TpH_Bo_OkO
Трноризец
Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Боцвана под уставното име, информираа вчера од Министерството за надворешни работи.
Заедничко Коминике го парафираа шефовите на мисиите на двете држави при Обединетите нации во Њујорк, Слободан Ташовски и Чарлс Нтваге. Двајцата амбасадори потпишаа и заедничко писмо, упатено до генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, со кое се доставува Коминикето и се замолува генералниот секретар да го дистрибуира како официјален документ на ОН до сите земји-членки, стои во соопштението од Министерството.
Република Боцвана, најголемиот извозник на дијаманти, сместена на југот на Африка со приближно два милиони жители, е 126-та земја со која Република Македонија воспоставила дипломатски односи под уставното име. Минатиот месец, дипломатски односи под уставното име воспоставивме и со Принципатот Андора.
http://www.time.mk/read/f74ae8b2b5/b3662455d4/index.html