Солзите и болката се мерило за љубов?

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Зарем постои некој што не пуштил солза во името на љубовта? Тешко. Тој не сакал..
Цитатов ме натера на размислување,зарем љубовта не се опишуваше со други зборови?Зарем на крајот болката може да ја измери љубовта?
Често пати го слушам ова и самата знам колку боли понекогаш љубовта,но зарем не е апсурдно?
Вие што мислите,болката и солзите мерило на љубов?
 
Па е мерило за љубов. Ако те боли секоја мала караница, знаци чувствуваш нешто кон партнерот. Значи логично е болката да претставува еден вид мерило:toe:
 
Хм... тешко прашање. Сепак би рекла дека не се секогаш. Кога ќе ми текне за кого све не сум плачела во животот, а не сум ни била со нив ми се иде да се треснам сама себе од ѕид.
Сепак, од друга страна - кога со некој си делел прекрасни спомени, со некој што си го сакал повеќе од животот, а сето тоа се сруши нормално е премногу да боли и да има солзи...

Но, мојот конечен одговор е не. Има луѓе кои по карактер никогаш не плачат, никогаш не покажуваат болка и страдање, но тоа не значи дека тие никогаш не сакале.
А има луѓе ко мене, кои се премногу емотивни па ќе плачат и за најмала ситница и најмала симпатија.

Значи не. Солзите не се мерило за тоа колку некој сака и за јачината на љубовта.
 
Има луѓе кои по карактер никогаш не плачат, никогаш не покажуваат болка и страдање, но тоа не значи дека тие никогаш не сакале.
Јас до сега не сум плачел за девојка. Ми раскинувале, сум раскинувал, но тоа не значи дека не сум ги сакал. Кога ми се свиѓа некоја девојка, би направил се за неа, ама да види солза од мене или да ме скрши психички NO FUCKING WAY. Така да одговор на темава, мислам дека е за секој индивидуално. Ама ќе видиме после 50 поста, кој одговор преовладува.
 
Хм... тешко прашање. Сепак би рекла дека не се секогаш. Кога ќе ми текне за кого све не сум плачела во животот, а не сум ни била со нив ми се иде да се треснам сама себе од ѕид.
Сепак, од друга страна - кога со некој си делел прекрасни спомени, со некој што си го сакал повеќе од животот, а сето тоа се сруши нормално е премногу да боли и да има солзи...

Но, мојот конечен одговор е не. Има луѓе кои по карактер никогаш не плачат, никогаш не покажуваат болка и страдање, но тоа не значи дека тие никогаш не сакале.
А има луѓе ко мене, кои се премногу емотивни па ќе плачат и за најмала ситница и најмала симпатија.

Значи не. Солзите не се мерило за тоа колку некој сака и за јачината на љубовта.

Делумно да. Зошто? Созлите некогаш може да се фалсифилуваат но болката никогаш. Секој човек чувствува болка кога љубовта е невозвратена или прекината од другата страна. Некои плачат, други ја кријат во себе, трети се депримирани.
Така да делумно ќе речам да.
 
Боли,заебано боли,кога сакаш,кога љубиш.
А солзите се неизбежни.
Но тоа не е мерило за љубов
Тоа е како дел од неа.

Мерило за љубов повеке би биле делата направени во нејзино име.
 
Порано при секоја кавга со веке бившиот ме болеше и плачев како луда,како да ми умрел некој или слично,многу придавав важност за тоа...чуствував голема болка после кавгата,но сега иако не сум заљубена во себе имам траги од таа болка и се каам зашто сум дозволила да дојде до тоа...како и да е не е единствениот,животот оди напред макар и без него:toe:
 
Хм... тешко прашање. Сепак би рекла дека не се секогаш. Кога ќе ми текне за кого све не сум плачела во животот, а не сум ни била со нив ми се иде да се треснам сама себе од ѕид.
Сепак, од друга страна - кога со некој си делел прекрасни спомени, со некој што си го сакал повеќе од животот, а сето тоа се сруши нормално е премногу да боли и да има солзи...

Но, мојот конечен одговор е не. Има луѓе кои по карактер никогаш не плачат, никогаш не покажуваат болка и страдање, но тоа не значи дека тие никогаш не сакале.
А има луѓе ко мене, кои се премногу емотивни па ќе плачат и за најмала ситница и најмала симпатија.

Значи не. Солзите не се мерило за тоа колку некој сака и за јачината на љубовта.

Јас верувам дека кај нив солзите се во „поинаква агрегатна состојба“...

Тагата не е мерило за големина на љубовта... Верувам дека многу повеќе се „доживува“ интензитетот на тагата бидејќи и научно е докажано дека предизвикува и физичка болка.
Секоја состојба на потенцијален губиток го буди вродениот инстинкт за задржување.

Многу често ја повторуваме грешката со согледување на вредностите кога тие се загрозени.

Според мене тагата и болката се количество на информации кои ни соопшуваат колкава е вистинска вредност на саканото битие.
 
Делата се мерило на љубовта.Тоа што го правиш за саканиот/саканата ќе му значи многу повеќе отколку ако при секоја кавга пуштиш солзи.Секако дека и солзите значат нешто,но ако премногу често плачеш тој/таа ќе го сфати како навика и нема да ти верува.
Болката е нешто друго.Сепак само ти ја чувствуваш,колку и да објаснуваш на другите како ти е нема да можат да сфатат како ти е тебе.
 
Зарем љубовта не се опишуваше со среќа,радост,задоволство,насмевка...
Каква љубов е таа која ни носи болка и солзи?Може и без нив или не?
 
Зарем љубовта не се опишуваше со среќа,радост,задоволство,насмевка...
Каква љубов е таа која ни носи болка и солзи?Може и без нив или не?

Ваљда е убавината во комплексноста и балансот... И дете сакаш, па тагуваш со секоја негова болест и гребнатина.
Опишувањето нека остане со среќа, радост, задоволство и насмевка, ама 16-те димензии на љубовта бараат и капки од други бои за да испадне премногу жолта. :smir:
 
Цитатов ме натера на размислување,зарем љубовта не се опишуваше со други зборови?Зарем на крајот болката може да ја измери љубовта?
Често пати го слушам ова и самата знам колку боли понекогаш љубовта,но зарем не е апсурдно?
Вие што мислите,болката и солзите мерило на љубов?

не не се мерило пошто постојат различни луѓе. некој се претерано емоционални и плачат за некоја мала ситница, а некој пак се толку цврсти што не им потекува ни солза што не значи дека не им значи личноста со која дошло до плачки...
болката можеби е, но солзите не се оти некој може и со сила да се натера да плаче , да се преправа...
 
Малку повеке е апсурдно и наликува на шпанска серија.Зошто секогаш љубовта се поврзува со страдање?Па нели е највозвишеното чуство?Најголемата сила на светот?Смислата на животот???
Да,непорекливо е дека ако навистина сакаш некој,кога би те повредил би предизвикало огромна болка.Но дали е неопходно да бидеш повреден во секоја врска ??
Според мене проблемот е во тоа што за љубов го сметаме она кое не изгорело.
,,Подобро е да изгореш отколку да избледнееш,,
Тоа не е љубов,тоа е повредена самопочит и рушење на его.Значи од тоа само може да се заклучи дека најголема љубов чуствуваме кон себе...
 
цук, но уеј ...
солзите и болката се мерило само за загубената љубов, неповратната љубов или љубовта шо никогаш не можиш да ја почувствуваш како шо стварно треба да ја почувстуваш ...
така да мое лично мислење мерило на вистинската искусена љубов, се гестојте шо ги прајме сите оние мали нешта , одстрана гледано можда и ситници али за партнерот енормни нешта шо го прат среќен. Со секое најмало посветено внимание, знак на љубов добиваме поени на таја таканаречена скала на љубов.

Солзите и болката се само една неизмерна тага за нешто изгубено, нешто неповратно, нешто неопипливо шо не можиме да си го дозволиме или заради Х број на настани не можиме да го имаме во никој случај.
 
Проблемот е ако имаме само едно тагата или среќата, солзите или насмевките во љубовта.Нема многу разлика ако се мери со едното или другото.Кога ги има двете - постои.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom