Дали ќе учествувате во оваа хуманитарна акција со дарување на крв?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе учествувате во оваа хуманитарна акција со дарување на крв?


  • Вкупно гласачи
    81
Па не мора сите масовно да отидат, кој сака може да даде било кога на трансфузиологија во државна. Не мора да се чека ни посебна акција, ни барање да има на форумов.
Јас не можам да дарувам зашто до пред некое време и јас примав крв, и за жал нема да можам никогаш да дарувам, но ќе врбувам луѓе да даруваат, ќе им ги загледувам веничките и ќе ги праќам на трансфузиологија :)
И, стварно знам дека звучи како клише, ама секој што е здрав, прав, ништо не му фали и може да дарува, би требало да дарува крв, зашто секоја ќеса крв е неверојатно битна и може да спаси живот. Не треба да се чека на оние апели кои ги има скоро секој ден дали на фејсбук или на форум, тие се веќе скоро очајнички повик, кога сите други страни се исцрпени.
 
Во петокот давав крв во школо па ни рекоа дека треба да поминат 2-3 месеци за да може повторно да се дава крв, е сега незнам кога ќе биде акцијава ако е во наредниве 2 месеци тешко дека ке дојдам, иначе воопшто не е страшно ниту пак боли, но чувството после тоа е неописливо, затоа треба да го осетите сами. Можете да дарувате крв и ако немате 18 години доколку ке полните во наредните месеци, но ви треба согласност од родител.
 
Да се убацам и јас, само што дадов така да...споро ми отвора конекцијава, не знам за кога е планирана...тешко се листа со спора конекција...али ако е скоро, нема да можам пак...за жал
 
Слаб е одзивот, неможе да се договори сеуште пошто нема доволно пријавени. Абе, не е толку тешко да сте хумани, на некој му е потребно ова, за други работи копчињата ги кршите од пишување, за ова сите спиете. Само 5 во анкетата и уште некој така дали има потврдено. За донирање јас двапати би дал да можев да дојдам до Скопје, и не гарантирам, може и ќе може да бидам тамо на тој ден.
 
Јас чекам термин, за да го потврдам моето присуство.
 
инаку пак ќе повторам немора да чекаме акција на заводот за трансфузиологија може да се собереме сите и да отидеме,зашто минатиот пак се обрукавме...правевме акција а даруваа само 10 луѓе :tapp:

Мислам дека ова е најдобра идеја.
Да се собереме и да одиме да даруваме во заводот само да ги известиме дека ќе одиме поголема група да бидат спремни..
Со оглед на тоа што се пријавени 6 души дека ќе даруваат..да не биде ко минатиот пат..
 
Кискино, да не ви солам памет, сепак имате многу акции организирано, а и и други средби, забави...
дали не е подобро да се повлече некој датум порано оваа акција која се одвива во септември и напролет? Пошто гледам дека одредени лица изјавија дека дале преку школо, кај нас денеска организираа-па морав (не морав ама редот е, сакав) и јас, значи и за институциите овој период е ударен за мобилните екипи...некаде барем пола месец порано, можеби ќе даде поголем резултат. Само како размислување за поатаму, да се избегне ударен период кога се помасовни акции низ државата...
Да не ја разводнувам повеќе темата, ја би толку, ако не држи вакво размислување, ве молам игнорирајте го :smir:
 
ајде налет се обидов во помалите градови да направиме акција пак кајганџиска и џабе...абе ќе одам еве и јас се пријавувам само ќе може датум да ми кажете и локација,мислам навремено да бидам информиран.

едит...7.02 прочитав но некои велат не бил официјализиран уште тој датум
 
Приметив дека младиве генерации губат желба за дарување крв ...
Само да потсетам дека од 16 години па натака смеат легално и со сите „привилегии“ да си даруваат крв. (Не дека некој дарува нелегално :) )
Да не одите на „Не“ поради возраста....
 
Немам 18 и за жал нема да присуствувам на оваа крводарителска акција. :(

Приметив дека младиве генерации губат желба за дарување крв ...
Само да потсетам дека од 16 години па натака смеат легално и со сите „привилегии“ да си даруваат крв. (Не дека некој дарува нелегално :) )
Да не одите на „Не“ поради возраста....
P.S.: Sry, не видов
 
можат да даруваат крв само со наполнети 18 години
На 15 дарував со согласност на родител , од таму ми кажаа со наполнети 16 смеам да доаѓам и без родител...
 
На 15 дарував со согласност на родител , од таму ми кажаа со наполнети 16 смеам да доаѓам и без родител...

А толку ми беше врежано у мозок дека мора да сум 18 годишен!
Ептен ми е кејф да дарувам крв, и си ветив дека на 18ти роденден ќе дарувам XD
Али ете, нема потреба..
Него кажи ми, утре дента моеш комотно да си идеш у школо и сите обврски да ги исполнуваш, нали? о.0"
 
А толку ми беше врежано у мозок дека мора да сум 18 годишен!
Ептен ми е кејф да дарувам крв, и си ветив дека на 18ти роденден ќе дарувам XD
Али ете, нема потреба..
Него кажи ми, утре дента моеш комотно да си идеш у школо и сите обврски да ги исполнуваш, нали? о.0"

Види го на што мисли...
Мислиш дарував за оправдање за во школо ?:)
Не сум толку плиток... Дарував за УСБ од 2 гига.
Шала на страна , да можеш сите обрврски да си ги исполнуваш. Нема да се чувствуваш истоштен и слично , иако така изгледа (цртани етц) .
Најнормално ќе си изедеш сендвич после тоа и шибаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom