Дали ќе учествувате во оваа хуманитарна акција со дарување на крв?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе учествувате во оваа хуманитарна акција со дарување на крв?


  • Вкупно гласачи
    81
Еве ја и фејсбук групата.
Админот(^) може да смени дата и да пише дека во септември ќе има нова акција, па да почнеме да разгласуваме.
Да не избрзуваме сеуште.
Штом направиме некаков договор со луѓето од ЦК и Завод за трансфузиологија веднаш ќе го објавам датумот и ќе започнеме со ширење на информацијата.
 
Епа пишете кога ќе има нешто конкретно, јас ќе дојдам и ќе дарувам ако ми дозволат..ако не сум пак слабокрвна:shy:
 
Бројте ме сигурно,после заедничкото дарување дарував уште еднаш така да во септември ќе имам направено 3 месеци...чекам само датум и место :smir:
 
Поминаа повеќе од 6 месеци откако ја реализиравме акцијата за донирање крв. Треба повторно да воспоставиме контакт со Црвен крст и Заводот за трансфузиологија за организирање на уште едно масовно донирање. Имајте на ум дека акцијата би требало да се одржи при крајот на септември, затоа што сакаме што поголем одзив, односно - да ги почекаме да се вратат од одмор сите Кајганџии.

Сметај на мене + 1 :smir:. Ајде веќе редно е, доволно време помина :smir:
 
Доаѓам и јас, со крв, колку-толку (ветувам дека нема да биде затруена) и фото-апарат :)

Се чував за 3 ноември, денот на Општина Гази Баба, ама сепак Кајгана ми е виртуелен дом, а ОГБ само уште една ставка на листата мои работни места.
 
Дечки пишав во црвен крст,чекам да ми дадат повратна информација за редовна крводарителска акција или што и како би се правело,но ќе замолам некој од админите да ја среди анкетава за да се преброиме колку има заинтересирани за да не се случи како претходниот пат едвај 30 да излезат и по можност нека гласаат само оние кои навистина се сериозни кандидати за дарување и се во Скопје во тој период!И дај некој нека организира и во другите градови освен Скопје!
Ќе ви пишам повратна информација од ЦК и ве молам без коментари од типот *немам 18,а сакам да давам*,*не сум од Скопје,а сакам да давам* и слично!Само сериозни кандидати како би имале реална бројка!Нема заушки сега,нема што да не спречи(овен грипот,пу,пу,пу не дај боже)!:smir:
 
Сега ќе поставам и нова анкета на темава, пријавувајте се тие што мислите дека ќе дарувате. Само избегнете постови од типот мал сум, мајка ми не ми дава, би дарувал да можев ама ама страв ми е од игли и слично. Ништо не боли, ниту пак ќе ви ја соберат цела крв. Тие што даруваа минатиот пат можат да ви потврдат дека ништо не боли.

Воедно, апел и до оние што се со негативен фактор што почесто да даруваат, бидејќи тие се само 15 проценти од светската популација. :smir:
 
Предлагам тука да се воведе истата казнена мерка што се применува за пријавените на Кајгана Фудбал, кога не се појавуваат; За да дојдат толку колку што се пријавуваат (или повеќе од пријавените, што би било подобро), а не како минатиот пат, од речиси 200, само 40тина дојдоа.
 
Па највероватно не, затоа што нема да можам да дојдам имам зимница за правење :icon_lol:, се зезам. Зафатен сум и тоа е тоа, и не е изговор вистина е.
 
Ја се надевам овој пат нема да мора да примам некоја си вакцина-.-:
Така да, доаѓам сигурно.
Само кажете датум и средено, башка известив некои другарки нефорумџики кои се расположени за дарување.
Ќе видам и на факс ако може да залепам некој плакат па да собереме повеќе луѓе.
 
Штом ми кажат,ќе ви пишам!Ма да нешто фраери ми се направија после акцијата во февруари,као несериозно сфатени испаднавме (иако,рака на срце делумно се и во право),ама да се надеваме дека ќе прифатат пак да соработуваме!
 
Па сменете го воведниот пост за да знаат тие што не се упатени и да не мора да скролаат надоле дур видат кој е муабетот.

Инаку, каунт ми ин.
 
Учествував во една акција пред неполн месец што беше органзирана во нашиот град.
 
Само треба да се договориме за датумот,мислам дека ќе оди полесно пријавувањето ако имаме црно на бело...инаку пак ќе повторам немора да чекаме акција на заводот за трансфузиологија може да се собереме сите и да отидеме,зашто минатиот пак се обрукавме...правевме акција а даруваа само 10 луѓе :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom