Тито и Македониjа

Дали е Тито предавник или херој?

  • Предавник

    Гласови: 12 66,7%
  • Херој

    Гласови: 6 33,3%

  • Вкупно гласачи
    18

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Тоа го наведов индиректно (Југославија е вештачка држава) погоре.




Ако мислиш за оние на голи оток ги има доста и до ден денес (освен вистинските патриоти)
Сите држави се вештачки творби. Државата не е природфна појава туку човечка креација.

Тито и

Македонците во пиринско - по неколкугодишна културна автономија, розеви соништа за обединување во рамките на нереалната Титова амбиција Балканска федерација....оставени на цедило да гниат по Бугарските затвори

Маскедонците во егејско - масакрирани, оставени на цедило од Сталин, подоцна и тито кој беше логистика за операциите, преживеаните, наместо населени во западна Македонија...расеани, што подалеку од матичната земја. масакарот премолчен и закопан во договор со грчките власти.

Македонците во Алабанија - до вчера не знаев дека ги има

Македонците во вардарско - непропорционален развој, затварања ликвидации, и ограничена слобода.




и како да не го сакаш после тито...
Бизано ама вистинити и покрај сите овие работи кои се вистинити Тито од сите предходни владетели бил најфин кон Македонците :pos2: :vozbud:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
1.Сите држави се вештачки творби. Државата не е природфна појава туку човечка креација.


2.Бизано ама вистинити и покрај сите овие работи кои се вистинити Тито од сите предходни владетели бил најфин кон Македонците :pos2: :vozbud:
1. Не се сложувам со тоа, штом е формирана од еден ист народ (по негова желба) значи е "природно" создадена. За ЈУ се мисли улогата на големите сили при создавањето и функционирањето како федерација.

2. Па може да се каже така.:smir:
 
Член од
14 септември 2009
Мислења
118
Поени од реакции
9
Штом го кажувам значи верувам. И не за Велика Бугариа, а за свободна и цела Македониа.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
И таа возможност можеше да се ос'штестви единствено ако така нареченио окупационен корпус не беше изтеглен од Македониа, западна Тракиа и западните покраинини до Ниш.Тогава можеше да имаме цела Македониа дури и като една конфедациа со Бугариа, като една Швеицариа на Балканот. Конфедерациа в којато, можеше да се говори на источен и западен б'лгарски и мекедонски езици.
Еееее можеше ама да не беа Бугарите Нацисти и да не водаат ваква антимакедонска шовинистичка политика кој за чудо и жал опстојува до ден денешен.... Јебига „тражили сте гледајте“. 4 пропаднати обиди за присвојување и окупација на Македонија и пак стартата песна. Грците се во право што ве викаат хондокефалост не ви иде памет и не ви иде бетер сте од Милошевиќијете Србите...Трагедија :uvo:
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
во прилог на дискусијава еве еден дел од интервју со интервЈу: ТОДОР ЧЕПРЕГАНОВ, ДИРЕКТОР НА ИНСТИТУТОТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА
Секој народ мора да се соочи со својата историја

Исто така е и на Второто заседание на АСНОМ кога имате две струи - тука ви е Методија Андонов-Ченто со линија која што е национална. На заседанието Ченто му се обраќа на Светозар Вукмановиќ-Темпо со зборовите: "Што барате, ја завршивте работата и можете да си одите, оставете не сами..." Но, тука има и притисоци од странските мисии кои што ја следат ситуацијата и кои не дозволуваат да се формира независна држава Македонија. Тие бараат таа да биде во рамките на Југославија. Затоа Ченто, кога дојде од Вис, кажа дека одлуките не се прифатени доброволно, туку дека тие се наметнати. Тито велеше дека македонското прашање не треба да се поставува "акционо" и дека ќе биде поставено на меѓународната конференција. Подоцна излезе дека Тито не го оствари ветувањето и тоа прашање не се постави на ниту една конференција. А Словенците и Хрватите своите прашања околу Истра и други територии си ги решија уште во текот на војната. Значи, имаше една констелација на меѓународни сили која влијаеше врз целокупната состојба.



Пресметка со

национална линиЈа



lВо што се огледуваше таа меѓународна констелација на силите која влијаеше врз македонското прашање во тој период?

- Британците беа силно заинтересирани за Грција. Тие се спротивставија на формирање на една словенска федерација , а се согласуваа само со варијанта да се формира балканска федерација со балканските држави и со Грција во нејзините рамки. Формирањето словенска федерација како што ја заговараше Тито со Бугарија, беше опасност за Британците затоа што тие знаеја дека зад тоа се крие Советскиот Сојуз. Лондон се плашеше дека ако се направи јужнословенска федерација во која ќе влезат овие словенски држави дека Грција ќе остане сама и дека во неа ќе дојде комунизмот. Околу Македонија во тој период има многу игри. Британските документи се многу јасни. Черчил во писмото до Рузвелт за јужнословенската федерација и за обединета Македонија е многу дециден велејќи: "Македонија само во рамките на федеративна Југославија..., Јужнословенска федерација само со сите балкански држави..., друго не може да дозволиме". И Рузвелт после му одговара: "Го јаваме истиот коњ", односно, позицијата во однос на Македонија била заземена.

Како и да било, првото заседание на АСНОМ претставува голем чин. А нам, на историчарите, политичарите од тогашната национална линија постојано ќе ни биде тема на обработка. Тогаш се удрени темелите на македонската држава. Во Президиумот на АСНОМ на чело со Ченто се поголем број луѓе од старата група на ВМРО, од ВМРО-Обединета, кои имаа идеал за држава Македонија. Тие почнаа и така да делуваат. Британските документи се многу јасни во тој поглед. Тие кажуваат дека Македонците почнаа да се одделуваат од централата во Белград. Британците реагираа дека во Македонија се случуваат настани кои одат надвор од предвидената шема и дека Македонците работат премногу самостојно и побараа Тито да реагира. Во декември месец 1944 година Михајло Апостолски бара од британските мисии да ја напуштат Македонија. Тој изјавува: "Ние се ослободивме и нема тука што да барате".

Но, шефовите на британските и американските воени мисии реагираат до нивните претпоставени во Белград. Во тој момент Тито интервенира, дури вели дека "Апостолски нема никаков авторитет во Македонија и дека тоа го прави самоволно без консултации одозгора" и се создава една замрсена ситуација. Стигнува писмото од Тито дека мисиите мора да останат во Македонија и дека е решена целата работа.

lКога и како се случил преломот, како се "реши целата работа"?

- Тито сепак гледа дека не може да го има под контрола процесот во Македонија. Британците бараат да се преземе нешто. Во декември 1944 година е одржано Второто заседание на АСНОМ на кое од Белград доаѓаат Едвард Кардељ, Светозар Вукмановиќ-Темпо и други. Ченто поднесува извештај за работата, а по него настапува Кардељ со излагање во кое ги осудува Македонците дека сакаат да формираат сопствена држава. А Темпо, кој претходно на заседанието на АСНОМ изјавил дека "Македонците се бореле за обединета и независна Македонија и самиот видов дека три дела желбата им е Македонија да се обедини", тогаш изјави дека во Македонија постојат сепаратистички и антикомунистички елементи кои што работат против југословенска федерација и дека со тоа треба да се прекине. На заседанието само делегати од Пиринска и Егејска Македонија го спомнаа обединувањето, така што членовите на британската воена мисија беа задоволни и во своите извештаи наведуваат дека "македонското прашање не беше спомнато" и дека "можеме да бидеме задоволни, оти се е ставено под контрола".

Наредната година во Белград, на седница на ЦК КПЈ е разгледувано што да се прави со македонските сепаратисти. На седницата на која присуствуваа Тито , Кардељ, Ѓилас, е донесена одлука со сите да се расчистува поединечно. И од тој момент е почнат процес на расчистување со таа групација, со Ченто, со Панко Брашнаров, Петре Пирузе - Мајски, Венко Марковски, Михајло Апостолски, Димитар Влахов..., ја знаеме нивната судбина.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Според "Информацијата за преземените мерки на органите на власта спрема државјани на Р. Македонија за кои во периодот 1945-1993 година се располагало со основани сомненија дека дејствувале за формирање самостојна и обединета Македонија", изработена од МВР во 1993 година, во периодот 1945-1985 година вкупно во Македонија биле откриени 105 илегални групи и организации со над 1.200 припадници, чие дејствување било насочено кон отцепување на Македонија од заедницата на југословенските народи и создавање самостојна и обединета Македонија. Од нив од слобода биле лишени 1.045 припадници на илегалните групи и организации, од кои 242 биле осудени на смрт или на временска казна до 15 години. Во периодот од 1945 до 1980 година се одржале околу 700 политички процеси против членовите и припадниците на тајните организации и групи, на кои биле изречени стотици смртни пресуди и долгогодишни затворски казни. За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14.000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22.000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот Идризово, или вкупно 36.000 досиеја. Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии - револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици-гимназисти, деца на 16 години), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата македонска комунистичка власт само затоа што се бореле за независна Република Македонија и за идеалите на ВМРО. Според неофицијални податоци, во периодот 1949-1951 биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот 'Идризово' биле затворени 2.500 политички затвореници
 
N

n/a

Гостин
Немам у моментов многу време за коментирање `на ангро`...
така да максимално ќе скратам.

Брат ми од дедо ми го има бркано да го убие Тито,
и тоа у повеќе наврати на разни локации низ светов.
Никола Каваја му бил под директна команда,
терористичкиот напад со авиони е нивна `измишљотина`.
Да,
за СОПО и Поп Стоиљко Кајевиќ зборам.

Од временска дистанца,
согледувајќи ги фактите и реалната ситуација на теренот,
мене ми е јасно дека уште 100 год. да го бркале...
пак не би го убиле.
Едноставно...
разликата,
помеѓу нив секогаш би останала како онаа помеѓу Брзата птица итрица и којотот. :)

Сакам да кажам...
било кое гледиште и став, идеологија да го имаш,
мора да бидеш искрен и да признаеш дека Тито бил...
erste klasse.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
И кај ЈБТ има некои разлики:

1. Поарно што не е наш тоа што го правел и сега да плачеме по него ќе биде иронично. (За разлика од вас)

2. За вас сме биле Американци.

3. Имало слобода и не ни требало посебна дозвола за да патуваме од Петрич до Варна.

4. Економски сме биле милион пати појаки од вас.

5. Младината не плачи по него бидејќи не живеела во тој период.
6. Бил 100 пати подемократски кога се во прашање етнички права....Дури и сега Тито може лекции да им држи на таа тема на нив.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
6. Бил 100 пати подемократски кога се во прашање етнички права....Дури и сега Тито може лекции да им држи на таа тема на нив.
Па да .

Каде и да сме одиле секој не нарекувал Македонец.
Дури и Грците во нивните учебници не учеле како Македонци и во атлас не пишувало како МАКЕДОНИЈА.

Мислам дека сликите ги има во форумот Историја.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Тито и

Македонците во пиринско - по неколкугодишна културна автономија, розеви соништа за обединување во рамките на нереалната Титова амбиција Балканска федерација....оставени на цедило да гниат по Бугарските затвори

Маскедонците во егејско - масакрирани, оставени на цедило од Сталин, подоцна и тито кој беше логистика за операциите, преживеаните, наместо населени во западна Македонија...расеани, што подалеку од матичната земја. масакарот премолчен и закопан во договор со грчките власти.

Македонците во Алабанија - до вчера не знаев дека ги има

Македонците во вардарско - непропорционален развој, затварања ликвидации, и ограничена слобода.




и како да не го сакаш после тито...
Тоа ти се вика љубов на прв поглед! :tv:

Бизано ама вистинити и покрај сите овие работи кои се вистинити Тито од сите предходни владетели бил најфин кон Македонците :pos2: :vozbud:
Тито е илузија во македонската претстава, а тоа ќе излегува се повеќе на површина.



6. Бил 100 пати подемократски кога се во прашање етнички права....Дури и сега Тито може лекции да им држи на таа тема на нив.

Подемократски од кого? Од оние со кои склучувал договори за непризнавање на истите малцинства и саботирање на македонските интереси?


Благодарение на Грчко-Југословенскиот (ελληνογιουγκοσλαβική) таен договор, наречен уште “Џентлментски договор“ од 1962 година каде и двете страни се обврзаа да се воздржат од јавна агитација за Македонија, а грчката влада, без меѓународни компликации да може да организира “богата“ програма за асимилација на словенофоното малцинство во 'северна Грција'.

 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Затоа ви се избришани 28 офтопик коментари.

Темата е - Тито и Македонија
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Зборувавме во споредба со другите земји од комунистичкиот блок.:smir:
дека бил дикататор бил, тоа нема сомневање..и тоа со вродена шпекулативност водата да ја носи на своја воденица, најдобро тоа ќе го осетат и луѓето кои му обработуваа на терен како Ранковиќ на пример, исто така и угушувањето на либералните струи по републичките партии ер негово дело, хрватската пролет 71, никезиќ и компанија во србија,Ѓилас и слично.
студентските демонстрации 68 кои беа пред се против начинот на владеење на системот првин на сила ќе ги загушува после демек ќе поентира дека всушност ги разбра и дека треба да се извлече поука од тоа .
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
дека бил дикататор бил, тоа нема сомневање..и тоа со вродена шпекулативност водата да ја носи на своја воденица, најдобро тоа ќе го осетат и луѓето кои му обработуваа на терен како Ранковиќ на пример, исто така и угушувањето на либералните струи по републичките партии ер негово дело, хрватската пролет 71, никезиќ и компанија во србија,Ѓилас и слично.
студентските демонстрации 68 кои беа пред се против начинот на владеење на системот првин на сила ќе ги загушува после демек ќе поентира дека всушност ги разбра и дека треба да се извлече поука од тоа .
Дека бил никој не спори за тоа.
Но не треба да се спори и признавањето на Македонскиот народ како посебен народ (иако не сметале за словени и биле против самостојна и обединета Македонија)

Не сум Југоносталгичар уопште. Само се прашувам што ќе се случило ако не сме биле признаени како посебен народ.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Тоа ти се вика љубов на прв поглед! :tv:



Тито е илузија во македонската претстава, а тоа ќе излегува се повеќе на површина.






Подемократски од кого? Од оние со кои склучувал договори за непризнавање на истите малцинства и саботирање на македонските интереси?


Благодарение на Грчко-Југословенскиот (ελληνογιουγκοσλαβική) таен договор, наречен уште “Џентлментски договор“ од 1962 година каде и двете страни се обврзаа да се воздржат од јавна агитација за Македонија, а грчката влада, без меѓународни компликации да може да организира “богата“ програма за асимилација на словенофоното малцинство во 'северна Грција'.
Е Сега Тито не бил ЈУЕС Стејд Дипартмент да шири демократија и човекови права низ светот. Многу и ти сакаш.

НО факт е дека ЈБТ може да им држи лекции дури и денес на Бојко Рекетаров и Какаманлис на темата Демократија и Малцински Права. А за Тодор Живков, Енбер Хоџа и Полкивницте не треба ни да зборам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom