Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Aма ај да гризнам јазик, конечно е време работите да си дојдат на свое место :)

Волвс - Челзи 0:2 :pipi:


:pehar:

Фереира полека но сигурно се враќа во формата од 2005, ако Жирков е повреден ќе го гледаме и на Меаца :helou:
 
сеа глеав хајлајтс, Чех спаси две 100% а Тери ја извади двапати од гол линија
 
Тешка победа...но како и да е,3 бода ги зедовме...

П.С. Дрогба 19 гола во ПЛ :vozbud:
 
Честитки...пак ни избегавте :(

Интересен финиш ќе има сезонава:tv:
 
Браво за Дрогба и Чех.

Видовте ли кооооооолку беа мизерни навивачите на Волвс? Мислеа дека ако го свиркаат Тери ќе победат , како Хал ?!?:nenene: Тери направи неколку грешки ама и 2-3 пати спаси гол , па може да се рече дека добро играше. Оби ништо посебно. Џо средно накај добро. Анелка последноив месец изгубен е многу. Сеа со повредава на Жирков сме како Јунајтед пред месец дена. А Фереира , сите го критикувате , а ја колку што гледам сезонава нема одиграно лош натпревар. - Или се лажам ?

Конечно 4 бода пред Јунајтед. Ако вака играме против Интер , може уште сеа да се опростиме од ЛШ!
 
Честито победа
Конечно го искористивме киксот на Манчестер, и се одвоивме на 4 бода разлика.
Иако не е заслужена победата, важно ги земавме трите бода.
Чех одлично бранеше, а Дрогба и не беше нешто многу активен освен двата гола.
Играта им е далеку од добра, и мора да се мења нешто, инаку ќе се посрамиме пред Интер.
 
Е фала богу тепавте и вие кога Манчестер киксна. Честито победа, ќе биде доста интересно до крајот.
 
челзи до сега не тепаше не оти не можеше, ами оти манчестер губеше, па ваѓаа пари на спортска :smir:

иначе ние немаме проблем да тепаме кога сакаме:toe:
 
Цел натпревар само една замена Zhirkov Y.---Bruma J. :nesum:

Барем да влезеа Какута или Стариџ...:toe:
 
Добро е, се откачивме малце од Манчестер и од притисокот кој го вршеа со тоа што беа на само 1 бод. сега многу полесно може да се дише, и сметам дека оваа победа беше многу битна, затоа што игравме со доста оштетен состав и затоа што требаше да се направи разлика. Одлично, мислам дека титулата, без некои големи киксови е скоро обезбедена. Одиме на лига на шампиони сега!:vozbud:
 
:pehar:

Фереира полека но сигурно се враќа во формата од 2005, ако Жирков е повреден ќе го гледаме и на Меаца :helou:
Каква форма Фереира бе друже што збориш, трчи како да има к*р во гзот.

челзи до сега не тепаше не оти не можеше, ами оти манчестер губеше, па ваѓаа пари на спортска :smir:

иначе ние немаме проблем да тепаме кога сакаме:toe:
Да бе, и кога нејќаме тепаме.
Особено на Хал, Виган, Евертон и Сити, партал ги напраивме:toe:

Цел натпревар само една замена Zhirkov Y.---Bruma J. :nesum:

Барем да влезеа Какута или Стариџ...:toe:
Абе ајде, и ја тоа се нервирав.
Наместо да одмори Дрогба и Балак и да спречи некоја евентуална повреда, 90мин го тупеше со истиот состав.


Туку ајде победа си е победа, каква е таква е слатка е.
Играта тиња, средниот ред исто ко да го немавме, среќа наша св.Дрогба беше расположен за давање голови и прецизен:toe:
 
До кога ќе биде повреден тој Есиен бе ? Ќе се врати за со Интер, бар за реваншот ?
 
Честито победа наредна утакмица е многу важна баш сакам дали го имаме уште оној шампионски дух...
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom