Колку вреди факултетската диплома?

Барам... неколкупати на интервјуа, уште бог знае колку пати со консултатнски компании за хасап...и ништо, работните места ги добиваат некои со факултет сроден на мојот т.е некои кои партиски се подобро внесени од мене или имаат роднина кој работи таму.
 
Вреди да да, ќе си ја ставиш дома на ѕид и ќе се фалиш дека си академски граѓанин. И потоа ќе побараш пари од твоите и ќе отидеш со друштвото на кафе и ќе ги гледаш огласите на продавници за продавачки, шанкери, келнери и ќе се прашуваш дали се исплати да работиш со факултет таква работа, кога од твојата бранша никој не те прима без врски или книшче.
И вечерта пред спиење пак ќе си ја погледнеш дипломата и ќе опцуеш се живо и ќе легнеш со надеж дека еден ден работите може ќе се сменат.
И така сеееекој ден.

Кажи ми, некој, со диплома на разумен факултет, шо бара работа?
Не зборам за социологија, филозофија, или некој такви ретардирани ствари за дрвење ташаци..

Што е разумен факултет за тебе?
Терминов ти вришти. Ако тебе одредена професија и факултет не ти се допаѓаат немаш право да викаш дека не се разумни.
 
Вреди да да, ќе си ја ставиш дома на ѕид и ќе се фалиш дека си академски граѓанин. И потоа ќе побараш пари од твоите и ќе отидеш со друштвото на кафе и ќе ги гледаш огласите на продавници за продавачки, шанкери, келнери...
Или добро ќе се омажиш па ќе си имаш професија домаќинка, академски гарѓанин :icon_lol:.
 
Барам... неколкупати на интервјуа, уште бог знае колку пати со консултатнски компании за хасап...и ништо, работните места ги добиваат некои со факултет сроден на мојот т.е некои кои партиски се подобро внесени од мене или имаат роднина кој работи таму.

Патем, не си зависен од државава, со оглед дека имаш факс со кој можеш да работиш у странство без проблем, си пробал да аплицираш настрана?
Брат ми сеа дипломираше машински, 10ка, кај и да е, бега у германија на работа..
 
Бараш работа упорно, секој ден, колку време?

Има луѓе кои ги познавам и кои имаат завршено факултет со добар,солиден просек.Имаат вистинско,а не купено знаење и седат дома со години или пак работат било каква работа за да преживеат.
А исто така и еден другар кој заврши на ФОН,плаќаше голема сума пари и зема диплома,до пред 2 месеца работеше како келнер,за сега да замине во странство.
 
Што е разумен факултет за тебе?
Терминов ти вришти. Ако тебе одредена професија и факултет не ти се допаѓаат немаш право да викаш дека не се разумни.

Исплатлив факс = разумен факс.
Филозофија = Неисплатлив факс = неразумен факс.
 
Не сакам настрана... сакам тука, каде што сум роден, зошто да неможе?
 
Брат ми сеа дипломираше машински, 10ка, кај и да е, бега у германија на работа..
А може да ми одговориш зошто бега во Германија со така висок просек?
 
А може да ми одговориш зошто бега во Германија со така висок просек?

Затоа што е паметен? Затоа што сака да работи за плата?

Не сакам настрана... сакам тука, каде што сум роден, зошто да неможе?

Зашо тука кај шо си роден, можеш да работиш ко келнер или месар со тој факултет. И тоа требало да ти биде јасно уше пред да се запишеш..
Не само со тој, туку со повеќето..
 
Затоа што е паметен? Затоа што сака да работи за плата?

Па нели и тука може да најде работа и да зема супер плата?Зошто тогаш учел факултет во Македонија?За што му служи сега дипломата?
 
Не сакам настрана... сакам тука, каде што сум роден, зошто да неможе?
Може ќе си насадиш уште некој хектар јаболка и таму ќе го примениш Хасап, ако чекаш вработување во Скопје можи да се изначекаш :smir:.
 
Па нели и тука може да најде работа и да зема супер плата?Зошто тогаш учел факултет во Македонија?За што му служи сега дипломата?

Затоа што е далеку по ефтин факсот тука? Затоа што веќе беше да работи 6 месеци у Германија, преку факс, затоа што ради тој факс сеа ќе работи пофторно таму..
Татко ми е исто машински инжињер, тука тоа што го работи, како приватен бизнис, рачунај месечно дали 40к ќе извади..Сега отиде "на печалба" у Црна Гора, работи за 130к месечно, и тоа со сите трошоци платени, значи тоа му е чиста пара.

Познаваш некој шо има 40к плата со средно образование?
 
Дипламта не вреди ништо праксата е најбитна
Но без диплома не верувам дека ке те примат некаде на добра работа за да си ја докажеш праксата или способностите што значи дипломата вреде многу....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom