанците како територијална и етничка брана на "словенското ширење". Така, на почетокот на 20 век, австроугарскиот генералштаб во пораката на царот Јосиф, посебно нагласил: "Во случај Турција да биде разбиена, ние мораме да го земеме Косово за трајно да ги разделиме Србија и Црна Гора и да осигураме пристап кон Албанија, која обавезно мора да припадне на нашата сфера на моќта".

Ova e osobeno vazno za nas...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.924
Поени од реакции
83.171
Ме интересира нешто:
На пример: во село или населба, во изминатата година се доселиле три албански фамилии и со тоа го зголемиле процентот на Албанци во тој микропростор (на пример: од 0 на 13%).

Овој случај не го сметате за доселување?
А дали не сметате дека е дел од историјата на тој микропростор?
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.099
Поени од реакции
174
Ме интересира нешто:
На пример: во село или населба, во изминатата година се доселиле три албански фамилии и со тоа го зголемиле процентот на Албанци во тој микропростор (на пример: од 0 на 13%).

Овој случај не го сметате за доселување?
А дали не сметате дека е дел од историјата на тој микропростор?
Od ednostavna pricina,tie toa go smetaat kako starosedelstvo...od sekogas si bile tamu...a faktite igraat najmala uloga...
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Ни едно село или град од оние села и градови во Македонија каде што се доселени Албанците нема Албанско име. Значи, тие се доселувале во веќе оформени, крстени и населени градови и села. Дури, и во средновековната топонимија не се среќаваат Албански топоними (како изгледаат Албанските топоними
- баш би сакал да знам - такви топоними за воља на вистината скоро и да нема ниту во денешна Албанија).
Кога едно село или град се оформува, гради, конституира - оној што го конституира, кој го гради и населува истиот тој град или село - тој и го именува. Дали некој мисли дека сме глупави или со сила сака да не направи глупави со извртување на тезите : не знам. Ама дека не може да имаме староседелци Албанци (!?) во населби кои имаат Македонски имиња - тоа го знам.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Многу е јасно кој е тука староседелец,а кој доселеник,и апсолутно е јасно зошто тоа не се признава....
Проблемот останува на теренот,а тука лошо стоиме и како сме продолжиле ке нема кој да ја раскажува вистина...
 

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Ни едно село или град од оние села и градови во Македонија каде што се доселени Албанците нема Албанско име. Значи, тие се доселувале во веќе оформени, крстени и населени градови и села. Дури, и во средновековната топонимија не се среќаваат Албански топоними (како изгледаат Албанските топоними
- баш би сакал да знам - такви топоними за воља на вистината скоро и да нема ниту во денешна Албанија).
Кога едно село или град се оформува, гради, конституира - оној што го конституира, кој го гради и населува истиот тој град или село - тој и го именува. Дали некој мисли дека сме глупави или со сила сака да не направи глупави со извртување на тезите : не знам. Ама дека не може да имаме староседелци Албанци (!?) во населби кои имаат Македонски имиња - тоа го знам.
А да ми кажеш зошто ден денеска има албанци со презиме на крај ски, например Хајдаровски, Беќировски и така натака, значи зборам за албанци не торбеши, е кога ке ми одговориш што било причината да се додаваа ова ски, тек тогаш можеш да си го користиш фактот погоре со имињата и да се обидуваш да тврдиш ко глуп дека албанците не се староседелци во Македонија?!

Имињата на градовите се смениле повеќе пати, зависно од тоа кој во кое време владеел со истиот. Некогаш Скопје се нарекувал Скупи и бил главен град на Дарданија, но денеска тој се нарекува и се знае како Скопје, но никогаш не се знае може утре пак ке се нарекува Скупи, како што му е вистинското име.

Но се поставува прашањето дали сте вие староседелци во македонија, и како го докажувате тоа, само ве молам немојте да се обидувате со ниски удари, како ова погоре.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom