Друго ми е зборот, дека клубовите биле принуди да ги менуваат имињата, денешен ОФК Београд е оформен под името БСК во 1911 година и бил пет пети шампиони на Кралствотот Југославија/СХС. По втора светкса војна клубот првин се вика Металец, морало да се има некој си работнички предзнак, па подоцна го враќаат БСК и кај нас Љуботен се фузионирал со Пролетер кој по се изгледа бил оформен 1945. А овој Шар (Тетово), всушност е Љуботен.
За некои податоци што имам најдено, Металец и Индустријалец се фузионираат 1960 година, некое време клубот продолжува да игра под името Металец, а подоцна го менува во МИК.
Графичар првпат пробано е да се оформи во 1932 година, но бил одбиен од тогашните власти, па подоцна во 1935 е оформен и постоел до 1972 година.
Некоја листа на клубови од Скопје кои имале големо значење од 45 до крајот на 60-тите години.
ФК Графичар
Милиционер (едно време се вика и Динамо) имаат играно во 2 ју лига, ССК кои ќе се распаднат 1964/65, треба да се провери дали настанало некоја фузија со ССК Младинец зашто они се оформени 1965 година.
ФК Трговски кој ќе се распадне откако ќе се фузионира со ФАС 11 Октомври, треба да се провери кој година е оформен ФАС 11 Октомври, дали фабриката го превзела клубот и го сменила името или пак клубот постоел од претходно.
ФК Студент, ФК Поштар, ФК Металец.
А за Славија не ми е баш јасна приказната, првиот клуб со име Славија во Скопје е оформен 1921 година, по втора светска војна во 1980 година Славија се фузионира со ФАС 11 Октомври кој пак на почетокот на 60-тите се има фузионирано со Трговски. Во меѓувреме Славија ќе го носи името Макпетрол или Југопетрол, не ми текнува баш кој им бил спонзор зашто ако Макпетрол им бил спонзор, тогаш клубот се има фузионирано со ФК Југопетрол, или пак обратно ако Југопетрол им биле спонзори тогаш имаат направено фузија со ФК Макпетрол.
Од 1980 година ќе се викаат ФАС Славија, а средина на 90 тите клубот ќе се фузионира со АЛФА С, а ФК Алфа С е клуб оформен од Славе Алфа во 1993 година. Инаку Алфа С е штедилница која ќе пропадне, заедно со Тат и уште други штедилници во Македонија.
И треба да се провери дали имаат фузија направено со ГСП Скопје, клуб кој изборува пласман во Вардарски регион, но пред почетокот на првенстово раководството на јавното претпријатие одлучува да го распушти клубот.