Дали вреди да се напушти нашава земја?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?


  • Вкупно гласачи
    585

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Sto jas pravam, ti da ne pravis!

Rabotam, po cela Severna i Sredna Amerika.
Ama, jas kaj i da odam, doma si se vrakjam.
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
неможеш нормално да работиш, фрчат инспекции!

ќе се коцкам на берза ебате
 
Член од
2 март 2008
Мислења
84
Поени од реакции
10
Прабаба ми и прадедо ми заминале за Аустриа пред 50 год, после тоа заминале и баба ми и дедо ми. Доаѓаа 2-пати годишно во МК и се гледавме, пред 6 год починаа прабаба ми и прадедо ми и таму ги погребаа во Виена. Сега со укинувањето на безвизниот режим замина и мајка ми, 2 месеци е таму, уште еден месец и ќе се врати, но планира откако ке поминат 3 месеци пак да замине. Најискрено и јас ке заминам од нашава мила, сиромашна, корумпирана Македонија. Две ипол години како сум дипломирал и сеуште сум невработен и сите од фамилијата. Си ја сакам државата ама ова веќе не се трпи, барем ќе работам нешто за што знам дека ке бидам платен, а овде човек работа да неможе да најде или ќе работи за мочани 10000 ден, да неможе сметките само да си ги плати. Здравје па ќе видиме што ќе испадне. :toe:
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Категорично НЕ никогаш не би ја напуштил државата, кога бев помал, сонував дека ќе си заминам од оваа држава ќе земам многу пари, ќе живеам богато и луксузно, но денес го сменив мислењето за 360 степени, сфатив дека треба да ми биде предизвик да успеам и да станам некој и нешто во оваа држава, подобро е од ништо да се обидуваме да направиме нешто отколку во нешто направено да не направиме ништо, дали секогаш тоа што самите на еден начин не сме способни да се избориме во една ваква држава, треба да ги избегнуваме проблемите и да заминеме во друга држава, во било која држава да одиме, нас ќе не гледаат само како обични производи на пазарот на трудот, ќе не гледаат како обични работници кој што ќе ги извршуваат работите кој никој во нивната држава не сака да ги работи, дали тоа ќе ве направи среќни, или можеби ќе ве направи среќни тоа што секогаш на вас ќе гледаат на туѓинци иако самите ќе мислите дека сега живеете во најпрекрасното општество во светот.
Дали вашиот карактер ќе се измени кога ќе одите во некоја друга држава, пак ќе останете истите, луѓе кој бегаат од проблемите никогаш не се соочуваат, вечни песимисти, луѓе кој никогаш нема да напредуваат во тоа што го работата, целиот живот ќе работат за други и ќе се задоволни само со тоа што земаат плата, ќе живеете во една утопија кои самите ќе ја имате направено,
Јас по природа сум непоправлив оптимист во ова држава гледам предизвик да се направи нешто да се напредува и сигурно повеќе би се гордеел на 100 денари заработени во оваа држава отколку 100 долари во некоја држава каде што никогаш нема да сум тоа што сум тука.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
758
Дефинитивно да! Ако ми се укаже можност, а ако не ми се укаже ќе гледам сам да си ја створам можноста. Финансиите не се единствената причина поради која размислувам да ја напуштам земјава, туку во Македонија едноставно човек од многу аспекти неможе да се чувствува сигурен. Самата држава не ти ги гарантира дури и некој од основните човекови права. Секојдневно некој гине во државна болница од немарност на докторите, секојдневно по судовите некој е обесправен, сообраќајната култура е на најниско можно ниво, перспективите за млад човек се мнооооооогу мали доколку немаш мама и тато со јако презиме, народ е екстремно многу иссељачен... да продолжам? И зошто да останам во Македонија? Бидејќи надежта последна умира? Thanks but no thanks...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
This is for everyone around the planet
That wishes they were from somewhere other than where they standin'
Don't take it for granted, instead take a look around
Quit complaining and build something on that ground
Plant something on that ground, dance and sleep on that ground
Get on your hands and knees and watch the ants walk around
That ground Make a family, make magic, make a mess
Take the stress, feel your motivation and build your nest
It sucks that you think where I'm from is wack
But as long as that's enough to keep your ass from coming back
And with a smile and a hint of sarcasm, he said
"I beg your pardon but this is my secret garden"
 
S

StereoLove

Гостин
A сите вие мислете дека и во странство цветаат рози:tapp::tapp:таму ке рмбате од утро до мрак и нема да имате време ни за шетање.
Моите братучеди се таму 6 години но што со тоа?едвај наогаат работа а штом најдат се испостави дека нивниот шеф имал долгови и не може да ги плака.
Точно е дека состојбата овде не е издржлива но и таму како што кажав не е баш се розово.
Си кажа Гарфилд како дома никаде нема.

Оние околу мене кои ме опкружуваат секојдневно нонстоп се жалат дека немале пари па дека ке отидат во странство да заработат а кога само дојде лето први се на одмор.
Ако им спомне некој ке заминеме зборуваат е вие сте вакви онакви.

И што ако татко ми е во странство?кога газдата го дупеше во здрав мозок и не сака пари да му даде:tapp:
Му должи со месеци а тој газдата само се коцка и не само на татко ми а и на други должи.
Бог да чува и да брани.
Мислете дека доколку заминете на страна и веднаш ке најдете работа?
Некои кои отишле седеле без работа со месеци и се вракале назад.
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Нема никаде како дома!
Лани бев странство и работев преку летото - супер беше и работа и пари и се ама пак сам човек не го бива. Ако има некој роднини таму ок, ама сам да се оди не вреди. Џабе се парите кога таму повеќе ќе се чуствуваш како роб, ќе бидеш сам и ќе ти недостасуваат семејството, роднините и пријателите. Со време се повеќе ќе сакаш да си дојдеш дома. Нема пари на светот за кои би се откажал од своите најблиски и да заминам далеку.
:salut:
 
S

StereoLove

Гостин
Ако има некој роднини таму ок,
И што мислиш роднината таму за тебе гледа?се лажеш,денес секој гледа како да ти зарие нож во грб.Од овде другар прв а одиш таму ти врти грб.Има такви случаеви повекето.

Овде први роднини абе не се делат ке речеш сијамски близнаци а таму не те познава.:nesum:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom