Тито и Македониjа

Дали е Тито предавник или херој?

  • Предавник

    Гласови: 12 66,7%
  • Херој

    Гласови: 6 33,3%

  • Вкупно гласачи
    18

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
на тапоглавци не можеш да им докажеш некои работи како се одвивале, тие можеби знаат но инаетот не им дава да биде по волја на друг, освен да биде по нивно, така да џабе им обајаснуваме кога не сакат да сватат како се одвивала историјата на овие простори, мозоците им се наполнети со туги идеи и мисли па си мислат дека тие се во право со ограничени неможеш да испаднеш на крај. :toe::toe:
Најубаво е да погледнете околу вас и ќе видите дека се што постои е од тоа време (за жал) и дека денеска тупкаме во место. Се живеело поарно барем така викаат постарите (оние кои биле тинејџери па станале родители за време на тој систем). Идеалите за самостоја и обединета Македонија во тој период се невозможни (исто и за другите држави)

Имаше во основа 3 типа на Голоотокаши од Македонија. Едните беа Стаљинисти и ептен хардкор комунисти и го сматраа Тито за фејкер. Имаше типови кој беа само за независна Македонија надвор од Југославија е тие у основа се делат на 2 типа оние што беа у Бугарашки филм ванчо михајловистички... и оние кој не беа само чисти македонски националисти е овде нема баш некој рекса поделба има многу варијации на сиво во сите 3 категории.
Плус имаше балисти и бугарофашисти кој беа лузерите у војната. Плус и некој тотално не дужни фаци кој беа шутнати во затвор само поради лична одмазда и ништо повеќе од тоа.
Дури има и нешто помеѓу бугарофашисти и михајловисти ама да не ја усложнувам премногу поделбата.
Секој голооточанец е посебна приказан за себе и не е во ред да се ставаат сите во ист кош.
Најголемите патриоти денес се внуци на овакви (подвечените)
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Па имала независност (ако може да се каже автономијата).
Такви биле приликите да не било изводливо да се обедини, освен со Пиринскиот дел но ЈБТ се плашел дека вардарскиот дел ќе се одели од ЈУ.
За обединување со Егеј кажува фактот на граѓанската војна во ГР.
Да,ама сакам да кажам,на еден или на друг начин,постоењето на Македонска држава беше загарантирано право на народо,а Тито беше фактор 0 во однос на то прашање.

Е немој тука некој да ми кукал дека некој ни поклонил држава,има цела НО Армија на Македонија да се преврти в гроб а тие шо се живи ќе не плукнат в сурат.
Си имам дедо,жив беше до пред некое време,да не го згрешеа на операција уште ќе беше жив и знам зошто се бореше,сите од прв до последен се бореа за независна Македонија и ја добија...па ја изгубија.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Најголемите патриоти денес се внуци на овакви (подвечените)
Се надевам дека мислеше на политичарите во спротивно напишаново би било голема глупост. Инаку има позитивни моменти и од таа Југославија не дека не, ама национализации, убиства на македонски патриоти и писатели, уметници и секој оној кој ќе искажел мисла различни од општо прифатената-популарно наречено едноумие и иронично користено од следбеницити на тие кои го спроведуваа во минатото не се забораваат.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Се надевам дека мислеше на политичарите во спротивно напишаново би било голема глупост. Инаку има позитивни моменти и од таа Југославија не дека не, ама национализации, убиства на македонски патриоти и писатели, уметници и секој оној кој ќе искажел мисла различни од општо прифатената-популарно наречено едноумие и иронично користено од следбеницити на тие кои го спроведуваа во минатото.
Заборавив да ставам наводници:smir:

Ти знаеш за кого и кој зборам и си бил сведок и учесник во една дебата нели?:helou:

Да,ама сакам да кажам,на еден или на друг начин,постоењето на Македонска држава беше загарантирано право на народо,а Тито беше фактор 0 во однос на то прашање.
Па дали е фактор 0 не, ЈБТ е некој фактор за тоа (или има некој придонес) но сепак како што наведов предходно и 29 години по неговата смрт неговото дело не е оценето од нашите историчари.
 
Член од
9 мај 2006
Мислења
150
Поени од реакции
7
Е аман, изгледа никој не ја прочита колумната до која дадов линк погоре:

Па тогаш да направам малку copy/paste:
...
Она што ме изненади на самиот празник на независноста, беше хиперболизирањето на македонските економски проблеми, надополнето со сплет од шокантни заклучоци. Сето тоа во режија и интерпретација на поголемиот број електронски медиуми. Па така, деновиве од сите страни се слушаат некомплетни анализи, според кои, осумнаесетте години транзиција биле голема несреќа во споредба со „старите добри времиња“. Дека потребата од приватизација била дискутабилна. Дека транзицијата била голема неправда за обичниот човек-работникот итн. Заклучокот кој следи е многу јасен. Малку фалеше, па осми септември да испадне панихида на СФРЈ, а не роденден на самостојна Македонија.
...
Затоа, еднаш да го расчистиме митот за „старите добри времиња“. Оние што удираат по маса додека го бранат социјализмот, нека ми одговорат на следново прашање: Зошто во 80-тите имаше онолкава инфлација?

Кога се говори за куповната моќ на претходниот систем, како свесно да се одбегнува фактот дека таквата куповна моќ егзистирала само во 70-тите години. Никогаш пред, и никогаш потоа.

Државната интервенција, која се одвиваше паралелно со глорификацијата на личноста на Јосип Броз, не значеше само отворање стопански комплекси. Броз печатеше пари и за потребите на војската, спортот, но и за стопанските субјекти кои работеа нерентабилно. Речиси никој денес не ги спомнува политичките директиви на ЦК СКЈ од 70-тите и од 80-тите до сите стопански субјекти, за тоа колку работни места треба да отворат. Таквите директиви, кои денес се достапни на интернет, морало да бидат испочитувани без разлика на постигнатите резултати (читај „остварен профит“ м.з.). Од тоа време останала и народната поговорка „клати врата, земај плата“. Фактички, тогаш е направен технолошки вишок од работни места кои исчезнаа во почетокот на приватизацијата.
Еден од најактивните производствени погони во тоа време, печатницата за пари во Топчидер, работеше активно со цел да ја задоволи „побарувачката“ која ја создаваа Броз и неговите економски планери. Но, инфлацијата во времето на Броз беше одбегнувана со кредити, па и со донации од „трулиот запад“. Беше тоа награда за политиката кон СССР, но и добар начин да се амортизира монетарната деструкција. Паралелно со печатењето пари во финансискиот систем беа пуштани и девизи, па курсот на динарот не беше драстично нарушен. Се сложувам дека таквото време било прекрасно за живеење. Од една страна продуктивноста по работник паѓа, бидејќи повеќе работници се ангажираат за истото производство, но од друга страна работниците добиваат редовен личен доход, разлики „К-15“, полутки и кашкавал од синдикатот, работнички одморалишта и што ли уште не. Бајките на Маркс и на Енгелс како да станувале реалност, без никој да се запраша од каде му се на Броз сите тие пари.
Во 80-тите години престана кредитирањето. Крајот на Студената војна значеше дека Брозовата држава не е повеќе интересна, особено не за кредитирање. Но, монетарната експанзија продолжи, а со неа и растот на инфлацијата. Оние кои добро паметат, може да потврдат дека просечниот личен доход во Македонија во 1980 година беше еден милион стари динари, а во 1988 година достигна близу една милијарда стари динари. Номинално, во бројки, личниот доход се зголемил речиси милион пати, а фактички куповната моќ е опадната.
Што потоа? Потоа дојде ММФ, кој навистина ја сопре инфлацијата, но беше побарано да се сопре и монетарната експанзија, како и да се спроведат демократски парламентарни избори. И тоа не само кај нас, туку во цела источна Европа. Тоа, пак, значеше не само политичко погребување на системот туку и крај за паричното помагање на државните фирми кои работат со загуба. Стопирањето на инфлацијата, која нашиот стандард можеше да го изедначи со оној на денешен Зимбабве, буквално значеше стопирање на печатењето пари. Работните места што зависеа од таквите пари одеднаш престанаа да постојат. Јадните луѓе, кои останаа без работа, се најдоа во немилост чувствувајќи се измамени, комплетно несвесни дека нивните работни места постоеле само виртуелно. И ако на сево ова, го додадеме и фактот дека приватизацијата ја изведоа некадарни луѓе, односно довчерашните комунисти, луѓе со крива перцепција спрема капитализмот како систем, станува јасно дека целокупната сиромаштија денес е производ на погрешните економски потези во 70-тите, 80-тите и 90-тите години од минатиот век. Од друга страна, економиите од источна Европа, кои успеаја економски да не' надминат, најнапред спроведоа успешни општествени реформи. Тоа им донесе странски инвеститори во голем број, така што цената на работната сила порасна неколкукратно.

Токму тоа е и нашиот вистински проблем. Реалните недостатоци на независна Македонија се бавноста на реформите, социјализацијата на економијата и другите бариери за странскиот капитал. Таквите реформи од источна Европа направија пристојно место за живеење, а не носталгијата по системот „клати врата, земај плата“.
....

Виктор Трифуновски
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
- инаку другарот беше манипулант од невиден калибар , умееше , треба да му се признае. можеше да продаде рог за свеќа кому сакаш и во кое време сакаш.
- всушност тој беше иконата , во која се крстеа со една рака а со другата ја ограбуваа земјата , неговите најверни поддржувачи.
- а за неговата улога во врска со Македонија , погледнете што се случува со македонците во Пиринска и во Беломорска Македонија , па сами извлечете заклучок:toe:.
- зошто Македонија немаше подобар статус во сфрј најмалку ни е крив маршалот туку нашите полтрончиња на кои им беа важни фотељчињата и привилегиичките а не интересите на својот народ.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
- зошто Македонија немаше подобар статус во сфрј најмалку ни е крив маршалот туку нашите полтрончиња на кои им беа важни фотељчињата и привилегиичките а не интересите на својот народ.
Токму така.
Довчера први комуњари и пионери а денес политичари и патриоти.

Истото се случува и денес.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Па колку што знам Стаљин и Тито сакале сите делови на Македонија да бидат споени во една република додуше во составот на Југославија или БалкоСлавија т.е. Југославија + Источнине но во никој случај не самостојна. Е сега зошто тоа не се случило има многу причини.

1. Не било во интерес на Британија и САД зајакнување и ширење на комунизмот.
2. Не било пре виско на нивната агенда имала други приоритети
3. ЕГО-трипови на главните актери
4. Други поситни околности....

Ти што ќе истресеш од ракав? Или носиш маица на прерамки ама ладно е додуше за таква :toe: Ај поздрав Дугар :salut:
Тито бил пред се Британски играч, на балканот.

Кажи ми, дали веруваш дека Југославија со Тито не била во интерес на Британија и САД?

:)

Тито со оневозможувањето на Македонците да тргнат на јужниот фронт, им ја препушти егејска Македонија на Грците - во интерес на Британија.


САД поддржуваше идеја за една автономна Македонска држава меѓу двете светски војни.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.267
Дека имаше политички затвореници - имаше во Југославија. Ама немаше ништо повеќе Македонци од другите. Впрочем имаше такви и во СССР, Бугарија, Румунија, ДДР, Албанија... И тоа за многу помали работи отколку кај нас. Дали Македонија можеше да биде самостојна уште тогаш и уште обединета? Не знам. Можеби, но многу тешко и со премногу жртви. Оние кои страдаа за таа идеја, можеби беа само понаивни и со чисто и храбро срце (не ги сметам тука Бугарофилите и воените злосторници), но едноставно можеби времето и приликите не беа на наша страна, та секоја борба беше залудна. Како и да е, времето на самостојна Р. Македонија дојде, а ќе дојде времето и на обединета Македонија (при некоја друга “претумбација“). Кој тоа ќе го дочека ќе раскажува можеби како некој си форумџија ова го пишал пред толку години...
Целта на претходните написи ми беше : трошите муабети на тоа “што би било кога би било“, а не гледате дека тоа е веќе сега реалност (иако на дел од територијата, се надевам не за долго), но што правиме тоа да остане така и напротив - да се развива на поарно? Какви патриоти ми сте вие со Бугарски пасоши во едниот џеб и Цеца Ражнјатовиќ на I-pod во другиот џеб?
Немојте да ми прераскажувате прикаски за тоа што било некогаш а за тоа знаете само од прикаските на некои некадарници кои ги мрзеше да работат или учат, па затоа не им чинел системот (повторно ги изземам од тој список вистинските патриоти како Ченто и др.). Се одело во затвор или на Голи Оток?! Се оди и сега во затвор, но за криминал, а после ги помилува претстедателот а тие кукаат дека биле во затвор затоа што биле од друга партија. Како да не, учителот ги мразел и затоа им пишал единица.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Извини Кариес, ако не ти се дискутира или темава ти е бесцелна, немораш да учествуваш на неа.

Меѓутоа премногу симптоматично е што секојпат кога ќе чепнеме некое прашање од историска гледна точка, со комунисти, Тито, СФРЈ, Србија, никогаш не е време, секогаш тоа се прикаски, веднаш етикети на бугарофили и сл.

Епа нема нели што да се премолчува, затоа сме овде да си кажаме се што имаме.

Најдобриот дел во сето ова е тоа што можеме истото да го аргументираме, а прикаските нека си ги чува и прераскажува оној кој живее во некој нереален свет.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Тито бил пред се Британски играч, на балканот.

Кажи ми, дали веруваш дека Југославија со Тито не била во интерес на Британија и САД?


Тоа го наведов индиректно (Југославија е вештачка држава) погоре.

Меѓутоа премногу симптоматично е што секојпат кога ќе чепнеме некое прашање од историска гледна точка, со комунисти, Тито, СФРЈ, Србија, никогаш не е време, секогаш тоа се прикаски, веднаш етикети на бугарофили и сл.

Ако мислиш за оние на голи оток ги има доста и до ден денес (освен вистинските патриоти)
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Sekoj sto bese protiv YU i Srbija dobivase i uste dobiva etiketa na bugarofil, ajde da recime i ke prifatam deka imalo i ima takvki, ama jas ke go postavam prasanjeto e dali ne e ist grev da se pripoi Makedonija so Bugarija i Makedonija da bide del od YU ?
Za mene e isto, e sega ako e isto od kade ednite predavnici a drugta strana ( sto ja prifati YU ) da ja velicime i ucime vo istorijata kako heroi megu koj tuka spagaat Kolisevski, Ednookoit i drugi kako niv.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Sekoj sto bese protiv YU i Srbija dobivase i uste dobiva etiketa na bugarofil, ajde da recime i ke prifatam deka imalo i ima takvki, ama jas ke go postavam prasanjeto e dali ne e ist grev da se pripoi Makedonija so Bugarija i Makedonija da bide del od YU ?
Za mene e isto, e sega ako e isto od kade ednite predavnici a drugta strana ( sto ja prifati YU ) da ja velicime i ucime vo istorijata kako heroi megu koj tuka spagaat Kolisevski, Ednookoit i drugi kako niv.
Поголем грев е со Бугарија, поради тоа што во Југославија сите народи беа рамноправни и ги имаа сите права.

Едно е да си под окупација друго е да си во федерација (колку и да не било по наша желба) каде ќе си рамноправен.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Тито и

Македонците во пиринско - по неколкугодишна културна автономија, розеви соништа за обединување во рамките на нереалната Титова амбиција Балканска федерација....оставени на цедило да гниат по Бугарските затвори

Маскедонците во егејско - масакрирани, оставени на цедило од Сталин, подоцна и тито кој беше логистика за операциите, преживеаните, наместо населени во западна Македонија...расеани, што подалеку од матичната земја. масакарот премолчен и закопан во договор со грчките власти.

Македонците во Алабанија - до вчера не знаев дека ги има

Македонците во вардарско - непропорционален развој, затварања ликвидации, и ограничена слобода.




и како да не го сакаш после тито...
 
Член од
14 септември 2009
Мислења
118
Поени од реакции
9
Денес во Бугариа се празнува денот на независимоста/22.09.1908/. Независност от Турциа, пет-вековниот поробител.
И зоштото тука многу се пише за цела, обединета Македониа, с риск некои да ме обвини в опасни мечти за Санстефанска Б'лгариа и обединение в етническите граници искам да споделја една хипотеза.
Хипотеза е зошто таа мечта в'преки многуто воини и жертви дадени в тех не можа да се ос'штестви. По наи различни причини. Едната от които е, оказа се може би наи главната, желанието на македонците да имат отделна , независна д'ржава.Нека да има независна Македониа, макар и не цела.
И отново ако се вратиме на краиот на втората световна воина смеа да тв'рдиа, че имаше возможност Македониа да биде по голема или почти цела. И таа возможност можеше да се ос'штестви единствено ако така нареченио окупационен корпус не беше изтеглен од Македониа, западна Тракиа и западните покраинини до Ниш.Тогава можеше да имаме цела Македониа дури и като една конфедациа со Бугариа, като една Швеицариа на Балканот. Конфедерациа в којато, можеше да се говори на источен и западен б'лгарски и мекедонски езици.
Сега единствената надежда е Европескиа соиуз за обединение на македонците.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom