leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
воопшто не е пријатно да знаеш дека некој те мисли кај си и со кој си :nenene:
Како мислиш дека е непријатно да те мисли некој?
Јас оној што го сакам го мислам секоја секунда од денот и ноќта,се надевам дека и мене ме мислатКога сакаш некого нормално е да знаеш каде е,нормално е да прашаш каков му е планот за денот,тоа доаѓа спонтано,не од што треба да поднесеш детален извештај некому.И љубомората е убава во нормални граници,посесивноста е опасност.Знаеш ли колку е грдо чувството ако знаеш дека не те мислат?
Знаеш ли колку е грдо на партнерот да му е сеедно кој ти се пушта,кој ти се јавува,да не ти покаже љубомора?
Сакам да ја видам таа љубомора и сакам да покажам дека не ми е сеедно кога друга му се приближува!