Од минатото финале во ЛШ до оваа сезона некои играчи во тимот се сменија , ама сепак костурот на тимот е истиот. Што мислите , дека Аврам Грант стигна до финале пошто е во рамниште со Мурињо , Анчелоти или Фергусон ? Не , таа година до финале стигнаа играчите , иако и он имаше улога. Оваа година тимот е ослабнат , но го имаме Анчелоти. Он има огромно искуство во ЛШ , ја има освоено и како тренер и како играч , значи во некои моменти може да се стави во улога на играч за да може подобро да процени одредена ситуација.
Плус тоа , овој тим на Челзи е многу сличен на тогашниот Милан.
Единствен проблем според мене имаме со самодовербата. Многу пати сме биле исфрлени од лигата на најлош можен начин. Но сепак треба да се има во предвид дека претходниве 3 години тимот кој го победувал Челзи , станувал шампион. Што значи дека 3 години наназад постои шанса да сме биле подобри од вицешампионот ( а и бевме од шампионот два пати ).
Оваа година знам дека нема да биде така. Лани се падна Интер со Мурињо , а Анчелоти сеуште не го познаваше тимот сосема доволно. Но оваа година и да се падне Реал , сигурен сум дека ќе победиме , бидејќи сега Мурињо ќе биде како Анчелоти лани. Со многу нови играчи и неуигран состав.
Интер , е ослабнат со новиот тренер , Милан не го рачунам. - Анчелоти го знае целиот тим. Баерн без Робен? Барселона има играчи , не и тренер. Во оние натпревари кога тактиките и стратегиите преовладуваат , Пеп никаде го нема. Арсенал не може против Дрогба.
Што значи дека единствен сериозен противник според мене би можел да биде Манчестер Јунајтед.