M
MKEUpatriot
Гостин
Општо се познати историско-политичките спорови мегу Македонија и Бугарија.Грешка е на македонските политичари и бугарските што дозволија тие спорови да допрат до најниско ниво и да создадат некој тивок антагонизам мегу двата народа.Ретко мегу кои две држави нема спор од некја природа.Конкретно за темата.Во овие два дена видов различен приод на бг државници кон несреката во Охрид.Вечерта по несреката на аеродромот во Охрид репортер на БНТ бугарската национална телевизија земаше интервју од бг претседател Прванов.И како што знаеме новинарите колку се цинични го потпраша нешто за Спаска.На мое големо задоволство претседателот Прванов рече дека сега не е време за такви прашања.Сабајлево пак Борисов изрекол тешки квалификации за македонската влада прмиер министри дека тие се виновни за несреката а претходниот ја споема Спаска.Што значи сево ова? Дали е различен пристап кон нас? Дали Борисов како политичар има антипатии кон нас и зла воља? Зошто не го уважува сето она кое го правиме во врска за несректа? Дали крај цел е да се наштети на Македонија? Баш ме интересира мислењето на колегите форумџии