Дали вреди да се напушти нашава земја?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?


  • Вкупно гласачи
    585
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Не сум емотивно поврзана за Македонија иако ја сакам како земја каде што животот, доколку финансиите не се проблем, е лесен. Без размислување би ја прифатила приликата да си одам од тука за да барам подобра иднина.

Можеби би отишла да работам некоја досадна работа и да имам досаден живот. Или би шетала. Најверојатно би отишла во Холандија за да ги реализирам животните желби - да имам сопствени плантажи на кои расте марихуана. Сега вака размислувам, за неколку години можеби тоа ќе биде променето. Но во ниеден случај нема да го работам она што не би ми претставувало задоволство.
 
Г

Господ

Гостин
Токмак носталгичен сум:tapp:
Ако веќе се губам од земјава барем ќе се потрудам
животот да не ми е досаден и рутински.
Авантура-бездомник:pipi:
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Нормално дека не вреди.
Во Македонија жиотот е убав, смирен, без премногу обврски и товар.
Тука ни е семејството, пријателите.
Во Македонија немаме проблем со голем станбен простор имаме можност за прекрасни куќи со убави дворни места кои никогаш нема да можеме да си ги дозволиме ако би живееле на запад.
Ако во Македонија не успееш да си направиш саглам живот, не би можел сигурно никаде другаде.
 
O

okej

Гостин
не да вреди...во оваа земја можеш само да пропаднеш...кој е патриот или е мрднат или сака да привлече внимание или е стварно глуп..или нема струја за да глеа тв...али јас ако можам првиот лет за каде било..викаа убаво било таму :salut:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Све повише мислам дека вреди :toe: за жал :jaj:
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
ДА ВРЕДИ ! ! !

ти се посерам у државата, лопов до лопов бе !
вчера немаше никој дома, дошле копуци од ЕВН со налог за гасење струја за месец, декември и јануар, а иаме платено ејјј кај водат идиотите евиденција!
ни два ни три, оп гасат... е сеа плативме плус 2000 за приклучок и плус 4000 за месец февруар унапред... што е најлошо доаѓаат у 3 саат кога нема никој дома, намерно бидејќи погонот затвора тогаш за да немаш време намерно да реагираш!

сеа стаам кредит 1000че, зборам 50 сек. ми стига повратна порака, имате уште факинг 886 ден. !! :nerv::nerv::nerv:
а на ист моб. оператор се јавуем!

да ти ебам цела држава, да вреди да се напушти копиљскава држава, и не бива од нас нација ебате!

ова се случки само во рок од 24 часа!
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
пресмета ддв тука? :nesum:
море какво ддв бе???
за 50 сек. ми наплаќа 140 денара ебате!?
ддв ми смета 160% ебаго!

ко во Нов Зеланд да сум вртел!

друга причина плус, call and surf comfort + пакет месечна претплата со договор кошта 2400... мене само интернет ме кошта 3500 со се телефонија преку 8000 !

за парно,вода да не праам муабет... копиљак до копиљак се сите!
него не е тоа темата...

ДА ВРЕДИ, ако треба и на ХАИТИ ќе се селам само овде да не останам, проклети гадови!

тие што раководат со фирми и имаат приватен бизнис прашајте ги како им е, а не овде партиски војници и административци да ми кажуваат колку добро функционира!
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
ВРЕДИ поради:
1)партиското и етничкото вработување
2)лошата економска состојба(која тешко дека ќе се опорави наредниве 5-10 години)
3)корумпирано судство и епитетот на полициска држава
4)се цени партиската книшка,непотизмот и правичната етничка застапеност,наместо КВАЛИТЕТОТ,ОБРАЗОВАНИЕТО и СТРУЧНОСТА
5)непочитувањето на законите-за едни МАЈКА(сиромашниот и Македонците) за другите маќеа(богатите и албанците)

НЕ ВРЕДИ поради:
1)семејството и пријателите
2)носталгијата и приврзаноста кон татковината
3)детството и убавите моменти кои си ги доживеал тука

............со носталгијата можеш да живееш во странство,додека со неправдата и сиромаштијата течко дека ќе ПРЕЖИВЕЕШ тука
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
3)корумпирано судство и епитетот на полициска држава
бидејќи има ЗАКОН кој вели дека не смееш у три саат да доаѓаш да праиш проверка на 10 мин. пред погонот да затвори, сеа иам по тој основ право да ги тужам ЕВН, но знаеш шо ќе ми каже почитуваниот делител на правда???
дечко, иди бркај работа, и покрај тоа ПАК ќе бидам зијан негде 1000еу, рочиштвата да му се платат на адвокатот плус обвината и други тракатанци, се на се ќе ме фати илјадарче и па ќе си останам со пенис враце.

но тоа не е проблем бидејќи ЕВН ќе ни лапне преку пола милијарда оштета на рочиштето во Вашингтон... од вакви лигуши неможеш да си ја сакаш татковината, со сила те тераат да ја мрзиш бе !
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
но тоа не е проблем бидејќи ЕВН ќе ни лапне преку пола милијарда оштета на рочиштето во Вашингтон... од вакви лигуши неможеш да си ја сакаш татковината, со сила те тераат да ја мрзиш бе !
...но ти ја МРАЗИШ ДРЖАВАТА(како и повеќето од нас) како целокупен систем,а не ТАТКОВИНАТА:smir:
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
ВРЕДИ, и тоа мноооооогу вреди,затоа што од Македонија држава не бива. Сега ситее ќе ме нападнат каков македонец сум јас едно друго,епа немам јас ниту фирма,не сум ни вмровец,нити моите работат у администрација. Лопови ја раководат државата и ја треба ко хиена од страна да чекам со партиска книшка да ме вработат за 10000 плата и плус да им трчам за некои нивни цели, НИКОГАШ!!!

Да ми се укаже шанса,а бркам нешто работа за у странство,брчам со првиот авион:salut:
 
F

FuckYouAll

Гостин
Вреди ако ти се укаже шанса да ја напуштиш на некое време, да отидеш некаде во странство да поработиш 7-8 години да дојдеш овде и се правиш шеф и од копиљ да станиш највечи фраер у мало.:jb:

Но ако не добиеш таква шанса подобро чутиси и биди среќен што не си се родил во Етиопија, Нигерија, Иран и слично, бидејќи таму е 135135 пати полошо него овде.:smir:
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Ако се зборува од економски аспект вреди и тоа како...
А иначе ноуп:nenene::nenene: Само кај нас е вака опуштено, само кај нас можеш вака да живееш како што ТИ сакаш...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Јас мислам дека младинава е во лош филм.

Едно 70% од сите кои се имаат изјаснето за напуштање на земјата поради економски причини потекнуваат од добро ситуирани семејства.
Имаат за нормален живот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom