Потона брод во Охридско езеро

Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.108
Поени од реакции
46.042
Чоек разбери живи останаја само тие шо беа горе на бродот, 15 луѓе што беа внатре во тоа импровизираното кафуле не успеаја да се спасат пошо бродот многу брзо потона, се беше во 3 или минута појќе.. замисли само колкава паника се има створено, плус стари лица ..
Ти мислиш така е тоа, тоне бродот и фино лепо културно без паника ќе си ставиш појас и ќе чекаш да те крене. Имаше изјави од типот: Ме фаќаја еден за нога, друг ме тегни за рака секој гледа да се спаси. И како шо кажав не ја барајте кривицата упорно во капетанот само. Знам, разбирам крив е, но криви се и инспекторите кој патем како шо кажав во еден од претходните мои постови чекаат да се случи несреќа за да се разбудат од кожните фотелји и да почнат конечно да работат ко шо треба.
back to the real world
Имаше човек одговорен за патниците на бродот ? Човек обучен за вакви ситуации и е дел од екипажот ? Човек кој ке дејствува брзо сите да излезат од тоа импровизирано кафуле ?
Тоа што јас се обидувам да ти го кажам е дека бродот имал дозвола за пловидба на долга релација иако на истиот немало пропратни елементи наменети за вакви ситуации, а што би било доколку истите би биле застапени нормално никогаш нема да дознаеме, иако според некоја логика нормално е дека веројатноста некој да преживее во услови на екипаж обучен за вакви ситуации и спасувачки гуми и елеци е поголема без застапеност на истите, како што беше случајот со бродот '' Илинден '' .
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Неемо, недела дена неплатен.
ГХАО, од тема.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Имаше човек одговорен за патниците на бродот ? Човек обучен за вакви ситуации и е дел од екипажот ? Човек кој ке дејствува брзо сите да излезат од тоа импровизирано кафуле ?
Тоа што јас се обидувам да ти го кажам е дека бродот имал дозвола за пловидба на долга релација иако на истиот немало пропратни елементи наменети за вакви ситуации, а што би било доколку истите би биле застапени нормално никогаш нема да дознаеме, иако според некоја логика нормално е дека веројатноста некој да преживее во услови на екипаж обучен за вакви ситуации и спасувачки гуми и елеци е поголема без застапеност на истите, како што беше случајот со бродот '' Илинден '' .
Побогу човече, ова не е Титаник да тони еден сат или некој поголем брод. Во тие три минути од паника меѓу останатите шо беа горе на бродот,дали воопшто некој ќе успееше да стигне до тие шо беа долу? Гледајте малку реално,а не сега шо би било кога би било. Среќа голема беше шо капетанот успеа да јави на другиот борд и тие веднаш да стигнат на местото на несреќата и колку шо можат да спасат луѓе,а патем и да повикаат и други бродови.
Сто пати не планирам да се повторувам, крив е капетанот,а уште поголема е вината кај надлежните институции шо чекаат до ова да дојде,па да се фатат за работа.
 
Член од
10 август 2008
Мислења
744
Поени од реакции
266
Нуркал еден мој познаник, еден сат скоро ги барал потонатите, се подул целиот и накрај му кажале дека тие тројца останати закаснале на бродот... На вести кажаја дека мвр нуркале.
Иначе бродот бил од Комуналец прво, после им го дале на сегашниве сопственици, кој се во притвор, а бил од 1924 колку шо разбрав, не е толку стар. Плус го реновирале од ко им го дале (пред двајстина години).

...Бог да ги простит починатите, лесна им земја.
 

Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
Повод за несреќата е тоа што се откачила сајлата којашто го управува бродот, веројатно за тоа допринел поголемиот број на патници.

Причина за несреќата е паниката меѓу луѓето коишто сите се префрлиле на една страна од бродот веројатно поради инерцијата од вртењето во десно и тогаш бродот понесен од тежината на патниците потонал.

Бродот е типично воено бродче коешто е тесно, а долго и нема некоја добра статика која би издржала товар од 50 луѓе = 4 тона на една страна.

Одговорноста лежи кај сите, најмногу кај капетанот на бродот.



Бродот има просторија внатре во којашто се наоѓале скоро сите 15 загианти, едноставно не успеале доволно брзо да излезат. Оние што се разбираат малку повеќе во физика знаат дека во моменти кога се полнела таа просторија со вода има огромен притисок и не може да се плива во спротивен правец. Им останале само неколку секунди за спас и не успеале да се извлечат.

Жално.
 
P

Princ

Гостин
Одговорноста лежи кај сите, најмногу кај капетанот на бродот.
Јас тука би ги додал и "владините институции". Не дека ги мразам нешто, туку кога транспорт и врски би си ја вршеле својата работа, ќе се поставеа многу посилни правила. Кога внатрешни работи би ги зацврстувале тие правила, и би биле гарант за нив, можноста за ваков инцидент за кој директно виновен е човекот би била минимална. На крај краишта, сите тие и само за тоа зимаат плата од граѓаните на РМ. Не си ги заработуваат парите, не продаваат добра. Зимаат плата за таа услуга. Која граѓаните не ја добиле.
 

bubi4ko

Македонци брее..
Член од
24 јуни 2008
Мислења
274
Поени од реакции
17
Шо има да опишувам...Трагедија е!!!

Многу жално за загинатите...Јас мислам дека капетанот е најкрив што дозволил претоварување!
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.345
Поени од реакции
2.237
Го доживеав Титаник
Секој момент мислиш дека умираш. Борба со водата. Гледавме да пливаме и да се фатиме за нешто. Околу 40 минути бевме во водата. Во близина имаше еден голем брод и уште неколку кајчиња и ако од таму не ни фрлеа појаси за спасување и гуми, сигурно ќе се удавевме сите, вели Зоја Васева, една од преживеаните патници од бродот Илинден

Никогаш повеќе нема да се качам на брод- вака коментираа оние кои ја преживееа несреќата. Велат дека се се одвивало со неверојатна брзина како на филмска лента
- Го доживеав најверојатно "Титаник". Секој момент мислиш дека умираш. Борба со водата. Гледавме да пливаме и да се фатиме за нешто. Околу 40 минути бевме во водата. Во близина имаше еден голем брод и уште неколку кајчиња и ако од таму не ни фрлеа појаси за спасување и гуми, сигурно ќе се удавевме сите. Рекоа дека на нашиот брод имало два - три елеци за спасување, вели Зоја Васева. Со солзи во очите и растреперен глас го раскажуваше пеколното патешествие и борбата за живот.
- Одеднаш бродот се навали надесно. Сите кои во тој момент бевме на левата страна се најдовме таму, на таа страна. Се работеше за секунди и започна борбата за живот. Бев на палубата и кога се навали бродот, јас се зафатив на крајот на оградата на бродот. Се држев додека можев. Започна паниката. Знам малку да пливам и кога немаше каде да се фатам се најдов во вода и се задржував на површината. Никогаш повеќе нема да се качам на брод, вели Васева.
Венета Стаменова, средовечна жена, една од потешко повредените која по несреќата заврши во Хируршкото одделение во Охридската болница, покрај големиот стрес приклучена за апаратите стравуваше за судбината на својот сопруг, кој исто така бил на бродот.
Бродот се навали на една страна, паднавме и почнавме да се спасуваме, кој како можеше. Беше страшно. Јас го фатив сопругот за кошулата, но потоа го испуштив. До мене имаше друг маж со црна кошула и една жена. Дојде другиот брод и не спасија. На бродот бевме само ние од групата. Јас не знам да пливам. Бевме горе на палуба. Сега ми е најболно што немам информација како е мојот сопруг, вака Стаменова ја раскажа стравичната несреќа.
"Да се качев на бродот мозеби ќе бев мртов", вели еден од тројцата туристи кои не заминале со бродот. Потајно среќен што ја избегнал незгодата вели дека жали за своите пријатели. "Јас не заминав утринава со бродот. Останав да се одморам. Сето ова е голема трагедија тоа се мои другари и пријатели. Имав голем касмет да избегнам ваква несреќа".
Гостите во Охрид биле сместени во приватни соби. Со нив на бродот била и ќерката на станоиздавачот која требало да им ги покаже убавините на манастирскиот комплекс. Тие биле претежно пензионери од Пирдов, Златица, Челопеч и селата Антон и Мирково. Ексурзијата секого го чинела по 150 лева. Но никој од нив ни на сон не помислил дека цената ќе биде далеку повисока.
- Претходно се познавале и решиле да дојдат заедно на екскурзија. За жал, таа заврши несреќно. Патувањето секого го чинело по 6 евра, вели Горги Георгиев, новинар на ТВ Европа од Благоевград.
Најмладата жртва имала 22 години

Дваесет и две годишната Георгиева Марија Христова е најмладата жртва во несреќата која се случи во саботата во водите на Охридското Езеро. Најстарата жртва имала 76 години, пензионерот Метанов Георги Ганчев. При потонувањето на бродот настрадале деветмина кои се на возраст од 62 до 73 години, четворица на возраст 32 од 56 години години.
Вчера во Македонија државните знамиња беа симнати на половина копје. Се откажаа сите јавни манифестаци. Македонската Влада го прогласи 6 септември за ден на жалост. Бугарската Влада за ден на жалост го прогласи денешниот ден. Денес кај нашиот источен сосед треба да пристигнат телата на починатите. Знамињата се спуштени на половина копје, а семејствата на настраданите ќе добијат парична помош од по 10 000 бугарски лева.
Софија
Четворица преживеани задржани на лекување

Десет лица, кои беа повредени во бродската несреќа во Охридското Езеро, по пристигнувањето во Софија, во саботата вечерта се прегледани на Военомедицинската академија, соопшти заменик-директорот на болницата Евгени Белоконски.
Шестмина од прегледаните ја напуштиле болницата по сопствена желба, а четворица се задржани на лекување, јави бугарската новинска агенција БТА. Единиот од нив е на хируршкиот оддел со контузии во делот на грбот. На интензивна нега е жена со аспиративна бронхопневмонија, чие лекување најверојатно ќе трае подолго. Таа беше хоспитализирана и во болницата во Охрид и беше во најтешка состојба. Дел од преживеаните се консултираа со специјалисти со цел да го надминат стресот, информира психијатарот Илија Маринов.
БРОДОВИТЕ ВЧЕРА НЕ ПЛОВЕА
Илинден ќе се вади денес?

Вчера, во водите на Охридското Езеро, бродовите не пловеа. Бродарите велат дека нема заинтересирани за прошетка по Езерото по стравотната несреќа која однесе 15 жртви. Како што дознаваме, експертската група до денес треба го извади бродот од водите на Езерото, а официјалните податоци за причините за несреќата ќе бидат соопштени по направената експертиза. Инаку, специјална комисија составена од првиот човек на Капетанијата Љупчо Настески, поранешниот капетан експерт по бродарство Злате Клечкароски и тимови од Хрватска и Бугарија, вчера, во Охрид се состанаа за да направат анализа за причините за несреќата. Истражувањето треба да покаже дали на бродот има некоја пукнатина и од кои причини навлегла вода во трупот.

Извор: вечер
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Прво, сочувство до семејствата на настраданите.
Трагедија, нема збор за тоа.
Сепак, за греота капетанот. Добар човек е, штета, со ова ќе му се зезне живот.
Не дека го оправдувам, првенствено поради поголемиот број од дозволените патници, ама ќе наебе, Бугарите ќе бараат жртвено јагне.(најверојатно и со право.)
Поука: Немојте да бидете во професионална позиција во која од вас би зависеле животите на други луѓе.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
ПАРТНЕР АГЕНЦИЈА

секоја нормална земја за да го стимулира туризмот и заштити своите ДОМАШНИ АГЕНЦИИ со закон има наложено странска туристичка агенција, тура, престој или екскурзија да реализира само и само...СО ДОМАШЕН ТУР ОПЕРАТОР.

само кај нас на наша штета со години како хиени хараат де бугари де грци и срби секој со својата прикаска за бугарски грчки или српски охрид...толерирани од сите досегашни влади
 

RTM

Член од
4 септември 2008
Мислења
844
Поени од реакции
215
Сакам да кажа едно ГОЛјаМО БЛАГОДАРја!!! на сите Македонци кои помогнаха на моите сограждани и не позволиха жертвите да бидат повеке! Ме впечатли и сочувствието кое целата земjа оказа за трагедиjата.
За загиналите - лесна им земjа!:(
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.855
Поени од реакции
22.908
Шо има да опишувам...Трагедија е!!!

Многу жално за загинатите...Јас мислам дека капетанот е најкрив што дозволил претоварување!


Точно капетанот точно знаел колку патници можел бродот да прими,и за тоа треба да сноси одговорност..
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Сакам да кажа едно ГОЛјаМО БЛАГОДАРја!!! на сите Македонци кои помогнаха на моите сограждани и не позволиха жертвите да бидат повеке! Ме впечатли и сочувствието кое целата земjа оказа за трагедиjата.
За загиналите - лесна им земjа!:(
Нема за шо бе комшија без разлика од кај си човек си е човек живот си е живот.:smir:.Само онај вашио Борисов малку ........ај ке бидеме офф топик.:smir:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Јас мислам дека треба сите ние да се воздржиме од било какви коментари кои се однесуваат на припишување на вината за несреќата.
Појма немаме што се десило, новинарите досега пласираа куп различни и контрадикторни бројки...
Не заборавајте дека зборуваме за дечко од 23 години! И така доживотно сето ова ќе го прогонува, што повеќе?
Вината и фактичката состојба ќе се дискутираат кога ќе има доволно валидни информации!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom