VOLK2234
еврофоб и хомоскептик
- Член од
- 16 септември 2008
- Мислења
- 5.517
- Поени од реакции
- 4.387
На Балканот треба искрено да му се порача дека во овој момент нема позитивно расположение меѓу европските држави да се продолжи понатамошното проширување на Европската Унија, изјави австрискиот политичар Ерхард Бусек во интервју за „Вечерње новости“
Бусек, кој е координатор на Иницијативата за соработка во Југоисточна Европа, смета дека е многу неблагодарно да се предвидува темпото на европските интеграции на земјите од регионот.
Според него, има повеќе причини поради кои официјален Брисел ја „подзатвора“ вратата за новите членки, но го издвојува јакнењето на десницата на последните избори за Европарламент, опција што, како што вели, е јадро на противниците на ширење на Европската Унија.
- Многу од тоа ќе зависи и од новиот состав на Европската комисија и составот на другите ЕУ-институции... Потоа, тука е и неизвесната судбина на Лисабонскиот договор - изјави Бусек.
Бусек останува на својот став дека е најдобро целиот регион да се прими во Унијата во пакет, бидејќи на тој начин според него ќе се избегне ситуацијата една земја да ја блокира интеграцијата на друга, како што е сега случајот со Хрватска.
- Останувам на уверувањето дека идеална година за влез на регионот во Европската Унија би била 2014 година, точно на стогодишнината од Првата светска војна - вели Бусек.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=919951497&id=9&prilog=0&setIzdanie=21777