Демократската европска влада на Р.албанија ќе се залага за побрза интеграција на косова , нели ?
Еви ви го косова :
Косово без европска иднина
Европската иднина на Косово во овој момент е тешко остварлива, поради низа сериозни пречки, оценија учесниците во расправата на американскиот Институт за мир во Вашингтон, пренесува Гласот на Америка.
За Косово да биде успешно во придружувањето кон Европската унија мора да се ослободи од барем четири управувачки структури, затоа што Брисел не прифаќа членки на кои им се потребни ЕУЛЕКС, УНМИК, паралелни институции или Меѓународна цивилна канцеларија. За да се случи тоа, заклучва Даниел Сервер од американскиот Институт за мир, потребно е да се преземат сериозни напори во борба против корупцијата и осигување на вистински третман на српските и други националности".
Енџелуше Морина од Косовската иницијатива за стабилност, нагласува дека речиси е невозможно за Косово да има договорен однос со Европската унија, со оглед на тоа дека пет нејзини членки не ја признаваат косовската независност. Косово исто така не се споменува кога станува збор за процесите на визната либерализација или олеснување.
Затоа, Морина додава дека на Косово се почесто можат да се слушнат антиевропски ставови: "Во овој момент се пораспространето е мислењето дека Косово има подруг третман во однос на другите земји во регионот, посебно во однос на Србија. На неа, како што се изгледа, и е овозможена брза интеграција, додека Косово е блокирано поради ставовите на петте членки и не може да напредува", рече таа.