Чудни македонски зборови

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Најак збор шо се користи во македонскиот јазик е дефинитивно МУКАЕТ (веројатно турки збор).

Па не постои ваков збор во ниеден друг јазик и нема соодветен синоним во македонскиот. Па така се сторив мукает да пишам.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Чул ли некој за фљонго?



Фљонго е машна, панделка, или нешто слично (посебно оние машни од светкави ленти што се ставаат на поклони).
„Старски“ збор е и ретко се употребува, ама ми останал во сеќавање. Се употребува во повеќе дијалекти.
Сепак не му го знам потеклото. Знае некој?
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Муфљуз.
Пљагосан (пљага)
Зерде
Ќорлемечки
Кикале
Оље
Шутрак
Џоџол
гурелка
Згргулаен
Дрискосерец
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Сполајти, многу интересен збор.
Беломорско.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Сполајти, многу интересен збор.
Беломорско.
С полла етос - "за многу години" од грчко. Само "етос" ми е сомнително грчки збор, не знам дали има множина + многу е слично на словенскотo лЕТО - година.

ѕвиска
шерпа
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
очигледно,некои Македонци не си го познаваат јазикот и зборовите од истиот.

поради тоа,потребно е кој може и знае,да придонесе....

да започнеме со зборот
Копиљ
овој збор денес во нашиот јазик го изгубил навидум значењето кое го имал порано.
Порано означувал дете сирак на некој загинат јунак,но денес има сосема поинакво значење,иако етимологијата дете е останата.
На некои им се крева косата (и патем си замислуваат декаа се којзнае што) на главата кога ќе го прочитаат овој збор (па ете и санкции).

Зборот Копиљ на Балканот некои (Романците и Власите) си го присвоиле како збор за дете,иако нивниот мајчин јазик е вулганиот латински Vulgar Latin
што е навистина чудно,бидејќи на латински зборот дете parvulus, liber, genus па зачудува како и кога бившите римски поданици го земале овој збор...
веројатно,децата на римските поданици немале сите татковци загинати јунаци....
зборот Копиљ можеби доаѓа од прастариот збор со корен copi-=akOpilam sto znaci name of a Vais2n2ava shrine in Karnu1l ili ima i drugi znacenja kako naluten,sjaen i t.n.

реков можеби,бидејќи во ИЕ јазици тешко му се наоѓа корен и веројатно има корен оттука.

заклучок-не рчкај (во зборовите) и не се "крсти" со нив кога незнаеш......
очигледно,некои римски поданици не се староседелци,кога го немаат овој основен збор од својот речник на латински....
wow cudno e
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Најак збор шо се користи во македонскиот јазик е дефинитивно МУКАЕТ (веројатно турки збор).

Па не постои ваков збор во ниеден друг јазик и нема соодветен синоним во македонскиот. Па така се сторив мукает да пишам.
Каj нас го има почти истото- Мукаjaт.
Чул ли некој за фљонго?



Фљонго е машна, панделка, или нешто слично (посебно оние машни од светкави ленти што се ставаат на поклони).
„Старски“ збор е и ретко се употребува, ама ми останал во сеќавање. Се употребува во повеќе дијалекти.
Сепак не му го знам потеклото. Знае некој?
Исто го има каj нас
Фљонго = панделка и со различни отенаци понекога.

Сполајти, многу интересен збор.
Беломорско.
Да,стар збор,коjто почти не се користи веке...

А не е одвоено - "сполај ти" ?
Сум го слушал / читал и во множина како "сполај ви", а колку е правилно нз
Или е отчтива форма или просто за неколко човека. Ако са цела фамилиja дома и влегуваш во нив за да поздравиш сите - Сполаj ви.
Кога изпраштат некоj да си оди исто му са викали - сполаj ти.

--- надополнето ---

Интересен барем за мене е зборот левендо. Појма немам шо значи, ако некој знае нека напише.

Овој збор единствено го имам сретнато во песната за Никола Парапунов - "Имала мајка едно ми чедо"

Текстот иде вака:

Имала мајка едно ми чедо,
едно ми чедо Никола.
Очи ко ѕвезди, лице трендафил,
левендо чедо крилато.
То не е ли левенТо.
Има дума ЛевенТ - момак,но млад,висок,снажен,красив...

--- надополнето ---

Бише викаат и во Егејска Македонија, барем во леринско...
Исто Бише или Биши се вика и тука.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Муфљуз.
Пљагосан (пљага)
Зерде
Ќорлемечки
Кикале
Оље
Шутрак
Џоџол
гурелка
Згргулаен
Дрискосерец
Шутрак - глупак, смотан, лаик
Дрискосерец - пролив, диареја

За другиве орвпат слушам. Просветли не!
 

nikaТa

Mr.Lover Lover
Член од
16 април 2010
Мислења
524
Поени од реакции
60
Чикмиџето
Диван :)
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Сполајти, многу интересен збор.
Беломорско.
Сполај ти (сполај ти) се среќава и во северна Бугарија, но е застарено и ретко се користи. Претежно од постарите луѓе во помалите села. Каj нас означува благопожелание - "биди здрав" или "благодарам".

--- надополнето ---

Чикмиџето
Диван :)
чикмиџе е од турски (çekmece)
диван идва од турски (divan), иначе е со персиско потекло
 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
furtuna - bura, nevreme
zastra (pocesto i "dzastra") - zora, mugra, obden, razden.

ova se samo dva zbora od Juzna Makedonija, zabelezani od Verkovic vo knigata "Jihomakedonske lidove povidky", redaktirana i obrabotena od Lavrov i Polivka. Ima uste mnogu primeri, koga ce imam vreme ce navedam so kontekst i drugi podatoci...
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Муфљуз = користољубив, расипан човек, скапан... (од турски : муфте = џабе)
Пљага = рана, пљагосан = ранет човек
Зерде = жолто, русо, жолто-зелено, русокосо... (зеределија = вид кајсија)
Ќорлемечки = “на врат на нос“, слепечки, како ќор да влеташ во нешто или некаде...
кикале = кученце
оље = изобилство
џоџол = шупак, анус, газ
гурелка = грутка во окото, гурелав... (горал на Еврејски е : камче)
Згргулаен = стуткан, кога е некој болен (настинат) па е сиот стуткан, гргулав (во очите и носот), напокриен
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Муфљуз = користољубив, расипан човек, скапан... (од турски : муфте = џабе)
Пљага = рана, пљагосан = ранет човек
Зерде = жолто, русо, жолто-зелено, русокосо... (зеределија = вид кајсија)
Ќорлемечки = “на врат на нос“, слепечки, како ќор да влеташ во нешто или некаде...
кикале = кученце
оље = изобилство
џоџол = шупак, анус, газ
гурелка = грутка во окото, гурелав... (горал на Еврејски е : камче)
Згргулаен = стуткан, кога е некој болен (настинат) па е сиот стуткан, гргулав (во очите и носот), напокриен
Во нашиот крај викаме Ѕåрѕåлија на кајсија, а за грутка во око викаме гурдељка. Кога ќе размислам подобро, мислам дека се употребува и муфљуз, ама многу ретко.
 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Vnedoapica - odnenadez, naednash, iznenadno. zborot e od Cepenkov, i doagja od zborceto "ap" sto se koristi za jadenje, ottuka vi e jasno...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom