Фан Клуб: Челзи

Статус
Затворена за нови мислења.
F

fantomX

Гостин
Немам време за други тимови освен Челзи...
Па шо се буниш тогаш? :)
Челзи долго време игра и понатаму ќе игра агрсивен, динамичен, директен фудбал. Додуша првово полувреме вечерва немаше многу заедночко со овие карактеристики, ама второво прилично да.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Ај честито победа. Очекуван резултат, иако во прво полувреме добро играа и Спартак. Заслужено беше 0-0. Во второ добро е што дадовме одма гол, па после беше полесно. Во целост, добро одиграа сите, не беше лоша играта, но може и подобро. МекЕкран доби 25 минути игра :nesvest: Стариџ добро се покажа. Знае вака да изненади после некое време, и после ќе го снема. Какута, како што рече фантом, мора да реши што сака да прави со себе што е можно поскоро, и после да се посвети малце повеќе на фудбалот. Бане и Алекс одлични во одбраната. Бане :zver: На Кол му треба одмор. Не знам како може Анчелоти да не го забележи тоа. Фереира стандардно. Дрогба и Анелка просечни, иако Анелка по забележителен беше. Повеќе се трудеше.

Следни се Ливерпул. Одиме на победа.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.078
Поени од реакции
2.025
и уште нешто не ми е јасно како овој анека може да погоди од 100 пати потешки позиции а чиста позиција да промаши :nesum:
 

Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Па шо се буниш тогаш? :)
Челзи долго време игра и понатаму ќе игра агрсивен, динамичен, директен фудбал. Додуша првово полувреме вечерва немаше многу заедночко со овие карактеристики, ама второво прилично да.
Ме нервира фактот што играчиве немаат врска и разочаран сум од односот плата/придонес. Точно дека Челзи секогаш играл динамичен, агресивен и директен фудбал. Затоа и го сакам Челзи, мразам тимови (и општо фудбал) што пимплаат и само држат топка. Но немој овој тим и неспособноста на Анелка и Дрогба (на моменти), да ги споредуваш со тандемот Зола- Фло. Или пак во поново време, тројката Робен-Даф-Дрогба.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Ги заборавив Рамирес, Микел и Калу
Рамирес добро се вклопува во тимот. Одличен играч, добро засилување. Му треба уште малку за целосно да се вклопи во играта на Челзи. Микел, добро ја врши својата работа уште од почетокот на сезонава. Имаше највеќе подавања на полувреме. Но и него му треба одмор. Калу, иако е подобрен за разлика од лани, сеуште знае да утне добра шанса, како што неможе никој друг.
 
В

Вори

Гостин
Уште Анелка не го научивте?Кога дава тој гол,ја гледам да не се радувам ама ме понесуваат емоциите:)
Сакам да кажам дека не го рачунам за жив,и тапани ќе викнам пред зграда кога ќе си замине од Челзи.
А,Дрогба нешто не е во форма последниве утакмици и имаше краток пост за погодоци,но добро е што даде каков-таков гол вечерва.
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Честит нека ни е пласманот у нокаут фазата разбираш......... :helou:
и доста наоѓаме маани - играат онолку колку што треба!!!
 
A

Auditore

Гостин
Кој беше тој што заеба у одбрана и примивме гол?
Неможев на хајлајц-ов на к5 да видам.
 

Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Кој беше тој што заеба у одбрана и примивме гол?
Неможев на хајлајц-ов на к5 да видам.
Зависи на кое заебување мислиш. Бане не покри десно (лево кога ние напаѓавме), а централно Фереира.
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Уште Анелка не го научивте?Кога дава тој гол,ја гледам да не се радувам ама ме понесуваат емоциите:)
Сакам да кажам дека не го рачунам за жив,и тапани ќе викнам пред зграда кога ќе си замине од Челзи.
А,Дрогба нешто не е во форма последниве утакмици и имаше краток пост за погодоци,но добро е што даде каков-таков гол вечерва.
Се чува за мрежите на Енфилд да ги наполни!:helou:
иначе, честито нека е победата и пласманот понатаму, сега може да се концентрираат на премиер лига до крај на февруари и да остварат шо е можно поголема предност таму, па после да можат во ЛШ да се концентрираат! :)
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Уште Анелка не го научивте?Кога дава тој гол,ја гледам да не се радувам ама ме понесуваат емоциите:)
Сакам да кажам дека не го рачунам за жив,и тапани ќе викнам пред зграда кога ќе си замине од Челзи.
А,Дрогба нешто не е во форма последниве утакмици и имаше краток пост за погодоци,но добро е што даде каков-таков гол вечерва.
Конечно, и тој да помина поке од сезона две во еден тим.... Од ПСЖ, Арсенал, Реал Мадрид, Болтон, се по сезона две... Еве кај вас, изгледа најубо се снајде :)


Честито победа
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Не ја гледав утакмицата,го гледав дербито Милан - Реал Мадрид.За играта не можам да коментирам,ама гледам позитивни коментари на фан клубов.Па и чим веќе тепавме на Лужники со 2-0 мислам дека и се предвидуваше оваа победа.Победа се предвидуваше,ама не волкава голема.Гледам кои играле во составот,дебелиот играл со првотимци што се вика,се имале млада крв на клупа.Се надевам дека добро се прикажале во добро светло МекЕкран,Даниел Стариџ и Какута.Инаку гледам Дрогба дал гол денес од пенал,добро е тоа,колку толку да му се врати самодовербата,дека на 3-4 меча немаше постигнато гол.Анелка хаха,од потешка позиција ќе даде гол,а празен гол ќе утне.Бане хет трик за малце да си ибе векот.ЅВЕР.

Мислам дека толку е нашата приказна од лигата на шампионите по фазата по групи,4 победи од 4 меча,гол разлика 12 - 2,први на табела со 12 бода,6 повеќе од Марсеј.Работата е и повеќе од завршена.Само да чекаме да видиме со колку комада Жилина ќе си оди од Стемфорд Бриџ.Се зезам,на овој меч јас би ја пуштил цела млада академија на Челзи.А се надевам дека тоа ќе го направи и дебелиот и дека ќе видиме играчи на Челзи кои досега не сме ги виделе,17,18 годишњаци,тинејџери.Мислам дека треба да се направи тоа.Да нема ни еден првотимец на мечот со Жилина.ОК,за Лига на Шампиони завршивме работа.Ако знае некој да ми каже што е тоа како беџ на официјалната страница на Челзи одма го има до амбелмот,еден како црвен беџ,го носат во декември скоро сите тренери во премиер лигата,не знам приметив и лани го имаше закачено на капутите на сите скоро тренери.

Следен меч, Ливерпул на Енфилд Роуд на 7-ми ноември во 17 часот.
 

Rikal

Тој е тој: Специјалниот
Член од
18 септември 2010
Мислења
363
Поени од реакции
23
Ај нека ни е честита победата и пласманаот во нокаут рундата. На дуелот со Жилина се надевам (редно време е) некој од младиве ќе се најде во почетниот тим! Утакмицава не ја гледав но од резултатот сум презадоволен!

--- надополнето ---

Не можам да видам шо друго би можело да е проблем. :toe:


Јас ко некој шо ја има гледано Борусија сезонава можам тие двајца многу, многу тешко некогаш ќе се вклопат во физичката игра на Челзи. Можеби во Арсенал.


Убо му кажал даскалот, да прекини да сонува. :icon_bigg
Добро, да, им фали борбеност, но тоа е нешто кое може да се подобри и да се усоврши! А за тоа дали ќе се снајдат, тоа никогаш не се знае!
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.847
Поени од реакции
5.673
дечки тука имате феноменални слики од вечерва... алал да му е на фотографот...
 

Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Мислам дека толку е нашата приказна од лигата на шампионите по фазата по групи,4 победи од 4 меча,гол разлика 12 - 2,први на табела со 12 бода,6 повеќе од Марсеј.Работата е и повеќе од завршена.Само да чекаме да видиме со колку комада Жилина ќе си оди од Стемфорд Бриџ.Се зезам,на овој меч јас би ја пуштил цела млада академија на Челзи.А се надевам дека тоа ќе го направи и дебелиот и дека ќе видиме играчи на Челзи кои досега не сме ги виделе,17,18 годишњаци,тинејџери.Мислам дека треба да се направи тоа.Да нема ни еден првотимец на мечот со Жилина.ОК,за Лига на Шампиони завршивме работа.Ако знае некој да ми каже што е тоа како беџ на официјалната страница на Челзи одма го има до амбелмот,еден како црвен беџ,го носат во декември скоро сите тренери во премиер лигата,не знам приметив и лани го имаше закачено на капутите на сите скоро тренери.

Следен меч, Ливерпул на Енфилд Роуд на 7-ми ноември во 17 часот.
Види, не е само да се исфорсираат младичите и да бидат изгубени на терен. Нема да има никаков ефект. Ем нема да биде балансиран тимот и Челзи ќе го попие, ем младичите нема од кого да учат, ќе биде исто како на утакмица за резервите (младичите). Доволно е во секоја од линиите да има по еден од младите. Ван Анхолт, Џошуа и Стариџ. Во второ полувреме евентуално Какута и Брума.



Кога и да го гледам човеков со каква посветеност игра за Челзи и како се соживува со секој момент на теренот, ми се насолзуваат очите. Браво мајсторе!

--- надополнето ---

дечки тука имате феноменални слики од вечерва... алал да му е на фотографот...
Фала за линкот :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom