A1 TV Lite (ONE BoomTV/Vip TV Lite) безжична DVB-T телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата bballfan
  • Време на започнување Време на започнување
Почитувани Корисници,
дозволете ми да се претставам,
Моето име е Горан Гочев, алиас Грегор, и од првите денови како концепт работам на темата на DVB-T во Он.нет. Инако досега сум на положбата на CTO во Он.нет.
Причината зошто го пишувам овој пост е да разјаснам некои работи.

1. Телевизијата е при крај и наскоро ќе добите комерцијални услови. Број на канали тематска содржина преводи и сл нема да дознаете се до комерцијалниот старт.
2. Господинот Бонсек не ми е познат и изнесува полно невистини и безпотребно ги "пали" членовите на форумот. Доколку е вработен во Он.нет и поседува некои информации кои не ги знам ќе го замолам да дојде и да ме посети во мојата канцеларија во ДТЦ Алуминка на 5ти кат.

Овој пост е прв и последен од моја страна бидејќи немам намера да ви откријам нешто повеќе во врска со проектот ДВБ-Т и немам намера да влегувам во бесконечни безполезни дискусии.

Поздрав,
Горан Гочев - Грегор
 
Па кажи кои се тие невистини...

Па и он кажа ништо спектакуларно.. :S
 
Па кажи кои се тие невистини...

Па и он кажа ништо спектакуларно.. :S

па мислам дека доволно си кажа господинот.све што кажа такозвани "сечач" бонсеки или како и да беше, дека е невистина.самите постови на дотичниот беа полни со конфузни коментари од типот, стартуваме на тој датум , стартуваме на овој датум , јас имам висока функција во оннет.смешни коментари дефинитивно.
 
Значи до сите следни членови кои ја читаат темата нека им биде јасно дека офицјално нема податоци од типот "што" и "како" ќе биде така да стрпете се додека не пуштат информации од Он нет.До крајот на месецот неверувам дека ќе пуштат оти не се исплаќа за останати 10 дена од месецот некој да плаќа претплата.Така да за надеж можеби од 1 па натака.:tv:
 
Ја пробав да ги побарам тест каналите ама не ми најде ни еден а имам на телевизорот со дигитална телевизија (samsung t220hd)
Што е проблемот?
 
Ајде кажи што е невистина од тоа што го имам кажано?! информациите што ги добивам се од луѓето што работат на делот за дигиталната телевизија значи со ова сакаш да кажеш дека таму работат несериозни лица ако не е точно тогаш кажи што е невистина од моите постови? А како што гледам ако си ти тој што се претставуваш гледам дека потенцираш многу наскоро дека ке започне телевизијата тогаш што има да ни откриваш детали кога наскоро многу наскоро ке започне значи дека и ти постираш невистинити информации за мене многу наскоро е 3 - 4 дена 1 недела може ти рачунаш во месеци кој знае!
 
Мр. Бонсек,

Мислам дека време е малку да ја смениме насоката на дискусија, пред се затоа што:

Прво велиш дека работиш во Он.нет, што е невистина.

Потоа - дека ги добиваш информациите директно од луѓето што работат во DVB-T, што повторно е невистина, затоа што Горан (алијас Грегор) работи директно на проектот и вели дека не те познава... Претпоставувам дека денес не се сретнавте во канцеларија, така? За волја на вистината, многу фино настапи Грегор, затоа што се претстави и замоли сите да бидеме трпеливи уште кратко време. Да го послушаме и да престанеме со шпекулациите околу програмите, цените, пакетите и слично...

Истото би го побарал и јас. Не е во ред да се шпекулира, се додека нема некакво официјално известување. Не личи убаво од страна, а може и да се доведат некои членови во заблуда (со имперсонирање на официјални лица, како што се обиде да направи Мр. Бонсек на пример)...

Затоа - крај на дискусијата околу програмите, пакетите и цените. За нив ќе се дискутира откако ќе бидат официјално објавени. За технологијата слободно дискутирајте.
 
ок нема проблем повеќе нема да постирам информации на форумот
 
Кога ке почне и што ке понуди ке почекаме најкасно до 15.11.2009 година тоа е последниот продолжен рок за старт на дигиталната телевизија на Он нет групација Телеком Словенија ако и потоа не профункционира ке чекаме лиценца да добие друг провајдер. За толку чекање треба да биде екстра приступачна понуда!:tv:
 
Се надевам дека нема да заебат со роковите:nesvest:
 
Некоја новост да споделевте со нас ?
 
Почетокот на дигиталната телевизија ќе биде од 15.11.2009, поради каснење на доставата на опремата...
Дигитална телевизија

А1 ТВ бара тендерот за дигитална телевизија да се најде пред Уставниот Суд, бидејќи според нив Агенцијата за електронски комуникации ја повредила законитоста и сите радиодифузери во земјата ги ставила во нерамноправна дискриминаторска положба во однос на Telekom Slovenije кои беа избрани за емитување на дигиталната телевизија.

„Секаде во Европа кога се работи за доделување на фреквенции наменети за дигитална телевизија секогаш радиодифузерите имаат сопствена мрежа, во македонија со распишувањето на ваков тендер се преферира спротивното, се преферира телекомуникациските оператори да бидат сосптвеници на оваа мрежа, ставањето на радиодифузерите во положба на корисници на радиодифузната мрежа, а не во положба на сопственици доведува до монополска положба, создава монополска положба, а ваквата положба задира во независноста на медиумскиот простoр во Македонија“, вели Лујза Стајиќ, адвокат на А1.

Ова не е единствениот проблем на Telekom Slovenije. Tие требаше да почнат да тестираат дигитална ТВ програма за 430.000 крисници, но дигиталната телевизија се уште не функционира.

Telekom Slovenije одговори дека тие ја порачале опремата на време, но се појавил проблем во доставувањето, па комерцијалното емитување ќе започне на 15 ноември.

„Според Договорите склучени од Космофон со добавувачите јасно се гледа дека опремата е навремено нарачана и уплатена, како и дека роковите на испорака кореспондираат со рокот за старт на сервисот, односно опремата треба да пристигне пред 4 септември. Меѓутоа, истото не се случува и добавувачите бараат дополнителен рок од осум недели за испорака на опремата, што директно го одлага процесот” објаснуваат од Агенцијата за електронска комуникација.

За тие што не знаат што е дигитална телевизија, тоа значи дека дигиталниот сигнал може да пренесе поголеми пакети на информации што резултира во поквалитетна слика и звук, и се овозможува висока дефиниција или HDTV.
Извор: ит.ком.мк
 
Штрајкува поштата во Англија, може затоа нема опрема. :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom