Зошто .NET ?

  • Креатор на темата Креатор на темата discodancer
  • Време на започнување Време на започнување
Па мислам дека .NET со своите WebForms е тотална утка за правење на модерни веб апликации. Java такоѓе. Едноставно премногу код се куца за едноставни работи.

И јас исто така :)

Ако ме прашаш мене, има многу поубави јазици кои би требало да се користат во многу домени наместо .NET и Java... на пример python и ruby. Професионално работев PHP, ама искрено не ми се свиѓа многу, има претерано рудиментирана имплементација на објекти.

Python-от ми е омилен. Толку многу моќност и едноставност на едно место, јас барем, немам најдено на друго место.
Ruby... Имав еден експеримент со Ruby on Rails... многу краток експеримент и многу цврсто се решив дека не ми се допаѓа.
PHP е, реално земено, ужас. Премногу застарени концепти модифицирани да можат да се носат со новото време. Добрата работа со PHP-то е што има многу расположливи ресурси (готови решени проблеми и луѓе што го работат).
Во секој случај... Python е мојот избор :)

Мене само не ми е јасна опсесијата на македонциве со мајкрософт. У западниов свет ниеден нов важен стартап не се сервира на IIS/.NET. Изгледа нешто лошо правиме.

Има еден стартап во Македонијава кој што не ги тангира многу - многу М$ :)
Прилично мала, ептен нова и надежна фирма :)
Се работи на Линукс и се форсира кај клиентите колку што е можно повеќе Линукс (сега за сега, можам да речам, прилично успешно), и се користат технологии од типот на Python, C/C++, Qt, PHP...

Во секој случај, многу пријатно сум изненаден од темава и од одговорите на некои од членовите. Дефинитивно се гледа созревање од технички аспект. Очекував дека ќе те каменуваат дека богохулиш против .net :)
 
Кажи која, ја дадов отказ од мојата, барам работа :D :D
 
Ако по логиката што е погоре напишана дека .нет се користи за лесни сајтчиња ондак "големите" македонски фирми работат лесни и шугави сајтчиња. :toe:

Ретко кој во странство се определува за .НЕТ пошто лиценците им се прескапи, самиот фрејмворк јаде мн ресурси, спор е, шугав и не се препорачува за нешто поголемо (прв пасус). Јас мислам дека ова е пракса исклучиво во Македонија најверојатно ради евтината работна сила која го учи .нет на факултет па одма ги запослуваат за минимална плата

Декс нели ти беше подржувач на .NET?
А на темава би одговорил- се додека Microsoft дава стотици милиони долари за реклами на .NET платформата до тогаш и ќе постојат подржувачи на истата.
 
Декс нели ти беше подржувач на .NET?
А на темава би одговорил- се додека Microsoft дава стотици милиони долари за реклами на .NET платформата до тогаш и ќе постојат подржувачи на истата.
Од кога почнав да работам озбилно веќе го баталив .NET ради тоа што така ми наметнуваше работата.
Сега куцам PHP и сум насмеан до уши, како не почнав порано со него. Ептен ми легна и за ништо не би го менал.

Грешка се прави на факултет што наметнуваат MS технологии, да се смени таму пристапот кон програмирањето се тоа подоцна ќе се рефлектира и на пазарот

@Dejan]
Да да со голема доза на иронија
 
И јас исто така :)

Python-от ми е омилен. Толку многу моќност и едноставност на едно место, јас барем, немам најдено на друго место.
Ruby... Имав еден експеримент со Ruby on Rails... многу краток експеримент и многу цврсто се решив дека не ми се допаѓа.
PHP е, реално земено, ужас. Премногу застарени концепти модифицирани да можат да се носат со новото време. Добрата работа со PHP-то е што има многу расположливи ресурси (готови решени проблеми и луѓе што го работат).
Во секој случај... Python е мојот избор :)

Има еден стартап во Македонијава кој што не ги тангира многу - многу М$ :)
Прилично мала, ептен нова и надежна фирма :)
Се работи на Линукс и се форсира кај клиентите колку што е можно повеќе Линукс (сега за сега, можам да речам, прилично успешно), и се користат технологии од типот на Python, C/C++, Qt, PHP...

Во секој случај, многу пријатно сум изненаден од темава и од одговорите на некои од членовите. Дефинитивно се гледа созревање од технички аспект. Очекував дека ќе те каменуваат дека богохулиш против .net :)

Поддршка за python, има голем напредок околу таа платформа и очекувам да има уште многу

Не те разбрав баш? Вредност каква? Парична или девелоперска? Некако на второто ми иде пошо пример: Struts/Spring/JSF/GWT + Hibernate + apache commons = you know what :)

Како што контекстуално го преведувам за непрограмерски луѓе: не користи слон за да убиеш мравка.

Не девелоперска туку вредност за имплементација на комплексни бизнис модели за ентерпрајз апликции. Зборам за Ј2ЕЕ. Struts/JSF/GWT не се за спомнување тука, хибернејт е друга приказна а спринг со целиот стек е најблиску до то шо зборам ама сепак е недоволен.

Сепак како шо кажа целото ова е слон, внуче е во право за python за полесни работи ама чоек со помалку искуство можи да се изгуби и во него така и покрај лесната синтакса не го препорачвам за почетници.
 
Поддршка за python, има голем напредок околу таа платформа и очекувам да има уште многу

Би требало да има уште поголема поддршка, посебно затоа што гоогле ја користи максимално.

Авторот на Python е вработен во Google и има договор 50/50, што значи дека може да работи 50 % од платеното работно време во Гоогле на развој на своите проекти кои во главно се врзани со python.
 
Епа да гугл е многу важен за промоцијата на python а гвидо незнам колку има удел во развојот на новиот интерпретер од гугл. Во секој случај да не беа гугл python ќе беше забораен. И не е само гугл туку и дбар дел од опен сорс заедницата се завртени на python
 
Овде испадна сите се против .нет.
За веб .нет и јава можеби се тешкаши и за полесни проекти пхп е доволен.

Но за десктоп апликации му нема рамен на .нет. И за едноставни и за големи програми е добар. Самиот visual studio е правен во .нет
CLR на windows e побрз од Јава VM на windows, на линукс Mono е побрз од Јава VM
WinForms се добри, а ако некој сака ептен шминкано има WPF.
 
Но за десктоп апликации му нема рамен на .нет.

Кои се предностите на .нет во споредба со C++/Qt комбинација?

Самиот visual studio е правен во .нет

KDE е правено со Qt. ;)

CLR на windows e побрз од Јава VM на windows, на линукс Mono е побрз од Јава VM

И двете се поспори од native објект, нели?

WinForms се добри, а ако некој сака ептен шминкано има WPF.

Qt има CSS-like стајлинг систем кој што ти овозможува да го контролираш изгледот од едно место на цела апликација, до најмалите можни детали и без никакви ограничувања.
Плус, WPF е ужасно спор.
 
Кои се предностите на .нет во споредба со C++/Qt комбинација?

KDE е правено со Qt. ;)

И двете се поспори од native објект, нели?

Qt има CSS-like стајлинг систем кој што ти овозможува да го контролираш изгледот од едно место на цела апликација, до најмалите можни детали и без никакви ограничувања.
Плус, WPF е ужасно спор.

И двете имаат garbage collector па можи секоја будала да програмира

Моќта на Ц++ бара поголема одговорност
 
@bilbil
Поправка: за WINDOWS апликации му нема рамен на .нет. Нормално дека му нема, исто како што за Mac апликации му нема рамен на Objective-C и Cocoa. Моето првобитно прашање беше зошто сепак сите го користат .НЕТ и c# за се останато.
А во македонските фирми главно се работи веб девелопмент...
 
за WINDOWS апликации му нема рамен на .нет. Нормално дека му нема
Сеуште чекам некој да даде причина, зашто му нема рамен?

како што за Mac апликации му нема рамен на Objective-C и Cocoa.
Лоша споредба. ObjC се компајлира во native код, што, никако не е случај со C#.
Ако сакаш таква некоја споредба (native API, од производителот на ОС-от), би требало да споредиш со WinAPI, или со MFC. Тоа што овие две се ужас, тоа веќе е друг муабет :) .

А во македонските фирми главно се работи веб девелопмент...
Не сум сигурен дека е ова точно. Не сум сигурен ни дека може да се генерализира, воопшто. Официјално, сум работел во три фирми до сега, на ниту една не и е главна дејност web dev.
 
Сеуште чекам некој да даде причина, зашто му нема рамен?

Лоша споредба. ObjC се компајлира во native код, што, никако не е случај со C#.
Ако сакаш таква некоја споредба (native API, од производителот на ОС-от), би требало да споредиш со WinAPI, или со MFC. Тоа што овие две се ужас, тоа веќе е друг муабет :) .

Не сум сигурен дека е ова точно. Не сум сигурен ни дека може да се генерализира, воопшто. Официјално, сум работел во три фирми до сега, на ниту една не и е главна дејност web dev.

1. Доби :) GC -- лоша причина ама факт е дека GC има голем ефект врз изборот.

2. .нет од 3ка мислам дека го прекомпајлира бајткодот до натив барем то шо можи појќе

3. се сложвам дека не се работи секаде .нет. Но сепак зависи од доменот на компанијата. добар дел од компаниите шо ги знам (поозбилните) работат јава
 
Кои се предностите на .нет во споредба со C++/Qt комбинација?

Зависи за кваква апликација станува збор, али за 90% од апликациите за комерцијален бизнис .NET е најдобар избор. За краток временски период може да се направи апликација која би ги задоволувала сите потреби на поголемиот број фирми.

Незнам што сте се фатиле сите против .NET , за ограничен... да, ограничен е многу, но во рамките на неговите граници барем според мене е убедливо незаменлив... повеќе од јасно е дека за едноставна апликација со полна функционалност (како што бараат поголемиот број од фирмите) би избрал .NET одколку нешто друго што не само што би ми ја отежнало работата туку и би изгубил беспотребно многу на време.

Мојот одговор на прашањето „Зошто .NET ?“ е тоа дека .NET ги задоволува потребите за комерцијален бизнис на поголемиот број на фирми и ова не е практика само во Македонија туку и во странските фирми е доста користен.
Разликата во македонска и странска фирма е тоа што македонските фирми практикуваат само по една-две технологиии/програмски јазик (претежно .NET или Java), а странските фирми практикуваат скоро се' од „популарните“ технологии/програмски јазици и ги применуваат во зависност од потребите.
 
1. Доби :) GC -- лоша причина ама факт е дека GC има голем ефект врз изборот.
Јасно ми е дека менаџирање на меморија (или било какви ресурси) не е баш за секого, али... затоа постојат смарт поинтери во С++ :)
Има неколку различни имплементации... reference counter, template класа која ќе го содржи поинтерот, и го прави scope-dependent... Решлив проблем.
Воедно, многу побрзо и помалку гладно за ресурси од GC.
2. .нет од 3ка мислам дека го прекомпајлира бајткодот до натив барем то шо можи појќе
Не. Постојат функционалности кои што зависат од IL. Башка, мал милион .net dll-ки ги имам декомпајлирано, така да, проверено е :)
3. се сложвам дека не се работи секаде .нет. Но сепак зависи од доменот на компанијата. добар дел од компаниите шо ги знам (поозбилните) работат јава
Многу јасно. Види, реално земено, се е ок додека ја избереш правата алатка за правата работа, нели? :)
А јава.. уфф.. да не почнуваме. Во принцип, мразам кога некој користи страшно многу повеќе ресурси од што му требаат.
Зависи за кваква апликација станува збор, али за 90% од апликациите за комерцијален бизнис .NET е најдобар избор. За краток временски период може да се направи апликација која би ги задоволувала сите потреби на поголемиот број фирми.
Ставам глава дека ако земеш двајца ѕверови од програмери, едниот во .net, другиот во Python, и им дадеш задача да ја развијат истата апликација, пајтонецот ќе заврши побрзо, апликацијата ќе зафаќа помалку место и ќе работи побрзо. И, како бонус, Пајтон апликацијата нема да има memory leaks. (Да, потврдено е, .NET има memory leaks).
Мојот одговор на прашањето „Зошто .NET ?“ е тоа дека .NET ги задоволува потребите за комерцијален бизнис на поголемиот број на фирми
Знам дека не се обидуваш да го кажеш тоа, ама, испаѓа дека не постои друга технологија што ги задоволува истите потреби.

Јас, мислам дека изборот паѓа на .нет поради масивниот маркетинг од страна на М$ (во позадина сега Балмер вика: DEVELOPERS, DEVELOPERS, DEVELOPERS) кој што успеа да ги убеди менаџерите дека .нет-от е idiot-proof платформа, дека секој може да работи во неа без да може да зафркне ништо. Притоа, искористувајќи го фактот дека, на менаџерите не можеш да им објасниш ништо асално околу memory leaks и искористување на ресурси, па имаме апликации кои што зафаѓаат многу простор (особено ако се земе предвид и framework-от), работат споро, и поради тоа што е “idiot-proof“, преполни со багови.

Неоспорив факт е дека .net-от ја спушти линијата на квалитет на софтверот, баш затоа што “секој може да програмира во него“.

Да не се разбереме погрешно, не тврдам дека секоја .Нет апликација е катастрофа. Далеку од тоа (не за друго, имам и јас пишувано апликации во .нет :pos:). Едноставно, тврдам дека “едноставноста“ на .нет е силувана, што резултира со лош софтвер.

македонските фирми практикуваат само по една-две технологиии/програмски јазик (претежно .NET или Java), а странските фирми практикуваат скоро се' од „популарните“ технологии/програмски јазици и ги применуваат во зависност од потребите.

Ова ми е многу интересно прашање.
Правиме муабет за фирмата и добив прашање “што работите“?
Јас: “Развој на софтвер... Ме знаеш со години, знаеш што би работел јас :)
Испадна, дека прашањето е која технологија се користи за развој, очекувајќи да кажам една, најмногу две. Мојот одговор беше “зависи што треба да се направи“.
Изгледа, кај нас, практика на фирмиве е да се држат до тоа што најмногу го знаат и, без разлика што се развива и колку таа технологија е прикладна за решение на проблемот, да се користи тоа. Не е битно да се заврши работата оптимално, не е битно да се шират познавањата, битно е да се заврши работата, колку да функционира. :jaj:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom