Еве и една анализа од моја страна за дел од професорите во РЈ-К:
1. Роска Јовановиќ (македонски јазик и литература): на овој час има некоја интерактивна настава што не е по моја желба, ама во ред, става чудни оцени (2 на 3 на 2 со ѕвезда) на писмени, а на крај става петки од ракав ... значи, оди од крајност во крајност ...
2. Мирјана Димитрова (математика) - професор на кој му ја злоупотребуваат неговата добрина, а бара онолку колку што предал (и тогаш кога предава а она зборува, а канти тропаат, исто е!!!)
3. Географија (Весна Томовска) , која го наследи познатиот Личков - сите и препишуваат на писмени, а и лесно ја наговорија за подобри оцени, што Личков ги ставаше без проблем...
4. Историја (Дарко Билбиловски) кој ја наследи проф. Станка - почна добро, предаваше, правеше планчиња, беше и реален колку од толку, а заврши со дискусии неповрзани со историјата и петки за секое дете...
5. Биологија (Павлина Крстевска) - супер си ја врши својата работа, максимално гледа да биде реална, можеше да смали малку со критиките, а сите критики и се на место ...
6. Физика (Глобочка) - предава добро, ама според многумина на досаден начин ... За оценување е ѓоамити реална, ама и кај неа поминуваат многу врски па 2ки станале 5ки ... А тоа укажува на нешто друго ... џабе ја правата строга ...
7. Хемија (Геческа) - предава добро, ама ем што дава тестови од лански генерации, ем попушта многу ... А ај тоа, ама и на тие тестови да се вадат единици ... не можам да сфатам ... Софрониевска се прави демек е построга, ама се виде таа работа на крај...
8. Лаура (музичка уметност) - греота, ама сама си е виновна ... кој знае да смири ученици ќе смири ...