1. Доби

GC -- лоша причина ама факт е дека GC има голем ефект врз изборот.
Јасно ми е дека менаџирање на меморија (или било какви ресурси) не е баш за секого, али... затоа постојат смарт поинтери во С++

Има неколку различни имплементации... reference counter, template класа која ќе го содржи поинтерот, и го прави scope-dependent... Решлив проблем.
Воедно, многу побрзо и помалку гладно за ресурси од GC.
2. .нет од 3ка мислам дека го прекомпајлира бајткодот до натив барем то шо можи појќе
Не. Постојат функционалности кои што зависат од IL. Башка, мал милион .net dll-ки ги имам декомпајлирано, така да, проверено е
3. се сложвам дека не се работи секаде .нет. Но сепак зависи од доменот на компанијата. добар дел од компаниите шо ги знам (поозбилните) работат јава
Многу јасно. Види, реално земено, се е ок додека ја избереш правата алатка за правата работа, нели?

А јава.. уфф.. да не почнуваме. Во принцип, мразам кога некој користи страшно многу повеќе ресурси од што му требаат.
Зависи за кваква апликација станува збор, али за 90% од апликациите за комерцијален бизнис .NET е најдобар избор. За краток временски период може да се направи апликација која би ги задоволувала сите потреби на поголемиот број фирми.
Ставам глава дека ако земеш двајца ѕверови од програмери, едниот во .net, другиот во Python, и им дадеш задача да ја развијат истата апликација, пајтонецот ќе заврши побрзо, апликацијата ќе зафаќа помалку место и ќе работи побрзо. И, како бонус, Пајтон апликацијата нема да има memory leaks. (Да, потврдено е, .NET има memory leaks).
Мојот одговор на прашањето „Зошто .NET ?“ е тоа дека .NET ги задоволува потребите за комерцијален бизнис на поголемиот број на фирми
Знам дека не се обидуваш да го кажеш тоа, ама, испаѓа дека не постои друга технологија што ги задоволува истите потреби.
Јас, мислам дека изборот паѓа на .нет поради масивниот маркетинг од страна на М$ (во позадина сега Балмер вика: DEVELOPERS, DEVELOPERS, DEVELOPERS) кој што успеа да ги убеди менаџерите дека .нет-от е idiot-proof платформа, дека секој може да работи во неа без да може да зафркне ништо. Притоа, искористувајќи го фактот дека, на менаџерите не можеш да им објасниш ништо асално околу memory leaks и искористување на ресурси, па имаме апликации кои што зафаѓаат многу простор (особено ако се земе предвид и framework-от), работат споро, и поради тоа што е “idiot-proof“, преполни со багови.
Неоспорив факт е дека .net-от ја спушти линијата на квалитет на софтверот, баш затоа што “секој може да програмира во него“.
Да не се разбереме погрешно, не тврдам дека секоја .Нет апликација е катастрофа. Далеку од тоа (не за друго, имам и јас пишувано апликации во .нет

). Едноставно, тврдам дека “едноставноста“ на .нет е силувана, што резултира со лош софтвер.
македонските фирми практикуваат само по една-две технологиии/програмски јазик (претежно .NET или Java), а странските фирми практикуваат скоро се' од „популарните“ технологии/програмски јазици и ги применуваат во зависност од потребите.
Ова ми е многу интересно прашање.
Правиме муабет за фирмата и добив прашање “што работите“?
Јас: “Развој на софтвер... Ме знаеш со години, знаеш што би работел јас

“
Испадна, дека прашањето е која технологија се користи за развој, очекувајќи да кажам една, најмногу две. Мојот одговор беше “зависи што треба да се направи“.
Изгледа, кај нас, практика на фирмиве е да се држат до тоа што најмногу го знаат и, без разлика што се развива и колку таа технологија е прикладна за решение на проблемот, да се користи тоа. Не е битно да се заврши работата оптимално, не е битно да се шират познавањата, битно е да се заврши работата, колку да функционира. :jaj: