Потона брод во Охридско езеро

  • Креатор на темата Креатор на темата da_be_man
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не ги гледајте снимките. Зошто по ѓаволите ги гледате? Нашата нација е прва за ексклузива, шокантизам, драмење, театралност, па затоа и тоа е сервирано од медиумите. Еве, откако чув дека има шокантни видеа на телевизија, не гледам. Фала, јас сакам да спијам вечер. А вие, ем гледате, ем серете. Немојте ви се молам.


За тоа да. Се дига голема фама за негативните настани,за позитивните ги нема никаде,се прават глуви. :toe:

Инаку снимките не ги гледав Мими :smir:
 
Околу сликите на несреќа и мизерија, оти не знаете дека медиумите во основа се лешинари, прават пари врз туѓата мизерија и несреќа? :uvo:
 
ШОКАНТНА СНИМКА ... ТОЈ ШТО НЕ ЈА ГЛЕДАЛ ПОАРНО ДА НЕ ЈА ГЛЕДА !!!!

Зошто бе? За да не се соочиме со еволуцискиот факт дека ЛУЃЕТО УМИРААТ?! Вака или онака?!

Океј, пуштете некоја комедија и живејте во убедувањето дека „филмскиот“ епилог никогаш нема да биде дел од вашиот живот. Ама иронично, ако не бил дел од нечив живот, речиси никогаш и немало да се најде на филм.

Крај краева, што кур деца од 12 години да се замараат со вести?! Јеботе, ми се сели од овде во моментов... :(
 
Не ги обвинувам А1 што ги прикажаа снимките, туку кретенот што снимал, гарант си мислел "топ сеа ќе ги шитнам на некоја телевизија", ебате лешинарите глупи, да бил некој негов близок на дното да го прашам дали ќе снима!


п.с. RIP!
 
Кога нема ништо се јадат трици телевизиите ништо не работат кога ке дадат нешто вака апла тогај па лелееееееее шо им на вие епа шо сакате вие по цел ден Гуевски и Радмила да ги глеате и да слушате за економската криза и снимките не се шокантни него се реални удавени луге ги вадат од езерото :toe:
 
Починатите нека почиваат во мир, се молев Господ да им ги прости гревовите.
Најискрено сочуство до нивните семејства. Ја делам нивната болка и тага.

Во однос на снимките на А1... не ми се допадна тоа што го видов, ама не ги окривувам ни А1. Имаат ексклузивен материјал, и го објавуваат. Пола саат унапред беше најавен како "ексклузивен и шокантен". Значи сите токму и поради тоа се нацртавте пред вашите мали екрани. И сега ми мрчите тука колку биле гадни. Ало, најавија ЕКСКЛУЗИВНИ и ШОКАНТНИ снимки. Што очекувавте?
 
Епилог не им ги гледајте вестите нека им пропаднат телевизиите.
 
Во однос на снимките на А1... не ми се допадна тоа што го видов, ама не ги окривувам ни А1. Имаат ексклузивен материјал, и го објавуваат. Пола саат унапред беше најавен како "ексклузивен и шокантен". Значи сите токму и поради тоа се нацртавте пред вашите мали екрани. И сега ми мрчите тука колку биле гадни. Ало, најавија ЕКСКЛУЗИВНИ и ШОКАНТНИ снимки. Што очекувавте?
Ако најавиле дека снимките се шокантни и предупредиле за нивната содржина, тогаш незнам што толку удирате критика на А1, слично ко онаа снимка кога почина пред камерите девојка во Иран, сите светски медиумски агенции го пренесоа тој настан, вклучувајки ги и нашите медиуми .
 
Зашто да не бидат прикажани такви снимки? Секоја ексклузива е секаде прифатена во светот, така да не знам што не сте смениле одма после 1 секунда прикажана снимка ако ви било гадно.
Секаде во светот скапо се плаќаат било какви ексклузивни снимки, посбено оние на несреќни случаи.
Инаку дали меѓу починатите има Македонци?
 
Одеше горе дур играше Супермен, како го викаат, кајрон мислам. Пола саат пред вестите јас видов, не знам од кога почнале да го прикажуваат текстот.
Во вестите во 19, ексклузивни и шокантни снимки... така нешто.
Башка муабет што новинарот во најавата уште еднаш повтори, лека полека онака, за кој сака да смени програма. Ама финтата е што сите ние се нацртавме пред телевизорите токму ради ексклузивните и шокантните снимки... и после не ни се допадна што видовме. Премногу шокантни биле...
 
Сто пати сум рекла, ќе кажам пак... Новинарите ви се криви и што немате ајвар у фрижидерот и што ви завршил омекнувачот за алишта. И секако, затоа што се врти Земјата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom