deXterche
тадаммм
Знаеш ти колку пара треба да се фрли за да се обучи тим да работи во друга технологија за која има слушнато само по форуми или читнато на некој портал?Изгледа, кај нас, практика на фирмиве е да се држат до тоа што најмногу го знаат и, без разлика што се развива и колку таа технологија е прикладна за решение на проблемот, да се користи тоа. Не е битно да се заврши работата оптимално, не е битно да се шират познавањата, битно е да се заврши работата, колку да функционира. :jaj:
Мислам дека се се сведува на финсиска природа пошто премногу расходи испаѓаат за истите приходи (кои ќе ги земат да речеме ако работат во .нет) што апсолутно не е издржано. Грешката се прави уште од училишните клупи што на децата им се наметнуваат баш идиот технологии кои ги донесе MS.
Како ти ќе убедиш тазе дипломец кој повеќе од .нет работено во VS нема видено дека пајтон е многу покомотен и подобар или дека пхп е многу поевтино и поедноставно решение за кое сепак треба да засука ракави и да не прави драг & дроп како во VS.
Па има дипломци кои сеуште мислат дека конекција во база се прави само со кликање и влечење во VS и дека квери се креира исклучиво во квери билдерот на VS (па не ја ни знаат синтакста на SQL)...и кај е сега грешката?