O
Omer el Faruk
Гостин
Не споредувај нешто што не е за споредување. Аналогијата овде не вреди, вредат фактите и она што го истражила и истражува медицината. А таа вели:Едно е да не јадеш свинско од религиозни причини тоа е ОК
Друго е да шириш невистини т.е. дека “Свинското месо било опасно по здравјето„ освен ако претераш ама тогаш се е опасно.
Нема никаква сериозна нутритивна разлика меѓу било кое црвено месо а говедско а свинско а овцео ај коњско исто ти е. Избор е лично прашање т.е. на вкус или верување а не а “прашање на здравје„.
Јас попрво ви советувал овчото да се исфрли од исхраната од свинското поради тоа што има повеќе лоши масти иако нивната вкупна количина на мастите е помала.
Нема везе месо си е месо ако е добро испечено од било кое животно се јаде тоа е златно правило.
Конзумирањето на свинско месо може да причини, ни помалку ни повеќе, седумдесет различни видови на болести! Личноста која конзумира свинско месо, многу лесно може да добие разни видови на стомачни глисти, како што се влекачкиот црв, оксира, кукаста глиста и други. Една од најопасните паразити од овој вид е Таениа Солиум, која е истотака позната како пантличара. Тој живее во цревата и многу е долг. Неговите јајца влегуваат во крвниот систем и можат да дојдат до скоро секој орган. Ако преку крвта влезе во мозокот, може да причини целосен губиток на помнењето. Ако влезе во срцето, може да причини срцев удар; а ако влезе во очи може да причини слепило; ако влезе во црниот дроб, може тешко да го оштети. Пантилчарата може да ги угрози скоро сите органи. Друг опасен вид на стомачна глиста е Тричура Тичурасис.
Вообичаената заблуда која владее меѓу луѓето е, ако свинското месо биде добро зготвено – јајцата на паразитите ќе умрат.
Во едно истражување, правено во Америка, утврдено е дека од 24 луѓе заразени од Тричура Тичурасис –22 од нив, свинското месо добро го зготвиле. Тоа докажува дека јајцата на паразитите не умираат, дури иако месото добро се зготви.
Свинското месо има многу малку хранливи состојки кои се однесуваат на мускулната структура, но затоа има голем број на масти. Таа маст се таложи во крвните садови и причинува висок крвен притисок и срцев удар. Не е чудно што преку 50 % од Американците страдаат од зголемен срцев притисок.
Ова се само некои показатели кои што науката, поготово медицината НЕ СМЕЕ ДА ГИ ПРЕЌУТИ. Е сега ако одиме со инает може се.
П.С. Се извинувам за оф топиков.