Фалбаџии

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Дали сте фалбаџија?
Редовно ли си се фалите пред останатите луѓе за вашите успешни резултати? Или напротив сте од оние лица кои својот успех го сметаат само за свој и не го делат со останатите лица.

Сите ние си се пофалуваме кога тогаш ... еј добив 10ка, еј ќе одам во Италија на одмор, еј се вработив, еј имам најдобар проект итн.
Си се фалите пред најблиските луѓе, пред пријателите, пред било кој (успех си е успех да си го кажеме :)) или?
Не сакам да се фалам лично себе дека јас сум најдобар,најумешен и сл, а не особено за работите кои ги подвлеков. Може некогаш да кажам дека сум за нешто во право, но тоа е далеку од фалење. Не сум нарцис и мрзам луѓе кои нон-стоп кажуваат работи кои им се случуваат и сакаат сите да ги разберат и да им речат браво.
На кратко- не сакам да се фалам, зашто така ќе навлечам повеќе баксузи на мене :)
 
ќеиф му е и нека си се фалат кој може ќе ги слуша кој не нека не се замара :baeh:
 
Колку и да се правиме паметни, дека никогаш се фалиме, сите се фалиме на некој начин, сите сакаме да им покажеме на другите, ако некаде сме отишле ако нешто сме направиле, па и социјалните мрежи како facebook се токму за фалење, најтрагично за мене е кога некој ќе се фали врз база на измислени приказни или пак на приказни што им се случиле на некој негов другар или роднина.
 
Како ќе го удриш дното? Со реченицата “Ја коа бев у Америка на гости кај тетка ми ги гледав сите епизоди на Шехерзад на сателицка, сеа не ми се интересни“.
 
Не сум личност која се фали себеси, но за работи кои ми се случуваат повеќе ги доживувам како новост и одговарам на прашањето : Што има ново? Но, единствено на луѓе кои доволно добро ги познавам. Сигурно не би имало смисла да му го кажам тоа на човек кој одвај го знам.
 
За да ве остават луѓето на мира, поважно е да ја криете својата вредност отколку својот недостаток!!!!!:helou:
 
За да ве остават луѓето на мира, поважно е да ја криете својата вредност отколку својот недостаток!!!!!:helou:
Па не се сложувам баш со оваа изрека.
Луѓето коку повеќе сметаат дека имате свои вредности и квалитети знај повеќе ќе те ценат,а колку повеќе ти ги знаат недостатоците повеќе зафрканции ќе ти прават.:toe:
 
Па не се сложувам баш со оваа изрека.
Луѓето коку повеќе сметаат дека имате свои вредности и квалитети знај повеќе ќе те ценат,а колку повеќе ти ги знаат недостатоците повеќе зафрканции ќе ти прават.:toe:
Не реков дека треба на луѓето да им се кажуваат недостатоците туку дека не чини фалењето, едноставно не треба се' секому да му се каже, а луѓето треба да те ценат поради твоите дела а не зборови..:smir:
 
Ејјјјјјј значи колкав К ми има кучето тоа е нешто неверојатно. Маалските кучки се по него трчаат. Штета што моето куче не сака кучки.
 
Фалењето = Демонстрација на помала вредност.
 
Не реков дека треба на луѓето да им се кажуваат недостатоците туку дека не чини фалењето, едноставно не треба се' секому да му се каже, а луѓето треба да те ценат поради твоите дела а не зборови..:smir:
Па пораката така кажуваше,но сепак ок.Со ова се сложувам.:helou:
 
ехеххе фалбаџии.. имаше една песна порано еј рибари фалбаџии мислам така се викаше не сум сигурен - ептен е стара песната :)
не сум фалбаџија по природа. обично не се фалам скоро никад е сеа зависи за шо.. пример ако кон нешто сум се стремел долго време или сум очекувал нешто од срце кое сум го посакувал и на крај кога ке се исполни знаете чуството какво е.. мора да се сподели со некој.. шознам. пример ако би се вработил би се пофалил али не на секој втор.. на поблиските кои ми значат да.. океј.. или па ако постигнам некој посебен успех во животот било тоа за работа или за школо или општо за некои работи во животот тогаш би се пофалил зашо да не.. инаку за такви муабети добив 10ка или ке одам ваму на одмор ова она тоа не...
 
Не се фалам. Другите зборуваат за мене. Сметам дека сум доволно успешен во тоа што го правам, така што немам причина да се фалам на петко или на станко што и како сум направил.
Добриот збор на далеку се слуша.
 
Кога сме кај фалењето, кај мене се случува обратното. Секогаш кога нешто сум направил или сработил добро, не сум добил пофалба, како резултат на лицемерието и несвидењето на потенцијалните „фалачи“, па така лесно заклучувам дека она што сум го сработил е добро. И обратно тогаш кога самиот не сум задоволен од она што сум го направил, тогаш се туку, ќе се најде некој кој лицемерно ќе упати пофалба, со која самиот ќе се насити од мојот неуспех. Секоја чест на исклучоците, а тие секогаш ги прифаќам со задоволство, не заради тоа што сакам пофалби, туку заради почитта на тој што ми ги упатува знаејќи дека вистински го проценил она за кое што ме пофалува. Што се однесува пак до моето упатување на пофалби, јас исто така упатувам пофалби кон оние за кои сметам дека искрено веруваат дека јас искрено ги пофалувам. Со еден збор, убаво е човек и да прима и да дава вистински пофалби, тие понекогаш значат потврда или мотив плус, со оглед на фактот што нашата потсвест секога бара позитивна или негативна потврда за она што го правиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom